1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која професија најмногу ви се допаѓа и зошто?

Дискусија во 'На работното место' започната од ozbilnazena, 26 мај 2010.

  1. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Тоа е мојата професија :)
    Си ја обожавам :)
    Само што PR-от бара доста тимска работа, покрај тоа што мораш да имаш лидерски способности...

    Се согласувам со претходните постови дека секоја професија си има своја убавина, особено ако ја работиш со љубов...
    Јас сум „иден“ PR, не само со љубов, туку и страст за професијата :)

    Оние што не се задоволни од својот избор... Никогаш не е доцна за учење, за промена на професија, па денеска како стојат сите работи, убрзани факултети, едногодишни школи, курсеви, обуки, семинари... што ви душа сака :!:
     
    На ubavica25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Некоја во која ќе се почитува мојата слобода и независност од билошто, каде де израз ќе дојдат како и интелектуалните, така и уметничките способности и желбата за помагање на билокој. Ама се испофалив. :D

    Пример: новинар, психолог или социјален работник.
    Као потпуна, сакам да завршам ликовна академија. Али о том -по том.
     
    На ubavica25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Најмногу ми се допаѓа профероската работа, ветеринарството и новинарството! Сосема различни, можеби и неповрзани една со друга, ама една од нив дефинитивно ќе биде моја идна професија!
     
  4. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
    Одржувач на компјутерски мрежи :rofl: :inlove:
     
  5. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Сеуште е рано но сакам да бидам судија да делам прaвда или пак политичарка или на крај мојата најголема зелба наставник по француски јазик :inlove:
     
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Рецепционер во хотел. Бидејки цел живот живеам блиско до хотел, цел живот гледам преубави дотерани тетки како одат на работа. Водејки се од таа желба, тоа ми е и струката сега на факултет, но не сум баш толку фасцинирана и воодушевена бидејки видов колку всушност е тоа напорна работа. :)
     
    На Lili.lili му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Па јас си сакам да бидам докторка ,потоцно хирург а може и стоматолог :) Некако специфично и моќно ми звучи Доктор .... или Доктор Стоматолог..... .А и воедно зум заинтересирена за тоа
     
  8. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    како мала сакав да бидам докторка, ама постарата сестра се запиша на фармација ја гледав како умира од учење и се премислив ;) си ја сакам мојата професија многу ама најмногу ми се допаѓа односи со јавноста и тоа ЖЕНА :!:
     
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.998
    Пол:
    Женски
    Гитарист! (Ама од оние „тешки“ со rough траки :rock: )
    Може малку неспецифично за женско, ама одсекогаш ме фасцинирале нивните техники, вештини, брзина, појава...За жал, поради „напредноста“ на нашава држава на секој можен план, можам да си се збогувам со таа професија.
    Ептен ме привлекува и психологијата, сметам дека добро можам да проценувам и анализирам ситуации и карактери а воедно и премногу ме интересира како работи човековата психа и колку далеку може да стигне и во позитивна и во негативна смисла. Тесно ми е поврзана со желбата за детектив и разрешувањето случаи во кои се инволвирани психички лабилни личности.
    Физичар/хемичар/било каков научник, бидејќи ме интересира материјалниот свет како и одговорите кои ги нуди науката со цел да ги побие тезите на затупавеност поврзани со „чудата“ на природата, религиите и слично.
    Три различни области се, но сите ми имаат своја убавина и подеднакво ме привлекуваат. :D
     
  10. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Одсекогаш сум сакала медицина.. но многу се плашам од работи што ги праваат паа средно сум запишана ФАРМАЦЕВТ! И многу ја сакам таа професија.. На факултет нормално ќе продолжам фармација но ме привлекува и Психијатар.. зошто да не ги исклушувам другите и да им помагам..? Или можеби адвокат не знам зошто но некако и тоа ме привлекува а може и нешто за исткажување-детектив! Ахх има добри професии но мојата за ништо не ја менувам :lol:
     
  11. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Учителка од 1 до 4...зошто мислам дека е најубава професија за женско...не си многу сати на работа... со деца си опкружена аа кај има нешто поубаво од дете...одмор...кафенце со другите учителки :D :D убаво е
     
  12. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    прекрасно е ...4 саати на работа милина , рај
     
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Наставничка, психијатар, психолог, организатор.

    наставничка од мала сум сакала .. па ете затоа го пишав.

    Психијатрија и психологија ме влечеле од секогаш. Сакам да работам со луѓе, сметам дека знам како со луѓето, сакам да им помагам, да ги сослушам, да се ставам во нивна кожа и да предизвикувам насмевки на нивното лице. Штета што моите сметаа дека нема да успеам со такво нешто во нашата држава, па не отидов по тој пат иако искрено ми е жал. Не дека не си ја сакам и оваа струка. Скоро и истот ќе да е, само не со ваков назив.

    А организатор ... не знам, целите тие фрки, купувања, закажувања, исполнување на барања ... го сакам тој метеж и резултатот после тоа. Ме бива, добри ми се организаторските способности ... ама кај нас тоа не постои па така да ништо и од тоа.

    Ме влечеше и тоа да бидам козметичарка, ама повеќе како хоби, да шминкам, да фризирам, да шлакам по некој друг. Ме бива и за тоа. Ама како професија не би го одбрала.
     
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш сум сакала како уредувач.. Има една струка.. Техничар за мебел и ентериер.. Нешто како уредување на станови, куќи, внатре што како да стои. :inlove: Нешто како вајл ју вер оут. :rofl:
    А сакам и нешто поврзано со компјутери. :)
     
    На dancing.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    психголог, судија или пак нешто со козметика.
    Психолог бидејќи обожавам да им помагам на други луѓе да ги решат своите проблеми со помош на разговор и корисен совет.Тоа ме исполнува највеќе. Ама бидејќи тоа баш и не е развиено во Македонија не верувам дека ќе ми се исполни желбата да бидам психолог. :(
    Судија сакам да бидам најискраено бидејќи тие не работат ништо а земаат голема плата. :) :D
    А козметика сум сакала од секогаш ама не знам што поточно би работела, за шминкање баш и не ме бива, можеби само за продавање козметика. :)
     
  16. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Психолог,или моден дизајнер.
     
  17. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Адвокат,детектив,дипломат,новинар,,,сите тие професии ги сакам,некако ми се како створени за мене.Не се воопшто рутински,а јас сум динамична личност и сакам таква некоја интересна професија.
    А и според хороскопот ми одговараат овие професии ;)
     
  18. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Уште како мал имав желба да станам актер арно ама немав врски за на Драмски факултет а бидејќи не бев одличен ученик неможев да добијам стипендија за некоја приватана академаија затоа акоа сакате да си го остварите сонот фатете си врски на време :rofl:
     
  19. RodenaSoGreska

    RodenaSoGreska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    49
    Фармација.Едина чиста струка од областа медицина.
     
    На Lepaaa и rajna-vojvoda им се допаѓа ова.
  20. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Психијатар сакам да му помагам на луѓето да го познавам човекот детално како размислува зошто така размислува како треба да се однесува и ред други работи затоаа ја сакам оваа професија