1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која професија најмногу ви се допаѓа и зошто?

Дискусија во 'На работното место' започната од ozbilnazena, 26 мај 2010.

  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Која професија според вас е најдобра.
    И како се замислувате себеси во иднина?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Мислам дека секоја професија си има своја убавина. Јас сум стоматолог, и си ја сакам својата професија, иако немам работа во струка (сеуште). Лично, отсекогаш ме привлекувале медицинските професии затоа што сакам да им помагам на луѓето, да им ја олеснувам нивната мака. Уште од малечка ми беше убаво кога ќе му помогнев некому (за било што) и тогаш се чувствував како да летам (без разлика дали тој/таа кому сум му помогнала го ценат тоа). Никогаш не ми била важна материјалната сатисфакција, а денес се повеќе сме сведоци на тоа дека луѓето одбираат да работат нешто што не сакаат само затоа што конкретно во таа професија добро се заработува.
     
    На jasna83, elka.timova и caroline.costa им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.399
    За жал овде во Македонија изборот е прилично ограничен.
    Како мала сакав да работам како истражувач во некоја лабораторија, да се задлабочам во работите... па уште ако е поврзано со морска биологија... мераци. Или било што со животни.

    И јас како Анат сакам да им помагам на луѓето, само тоа да не е поврзано со медицина :) Од работите што се достапни тука, би држела обуки, менаџмент на човечки ресурси (да правам работи што ќе придонесат луѓето да си ја сакаат работата, да има добри меѓучовечки односи, мотивација, баланс меѓу работа и приватен живот...), би работела и како психолог, всушност секакво советување ме привлекува. Исто така би предавала, и баш би сакала еден ден да предавам на факултет. Во овие работи би можела да се посветам целосно, и сигурно би имала успех.

    Работам нешто друго, и ова е ок, индиректно помагам, ме исполнува до некаде, ама не ми е доволно конкретно и ме гуши администрацијата.
     
  4. valenTina.bT

    valenTina.bT Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    10
    Мојата струка :) Студирам Филолошки Шпански.Знам дека можеби и нема многу работни места за професор по Шпански јазик бидејки претежно по школите се предава Германски или Француски (Барем јас така знам :rofl: ).Другарка на мајка ми е сопственик на школо за странски јазици ама ми вика баш нема многу заинтересираност за Шпански.Ама најубава професија е Професор особено по некој јазик :rofl: :rofl:
     
    На elka.timova, Adi888 и lovely92 им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Секоја која вклучува повеќе лидерство и потпирање самиот на себе, отколку тимска работа. Ми се допаѓа професијата новинар/презентер и менаџер за односи со јавност - популарно кажано PR.
    Како мала сакав да бидам писателка или глумица. Пустото, не знаев дека по дома таквите ги сметаат за јадни, пропаднати уметнички души :^)
    По вокација сум дипломиран филолог (што и да значи тоа звање :lol: ) . Кога не' прашуваат пријатели татко ми им одговара кусо: Ааа она е библиотекарка! :D
     
    На mims-89, TammyDeyn, Independent.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Се согласувам. Најубава, барем за мене. Планирам да студирам филологија. Каде потоа ќе ме однесе патот - незнам. Но многу ќе бидам задоволна ако работам како професорка. Тоа го сакам од мала. И прекрасно е. Уживам да работам со деца, имам некое мало искуство со деца на околу 10 години и не е така тешко. И плус сакам да сум постојано меѓу луѓе, да разменувам искуства. Работа во канцеларија би ме убила.
     
    На lovely92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Па јас пред некое време сфатив дека тоа што го учам и не го сакам. Воопшто не ме привлекува, ниту пак сакам да го работам. И сега си имам проблем... Сакав да се занимавам со маректинг, менаџмент и такви работи, ама ете... Скршнав негде по патот.
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.314
    работа со деца леле леле кој нема осетено незнае што е убавината. да ги гледате тие мали дечиња кој уште поспани доаѓаат на училиште :lol: . па ако некое ве засака толку ќе ви остане во срце што просто нема да знаете како да се одделите. имам завршено педагошки и верувајте после менување на школо за време на пракса секогаш сум плачела. децата се ангелчиња невини суштества. само што најголемата штета е што најтешко можеш да влезеш во образование ;(
     
    На missperfect му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Јас па ич не сакам работа со деца. Немам ни нерви, ни трпение. Мислам дека тешко некое дете да ме засака :?:
     
    На IvanaJenner и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Ехх..и јас сум од оние кои имаат звање за работа со деца..ама иако ги сакам децата многу а и тие мене..не си ја засакав професијата ама ич! :worried: И што кажа Рејнбоу промашен ми е цел факултет ама ете..Карак точно многу е тешко да најдеш работа во образование..Јас себе се гледам во некој приватен бизнис..ама дали и кога ќе биде.. :?:
     
  11. Angel.in.dark

    Angel.in.dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    25
    И мене ми е згрешена професијата ама што да правиш, лудост младост
    да ми бил тогаш овој памет :fubar: :tmi:
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.399
    Со пракса, по некоја обука, и многу читање се учи се'. Веќе речиси и да не познавам некој што го работи она што го студирал. Затоа, завршете го тоа што го студирате (сепак кај нас диплома си е диплома) и потоа гледајте да најдете работа, или запишете постдипломски во областа што мислите дека ја сакате. Исто така, додека студирате побарајте да волонтирате некаде каде што се работи тоа што го сакате. Бидејќи не плаќаат, полесно би требало да се најде така, а после дипломирање кога ќе треба да најдете работа ќе биде полесно ако веќе имате пракса зад себе.
    Како што кажав погоре, многу сакам да советувам (да делам памет што би рекла мајка ми :D )

    Работам во област во која сите се од различни струки,но кој со постдипломски, кој со обуки или малку повеќе труд - смениле бранша :) Интересно е да се види спој од толку многу луѓе што врска немаат со професијата што ја учеле, а сепак се одлични професионалци.
     
  13. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    47
    Кога бев мала сакав нешто од медицина,нешто сестра,али сега кога сум на овој факултет ми се допаѓа во иднина да се видам добро дотерана. :makeup: Од праксава си ја засакав струката *менаџер*. Позз :) :) :)
     
  14. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Мојата работа нема никаква врска со професијата која ја сакав .Но можам да кажам дека сум многу задоволна од тоа што го работам. И жално би било ако се пожалам.Со мојата работа стапив во контакт со многу луѓе кои немаат никаква врска со она што го учеле а сепак се професионалци во нивната работа.,Посетив многу држави ,запознав многу култури ,и се сретнав со луѓе од сите страни на светот .И покреј тоа што понекогаш ме вади од памет ,ме исцрпува ,ми здосадува сепак си ја сакам работата- И би сакала без наметнување еден од моите синови да ја наследи и да ја води исто како нас.
    Затоа што тоа е наш семеен бизнис .
     
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Јас економски учам и сакам во иднина да си работам на струката. Професија поврзана со мојот факултет а што најмногу ми се допаѓа е менаџер на некоја голема компанија или сопственик на книговодствено и консалтинг биро. Исто така сакам да работам и во банка во сектор за кредити, или во компанија за увоз-извоз. А интересно ми се гледа и професор по економски предмети во средно школо :) Освен економски, многу сакам и право и мислам дека адвокат е една од нај најубавите професии на светот. А професија што многу ја почитувам ( иако никогаш не би можела да се замислам да работам такво нешто ) е доктор, стоматолог и било која работа поврзана со медицинските науки.
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.399
    Сега се сетив дека би работела и како туристички водич. Освен тоа што многу ќе патувам, а многу сакам да патувам, ми се допаѓа и тоа што работиш главно со луѓе што одат на одмор, значи весели се, расположени, се чувствуваат убаво, а ти придонесуваш кон тоа. Знам дека има секакви карактери, и не е лесно човек да излезе на крај со сите, ама и онака се среќавам со секакви карактери :)
     
    На lovely92 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Me 2 :) И јас сакам :) Можам само да си замислам колку е убаво работата да ти поминува во шетање :sun: Цел свет би го прошетала 8)
     
  18. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    За да работам од мала сакам криминалистика и сакав да бидам како детектив нешто ама како што гледам полициско е укинато пак :@ а сакав т.водич но се премислив и сеа изгледа до година идам во орце :)
     
  19. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Јас би сакала да патувам низ светот...може туристички водич, преведувач.
    А исто сакам да креирам парчиња. :angel: Така да и дизајнер би се прифатило.
    Исто сакам и да им помагам на луѓето и на животните :D
     
  20. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    незнам зошто ама многу сакам да сум козметичар,обожавам да шминкам :) уште од мала се расправам со руменило кармин :$