Која професија најмногу ви се допаѓа и зошто?

Дискусија во 'На работното место' започната од ozbilnazena, 26 мај 2010.

  1. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Дефинитивно графички дизајнер,имаат многу убава работа,малце од повеќе е напорна но сепак е чиста,и земаат висока плата (барем тие што јас ги познавам).....оваа е мојата животна желба на половина пат сум кон остварување се надевам дека целосно ќе ми се исполни...
     
  2. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Нека биде секоја професија која ќе ме исполнува,
    да ме прави среќна и со желба да одам таму.
    Може и да бидам и на најниското место, но сепак да
    си ја уживам работатаи да ја сакам...

    Малку чудно звучи, но вистината е :lol:
     
  3. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    10.130
    Наследник :) јасно е зошто, можеш да се посветиш на хуманитарна работа или интересно хоби без притисокот за егзистенција.
     
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    ^Вистина,уште и платата да е добра :D
    Инаку интересна ми изгледа и нуркач,истражувач на морињата и океаните.Па да откриваме нови/стари градови,потонати бродови и приказните околу нив...Само некоја ајкула да не рипне :D
    [​IMG]
     
  5. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Јас би сакала да работа во некоја голема фирма како секретарка или некоја слична професија. Важно вакво да ми биде работното место :D
    [​IMG]

    Или пак би сакала да бидат биологист, да ги следам движењата и циклусите на животните во средината.
    [​IMG]
     
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    ... хммм... бескрајно многу желби.

    - Актерка... така имаш шанси за еден живот да проживееш уште многу други....
    - Пејачка... правиш нешто од душа и допираш до одредена маса на луѓе...
    - Писател... од претходните причини.

    Во последно време, размислувањата ми се вртат дека не сум јас баш оној човек за од 8 до 4. Некако... послободна би била доколку сум некој тип на уметник кој што ќе шлапа со боите, или ќе се справува со секакви инспиративни кризи додека твори нешто...

    Сакам да бидам повлечена и комплетно контролирана од инспирацијата (и горе и долу).

    Иако, во моментов, секојдневието ми е баш према некои стриктно одредени рамки и пресметки.

    Чудни дуални желби се борат во мене.... :?:
     
  7. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Па повеќе професии ми се допаѓаат
    Графички дизајнер - добра сум за компјуери и мислам дека имам доволно креативност за оваа работа.
    Психолог-сакам да им помагам на луѓето.
    Биолог-уште од малечка многу ја сакам биологијата.
     
  8. malo-bebe

    malo-bebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    4
    мислам дека мене би ми одговарало корограв :)
     
  9. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    502
    Извини, што е корограв? :^)
     
  10. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Професорка по англиски. Го сакам јазикот , ги сакам децата и најмногу од се , сакам да им го дадам знаењето кое го имам :))
     
  11. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    адвокат, ја сакам професијата ме исполнува, ме прави среќна.. :D
     
    На Butterfly77 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Дизајнер за внатрешно уредување (interior designer)
    Мојата желба уште од мала
     
    На Cija-si му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    6.747
    Хм, ме влечат повеќе работи.

    Прво, психолог. Многу ме интересира човековата психологија, нашите емоции, размислувања и сл. а и неколку бранши на психологијата меѓу кои медицинската психологија, когнитивна психологија..
    Биолог. Ме интересираат многу гранки на биологијата, микробиологија, генетика, молекуларна биологија, биохемија, биолошка психологија (ова е повеќе со психологија поврзано). Иако не би сакала да работам во природа, повеќе ме привлекува работа во лабараторија, научни истражувања, можеби професор..
    Психијатар, нешто слично како што ме привлекува психологијата, само што овој пат станува збор за посериозни ментални нарушувања.
    Невролог, невропсихијатар.. нешто од општата медицина итн.
     
  14. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Психијатар
    Писател
    Актер
    Адвокт
    Новинар :) :)
     
  15. s.t.a.r.s.h.i.n.e

    s.t.a.r.s.h.i.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    28
    Астронаут.. Уште од 8 години си сонувам за таа професија и некако сум убедена дека еден ден тоа и ќе бидам (секако, не овде). Инаку зошто? Да патуваш во космосот, да откриваш се и сешто (најмногу она, потеклото на се). Втора работа - физичар или било што поврзано со наука и истражување (хемичар, геолог, ботаничар)! :) :)
     
  16. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Дипломат - Политичар.
    Така нешто. Цела фамилија се во таа професија, па ми дојде задоволство да си читам вести и да се интересирам за кој рекол што. :lol:
    Убаво е да си го искажеш својот став, иако политичарите се жртва на стереотиповите, интересно е да си еден, барем јас така мислам.

    професорка по филозофија
    Што е нормалното? - Пред неколку години многу бев ентузијастична за оваа професија, многу се интересирав, просто од начинот на кој се мисли и искажува мислењето...
    Прсто, прекрасно! 8)
     
  17. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Уште од малечка сум сакала да бидам учителка,па и сега сакам :rofl:
    Сакам да предавам германски јазик :geek: :geek:
    ..хмм сакав исто така да работам на Царина ах таа пуста моја желбаа :|
     
  18. angel95

    angel95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    76
    Фармација.
    Затоа што од мала бев во аптека кај моите,постојано ги прашував за тоа дали тие мали топчиња како што ги викав можат да му помогнат на некој човек да му биде полесно,да не го боли ништо.
    Затоа што сакам хемија.Органска,неорганска,аналитичка,биохемија и сите други видови кои допрва треба да ги учам.
    Се надевам ќе успеам некогаш да го работам она што моите го работат со толку внимание и љубов :)
     
    На Ruby.rose му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    На мене највеќе ми се добаѓа професионален фотограф и би сакала да бидам професионален фотограф па и се тругам колку можам ама надвор од Македонија.
     
  20. Ruby.rose

    Ruby.rose Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    127
    Доктор...
    Уште од мала ме привлекуваше медицината, ехх по цели денови си играв докторка, ги лекував куклите, се радував кога некој од домашните ќе ми речеше да му дадам некое апче, имав стетоскоп па со диши-недиши ги малтретирав сите по дома хихихихи :lol:
    Среќна сум кога одам на пракса. Се радувам кога гледам дека на некој начин и јас можам да им помогнам на луѓето, барем за момент да бидам дел од нивниот свет, и да ми речат едно благодарам...
    Сонувам за денот кога ќе дипломирам, кога ќе се вработам, кога ќе ја направам првата операција, кога ќе излезам од операционта сала и со насмевка ќе речам операцијта беше успешна, не грижете се, се ќе биде во ред...
    И не само што сонувам, туку и правам се што можам за сонот да стане реалност. Се надевам дека ќе успеам :)
     
    На Xepp му/ѝ се допаѓа ова.