Која професија најмногу ви се допаѓа и зошто?

Дискусија во 'На работното место' започната од ozbilnazena, 26 мај 2010.

  1. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    637
    јас уште од пред 2-3 години си кројам планови и вака со другарка ми си испланиравме (ние се исто)
    *една од ангелите на викторија сикрет (само за тоа би слабеела) :D
    *наставничка по англиски (некако најлесно ми се гледа) :)
    *нешто поврзано со медицина (е причина незнам) :D
     
  2. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Сакам да сум актерка. Да стојам рамо до рамо со Анџелина, Најтли, Натали Портман. Мој сон кој сите ми го поддржуваат. Сите! Од родители, професори, другарки и другари. Ептен ме бива да глумам. :angel: Затоа и сакам во иднина да се занимавам со тоа, со нешто кое ќе ме усреќува.
    Ако заради некоја трагедија не бидам актерка ќе бидам глумица. :rofl: Шала.
    Втора желба ми е да пишувам книги, да бидам писателка. Како Агата Кристи или слично.
    Но, ако овие никогаш не се остварат секогаш ќе можам да предавам англиски на некој јак факултет како што и самата сакам да завршам (Оксфорд, Кембриџ). :) :emo:
     
  3. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Писател.. и професор.
     
  4. 1234girl

    1234girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    35
    Од секогаш сакав да бидам докторка и тоа гинеколог и ништо друго.И желбата ми се исполни,се запишав на медицински факултет кој е екстремно тежок и долг-6 год но и да се родам уште еднаш истото би го одбрала.И сакам за брзо време да се запишам на специјализација по гинекологија која исто така е колку еден цел факултет-5 год.
     
    На soco му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Фармација... отсекогаш тоа сум сакала и кога бев мала со мајка ми кога одевме во аптека секогаш прашував што да учам за да бидам како тетката што работи таму и мајка ми че ми кажеше Фармација и отсекогаш фармацијата ми беше нешто што сакав. И сеуште тоа го сакам, и го студирам... :D
    А зошто? -Затоа што е чиста, мирна, до негде лежерна работа. Добро платена, речиси најдобро платена професија во Македонија од скоро, а во светот така е одамна.
    Има и просперитет, има и работа, ретко кој фармацевт не е вработен.
     
  6. ColdGirl

    ColdGirl Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Па идеална професија според мене а актер/ка. И себи си во иднина си се гледам како актерка. Само уште да ме примат на ФДУ :rofl:
     
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Ветеринар- Затоа што многу сакам животни и сакам да им помагам.
    Детектив- Затоа што гледам многу филмови. :lol:
    Или нешто поврзано со англискиот јазик, на пример преведувач. :)
     
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.562
    Допаѓања:
    174.840
    Секоја работа на која кога одите ,нозете не ви се враќаат назад , е добра.

    Ако се враќате со нервоза ,напнатост исл.знајте дека колку и да ве плаќаат не е тоа добра работа.Ако нервозата ја пренесувате дома ,џабе се сите пари кои ги земате како плата.

    Се е индивидуално и според карактер на човек.
    Мирна,повлечена ,канцелариска работа или пак динамична ,со луѓе ,со комуникација за цело работно време.
    Јас сум за и во втората категорија веќе повеќе од 10 години,ама како поминува време,таа динамика ми е ПРЕДИНАМИЧНА.

    Да не се жалам,добро е ,во струка сум,луѓето околу мене се супер,дир. е супер жена ,па сега...здравје Боже.....ќе чекаме пензија за едно 25 -30 год.
     
  9. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Толкувач! Динамична, сестрана, постојано во движење и во контакт со различни луѓе и професии, бара познавање на повеќе области и секогаш се работи на актуелни теми во светот. Штета што кај нас се' уште не е баш развиена.
     
  10. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    ја имам заврашено архитектура и си ја сакам професијата иако има многу работата и уште од мала го сакам овааа
     
    На Mrs.Bass и Iva.T им се допаѓа ова.
  11. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Порано многу сакав да бидам стујардеса..заради патувањата не за другоо.и уште сакам ама...
    После сакав да бидам актерка..и уште сакам :lol: Прекрасно е ! Имам глумено во училишни претстави..можеби не е ни малку приближно да глумиш во филм ама имам почувствувано мал дел :$
    После сакав економист-поточно маркетинг-менаџер затоа се запишав економски средно...
    Е убаво..ама по некое време сакав новинарили спцеијалист за односи со јавност
    Па сега се мислам за толкувач бидејќи ми одат јазиците..
    А инаку сакам да бидам и писател бидејќи уживам кога пишувам а и сите ми викаат дека имам талент за тоа..
    Но, што ќе биде од сево ова навистина не знам..се мислам меѓу економија, новинарство и јазици..?
     
  12. scorpionphoenix

    scorpionphoenix Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Најмногу си ги сакам моите 3 професии :)
    Лани дипломирав стоматологија сега сум на стажирање , догодина ќе почнам да работам , во меѓувреме се занимавам со тетовирање во мојот салон , а од јули до септември работам како професионална ориентална танчерка исклучиво во странство ...
    Можеби една со друга работиве немат врска , но битно е дека узивам во нив и ми носат доволно пари да си живеам комфорно ;)
     
    На donna.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    И мојата најсакана и најубава професија... :rock:
     
  14. love.butterflies

    love.butterflies Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    23
    Писателка, од малечка го сакам тоа и многу пишувам.. Затоа и размислувам дали да идам на новинарство..
     
  15. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Стујардеса :rofl:
     
  16. Sienna

    Sienna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    25
    Сеуште немам конкретно одлучено на тоа поле ама најмн ме привлекува работа со козметика,ми изгледа доста релаксирачки и мислам дека би била одлична во тоа поле :angel:
     
  17. capricorn.m.gi

    capricorn.m.gi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8
    Поврзаноста со предизвик и ризик,политика,дипломатство,право,дизајн.
    Добро предизвикувам и ризикувам доволно така да го сакам бизнисот.Исто така политика и дипломатство а плус го имам во фамилијарен круг,е сега правото и плитиката хмм...а дизајнот го обожувам така да според тоа-архитект или инженер.
    Ама сепак јас сум за у бизнисот или пак политиката...
     
  18. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
  19. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Учителка од 1 до 4..
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Сакам да бидам библиотекарка во некое школо,ја гледам библиотекарката кај нас и многу фино си се замислувам на нејзино место :lol: Сакам професии во кои ќе се бара организација и слично.Сакам јас да ги организирам нештата по мој вкус по мое мислење.Сметам дека јас знам најдобро! :D И никој да не ми се меша тоа никако!Ама прифаќам и туѓо мислење!Не сакам таква функција да делам со некого,затоа што голема е веројатноста да имаме различно мислење и после?Јас сакам да испадене според замислата,супер и прикажано во најдобро светло за било која работа се работи.Што би рекла мајка ми “со стил“ ;)