Која професија најмногу ви се допаѓа и зошто?

Дискусија во 'На работното место' започната од ozbilnazena, 26 мај 2010.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Cакам танц,се што е поврзано со танц,секаква музика,обожавам да танцувам,тогаш заборавам на се,ми олеснува,како да се хранам,можам со саати да танцувам и да не престанам,ке ми се оствари желбата ама имам некои работи прво за завршам :wasntme: инаку едно време сакав да сум козметичарка,незнам што ми влезе,ама немам живци за таква работа,лесно се нервирам :| а средно учев за сосем трето :D
     
  2. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    1.929
    Уште од малечка сонував да бидам професорка по англиски јазик. И здравје боже вгодина планирам да студирам тоа. Се надевам дека ќе ми се исполни тој сон зошто нема ништо поубаво од тоа да работиш со деца и да им го пренесуваш своето знаење :)
     
  3. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Идеално би било секој да си ја бира професијата според своите потенцијали, желби, и по сопствен осет да оцени за што го бива и кон која животна област и професија афинитетите му се поизразени, ем ќе имаме поквалитетни кадри, кои со леснотија би си ја вршеле работата, а башка ќе си уживаат во направениот избор. Кога би се одлучувале за изборот на професијата без притисок од родителите, водени од сопствените инстинкти и желби, би имало помалку намрштени клиенти, пациенти и муштерии.
    Ми прошле многу идеи за тоа која би била идеална професија која ќе одговара за мојот карактер и талент а истовремено да уживам во неа.
    Во основно се изроди идејата за изучување на француски јазик, благодарение на Смилчето, наставничка, која рака на срце си ја знаеше работата, а патем воодушевена од моето лезетско изговарање на меко Л, ми ја всади љубовта кон јазикот, која набргу беше заменета со биологијата, па во предвид дојде ликовна уметност, за на крајот да се пронајдам во општествените науки.
    При изборот на професијата одлучувачки фактор ми беше перспективноста на факултетот, расположливата понуда и побарувачка на пазарот на трудот која во дадениот момент отвораше можности, но на крајот се испостави дека е се варијабилно и она што пред 4 – 5 години било перспективно, после завршувањето на факсот, повеќе не е.
    На крај на краиштата предностите и негативностите на професијата ги откриваш кога ќе се зафатиш во костец со неа, а не кога размислуваш за неа.
     
    На ubavica25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Up-side:
    Високи плати (и додатоци на плати),
    редовни примања,
    културна работна средина,
    не си надвор да мрзнеш или да се печеш на сонце и
    наместо ти да трчаш и да молиш/бараш, доаѓаат и те молат/бараат од тебе...
    Down-side:
    Притисокот е (најчесто) голем
    Грешките се недозволиви (можат да чинат милиони)
    Ако работиш во делот за принудна наплата на долгови секој ден те пцујат, колнат и ти се закануваат
     
    На ubavica25, Go-Girl и RainBow им се допаѓа ова.
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Можеби новинарството. Веројатно гледајќи го татко ми како си го работи тоа што го сака, и патува низ светот, ми се вроди и мене желба. Талентот за пишување ми е од него наследен, па сакав да продолжам со учење за новинарство.
    За жал....кога ќе видам на тв што денес се случува со новинарите кај нас, веднаш се предомислувам. И се тешам дека веројатно е најдобар избор што се запишав на правни студии.
     
  6. Mila92

    Mila92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    нутриционист :)
     
  7. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    173
    архитект зашто ми се свиѓа како плаќаат(дебела плата)
     
    На ubavica25 и Iva.T им се допаѓа ова.
  8. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.345
    Моја желба отсекогаш била да имам огромен и модерен козметички салон, со полно вработени и се и сешто дури и си имам замислувано како ке изгледа. И според мене тоа е прекрасна професија, ем секогаш среден, ем секогаш има работа, опуштено работно место и слично. Но бидејќи моите никогаш не ми дале поддршка за тоа, и инсистираа да учам нешто друго поислатливо и поценето, сосема на друга насока сум насочена.. :| и се надевам дека за инает ке ја засакам, не за нешто друго..
     
    На ubavica25, sesilija, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.442
    Допаѓања:
    260.286
    Јавен обвинител-врвот во мојата кариера!Може и детктив или истражен судија,сакам да работам и во крим-лабораторија, т.е се што е поврзано со криминалистика.Обожавам да истражувам!
    Инаку непроболена желба ми е медицината,многу сакав да бидам хирург,но ете избрав сосема спротивно,но затоа сега сум окупирана само со сајтови за медицина,серии и филмови и ѓнавам се околу мене,а и од што уште не се „разболев“ :D :D :D .Уф колку се каам,но сепак успеав да го засакам тоа што го студирам.
    А како мала многу сакав да бидам водителка,ми текнува дека често си правев емисии сама:D
     
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.743
    Допаѓања:
    6.739
    Сега уште сум мала и повеќе работи ме привлекуваат. Пеачка :lol: скоро секој сон на сите девојчиња, имам онака океј глас па ќе видиме за натака. Писател. Многу сакам да пишувам проза, раскази најчесто. Само пишувам сега поретко, кога ќе ми дојде некоја јака инспирација и да си се изнапишам. Секогаш си пишувам за некоја платонска љубов и слично. Аах.. Порано повеќе пишував ама обврски и други разни работи, се подзаборава а и се нема време. Кога го запознав него, пак ми се разбуди скриениот талент. :) Би можела да бидам преведувач по англиски, ми одат јазици ама не е нешто што ме привлекува. Јас сакам руски или италијански, не англиски! Сакам да истражувам, ме интересира малку политиката и онака малку криминалот. Би можела да бидам адвокат, добро се расправам хахах :D Абе јас сите професии ги набројав, се сакам да бидам. :lol:
     
  11. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Најмногу сакам да работам со деца или професор тоа највеќе ме привлекува. Зошто-децата се најискрените суштества тие не знаат да те повредат.
     
  12. feminna09

    feminna09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    14
    Било што поврзано со историјата , археолог, професор .. :) :)
     
  13. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Се што е поврзано со економија ме интересира..:)
     
  14. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Дипломат-ка ;)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Уште од мала ме привлекуваа дечиња-малечки, слаткички и затоа се запишав за професор, ама тешкооооо :puke: Се изнамачив една година ептен.

    Се запишав на бизнис, не цветаат розички, ама подобро е. Барем знам како се движи светот( на парите секако) :* :$ И полесно е, и тоа многу полесно,а и поинтересно :!:
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.282
    Допаѓања:
    67.903
    Пол:
    Женски
    Јас би сакала да си имам една голема книжара, цел ден би си работела, би си муабетела со муштериите за книгите, која им се допаднала, каков впечаток им оставила. Би им препорачувала книги, што да прочитаат...Би организирала литературни читања проследени со дискусии. Би го направила најубавото катче на светот за сите љубители на пишаниот збор и мислам дека тогаш би била задоволна и исполнета...
     
    На Trendafilka, feminna09, Magnolija и 3 други им се допаѓа ова.
  17. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    премногу сакам да патувам и најмногу би сакала да работам нешто поврзано со туризмот,да бидам туристички водич,имам своја туристичка агенција и сл.или како оние на травел ченел,да патувам по цел свет и снимам репортажи од туристички локации.малце сакам нели? :D блазе си и и на нашава Dодевска,си се изнашете по светов,и јас сакаааааааааааамммммммм.. :D
    п.с мојата професија е професорка,работев неколку недели како професорка на замена,и некако искрено си се разочарав од професијата,колку ја искомплицира владава работата на професорите,демек да ја унапредат наставата а уствари само ги заробија професорите по цел ден да имаат обврски,да пишуваат извештаи,внесуваат све у компјутер итн итн.а и денешниве деца уопште немаат респект кон професорите,имаат преголема слобода не слушаат на часови се караат со наставници и сл.катастрофа.
     
  18. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Детектив-ме привлекуваат мистерии, а воедно сакам и да ги откривам.
    А пошо студирам на музичка академија би сакала еден ден да сум познат изведувач (според музичките способности) или би се задоволила со професор во средна музичка школа, бидејќи сакам да го пренесам своето знаење (толку, колку шо имам), посебно на деца кои го сакаат тоа.
     
  19. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    се што е поврзано со козметологија..шминка,педикир , маникир , депилација,надградба на нокти итн итн....тоа е тоа што ме исполнува,па планирам да отворам мој центар за убавина.
     
  20. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Туристички водич-поради патувањето нормално, запознавање нови култури, луѓе, места...ахх..