Ги памтите оние авантуристички книги кај што читателот има избор, на пример: Балонот со кој летавте ти и девојката се оштети и моравте принудно да се призејмите во шума полна со снег. Температурата е -10 степени. Доколку одлучиш да одите и да барате некое соседно село, сврти на 55 страница. Доколку одлучиш да запалиш оган што ќе прави густ чад и да чекаш помош, сврти на 83 страна. Овие книги имаа повеќе краја зависно од вашите избори и затоа би ги читал пак.
Неговите книги за мене се посебни и не ги ставам во ист кош со сите останати романи кои сум ги читала
Чудно ми е како не би читале веќе прочитани книги по вторпат или третпат... не дека нема такви кои и јас не би ги читала, ама секогаш се навраќам на оние кои ми се допаднале, по неколку пати. Особено затоа што уживам кога ги читам, сеедно кој пат. Ме воодушевило нешто, стилот, начинот на изразување, заплетот... без оглед на тоа што ја знам книгата од збор до збор, пак можам да и се вратам и радо да ја читам, како и првопт пат.
Се гледаме на врвот од Коста Петров. Уште жалам што дадов пари за таа книга. Тоа време бев во фаза да читам повеќе Македонски автори.. го завршив Андреевски и се префрлив на Петров, да им дадам шанса на новите демек... тоа беше литературно самоубиство. Книга полна контрадикторности, сама по себе не соодветствуваше на текот и настаните.
Жал ми падна за тебе. Не стварно, шо му е на чоеков? Книгата не сум ја читала, ама она од фб ми е доволно за да го сфатам 'стилот'. Овој, демек на врвот е?
Коста е доста успешен. Од негови 30ти основач е и директор на "P World".. и пишува колумни за Huffington Post. По потекло, ми е сограѓанин па најавата за книгата беше уау овде па ај ја земав. Е сега поентата во книгата беше дека секој може да биде успешен, и како тој сам станал успешен (my ass). A од друга страна кажува како имал баба и дедо некаде Австрија ли беше не памтам точно одамна ја читав, па тој и сестра му студирале таму. Па ако имам баба и дедо на запад што ќе ме финансираат да студирам таму, не мора тој да ми каже, сама знам дека имам милион пати поголеми шанси од тука за да бидам успешна.. нели така? Муабетот ми е, дека тој не стигнал сам таму каде што е, како што си препишува се на себе, и дека глуми лажна скромност. Книгата му е продавање муда за бубрези. И ако те бива за бизнис терај бизнис, што ќе беше тоа сите пропишуваа денеска.
Ова P Wold не знам што е, па тука не коментирам. Ама да пишуваш колумни за Huffington Post не е некое големо достигнување, нека не ве лаже човекот. Весников прифаќа гостински постови од многу луѓе, нема некои посебни критериуми. Повеќе содржина, повеќе киворди, повеќе сообраќај, повеќе реклами = повеќе пари за сајтот. Има и моја содржина таму, само што е под туѓо име (и не, тоа име не е на некој ултра успешен човек)... и таму, и на Гардијан, и на многу други, демек престижни сајтови... the perks of being a ghost. Може си е успешен човекот, не можам да речам дека не е кога не го знам, ама за Хафингтон, нека не ве лаже.
@LivingGlam P World е некаква агенција за организирање на бизнис настани во земји од светот. А за Хафингтон ете ја не сум слушнала претходно, знам само дека му го препишуваат затоа и го напоменав. Ама коа веќе ти знаеш за тоа, тогаш знаеш дека такви како хафингтон има мал милион. И моја содржина има така ама само на онлајн сајтови, а не во печатено издание.. и тоа како што кажа не е некое достигнување. Успешен или не, сака да продаде книга и да те убеди дека сам станал успешен. Мене тоа највеќе ми бодеше очи, а ваму со добра леѓа на запад. После оваа книга издаде уште 2 други ако не се лажам. Нив не ги купив.
Па и неговиве се онлајн, затоа ми беше муабетот. Илјадници луѓе од цел свет имаат содржина по овие сајтови па не си го ставаат ко достигнување во резиме, зашто смешно изгледа на некој што знае како функционира таа индустрија. И такви стартапс што се успешни, и такви има мал милион. Додека не станат ултра успешни во светски рамки, мислам дека на основачите им е рано за книги. Патем, бидејќи ете компанијата му е интернационална - книгава е преведена на други јазици или само кај нас се прави ѕвезда? Тоа е баш тоа што сум забележала во неговите објави на фејсбук - човеков сака да не’ убеди дека е успешен. Да не земеше да не’ убедува, никој не ќе слушнеше за него.