Јас сум необична пред се. Таа која најгласно се смее. Таа која цела тетратка и е потпишана со нејзиното име и стихови кои ја опишуваат. Таа која тивко плаче. Таа која е спортски дух од глава до пети ULTRAS GIRL. Права, верна навивачка. Таа која најгласно вика. Таа по која сите се вртат (не озбилно, нзм зашто ама на живци ми иде, зашто и женски се вртат по мене ) Таа која секогаш сака да тепа некој. Таа која секогаш ќе ти помогне. Таа најјаката. таа сум јас.. xd
Јас сум тивка, оптимистка, не сакам да се карам со никого, но и не си ќутам, кога некој не е во право. Ненавиждам (мразам) неправдите. Дружељубна сум, мислам, дека сум добро воспитана, ги сакам дребните детајли, понекогаш тие значат многу повеке од останатите...но не сум и сантиментална. Јас сум верувашт човек, верувам во себе, во маж ми, во Груевски (како да не) . Јас сум таа, што сум и никогаш не сум се обидувала да личам на некој друг, да имам устата на Анџелина Џоли (убава е, ама веќе банална), или пак дупето на Џенифер Лопез, или облеката и стилот на обличање на некој друг...аман, имам си мое мислење, моја гледна точка на нештата, мои доживуваниа и мое разбирање... Тоа сум јас, една личност сред големото нормално и ненорално општество, кое се отличава со еден по посебен карактер
Јас сум ученичка која баш баш и не и се учи , но се гура. Јас сум таа која во последно време не се замара за ништо. Јас сум таа која денеска во школо откачи тотално која топрв ќе откачува, но кога сум откачена се чуствувам мн мн да не кажам и претерано расположена Иако мн луѓе ме повредија сеуште стојам храбро на нозе. Јас сум тоа што сум
Јас сум обична девојка со голема фантазија за својата иднина. Малку песимист, но по малку се надевам. Девојка која сака да дојде денот кога ке тргне на факс и ке биде самостојна. Анти-талент математика ама изградено големо спортско машко срце, обожавам да возам ролерки и да играм ракомет. Princess.S, шкорпија ли си во хороскоп? Исто и јас сум голем навивач, само јас и другарками се губиме помеѓу "Нашите навивачи" на било кој натпревар. Спојлер Поради тоа уште од мала тато ми вика Тајсон
Јас сум таа, да ме грабнеш и да бегаш. Ако ти е мил животот, да ме оставиш негде по пат и да бегаш подалеку од мене.
Јас сум (колку толку ) одговорна и посветена личност, тоа што ќе го почнам обавезно го завршувам. Не бегам од обврските, многу ги сакам комплицираните нешта, предизвиците... Избегнувам кавги и конфликти затоа што ми создаваат немир, но ако некој ме нападне враќам уште полошо. Често сум понесена од емоциите, но избегнувам да ги покажувам. Песимист сум, избегнувам да барам помош од други и сакам се да си завршам сама. Знам да ги слушам другите и со саати ако е потребно и не ми е тешко да дадам совет и да помогнам. Јас сум малку мистериозна и понекогаш затворена, но кога ќе одлучам, знам да бидам верна до крај.
Јас сум таа што умее да сака, мисли, чувстува. Што се надева на убава иднина, но што ужива во сегашноста. Некогаш неодговорна, изгубена, несигурна но едноставно таква сум. Некогаш знам да ги закашкам работите но успевам да се извлечам. Јас сум се што сум сакала да бидам, плус се што не сум сакала. Јас сум јас.
Јас сум таа која во последно времее не се замара за ништо. Јас сум таа прва за глупости Јас сум таа којаа си фантазира невозможни работи во животот
Јас сум: * На прв поглед крута и на дистанца, но во тие што ќе препознаам искреност сум им верна другарка, * Духовита и весела, ако ми оставиш простор да се искажам, * Ненаметлива, со сила убавина не бива, * Себична, времето и енергијата сакам да ги трошам само на пријатели и роднини кои ми значат, * Чуствителна, понекогаш тешко можам да си ги задржам солзите (ова го мразам), * Заљубена, во мојот дечко кој ме урамнотежува, јас сум јин, тој е јанг, * Незаменлива, пријателка за која вреди да се трудиш и да градиш пријателство, * Реална, кон себе и кон другите, не живеам во облаци, * Една и единствена, и не постои никој на планетава како мене. П.С. Започнувањето на секоја реченица со Јас е показател за нарцисоидноста на тој што се искажува.
Јас сум вечити оптимист,ништо неможе да ме разочара нити пак да ме изненади....Ме радуваат ситни и едноставни нешта.....никого не мразам,а ако мене некој ме мрази бас ми е гајле.....Доста живеев за другите,веке неколку години си живеам за себе и се разбира за фамилијата....они ми се најважни
Јас сум девојката која сака свежина, сонце и песна . Вечно вљубена дури и кога нема во кој, онаа која буквално потонува во библиотеките и која може да помине часови и денови ровајќи низ книгите. Која сака добро друштво, смеа веселба бакнеж страсен и топол кога најмалку го очекува , црвена боја и раскошни мириси. Онаа која може да изеде тони сирење , која поминува ноќи размислувајќи,жалејќи или радувајќи се за нешто што се случило. Јас сум таа која претерува со пиењето на пати и онаа која игра додека не нозете не и отечат . Онаа која крши прсти кога го нема да се јави . Онаа која е секогаш неодлучна, несигурна и го менува расположението драстично. Онаа која има многу стравови но ги чува за себе оти ако ги каже и е страв да не се остварат. Онаа која обожава насмевки ,искрени детски без разлика дали доаѓаат од дете или старец, искрени насмевки што подаруваат светлина и обележуваат денови и моменти.
Јас сум една опуштена девојка на која не и е гајле кој што мисли за неа, што секој ден со друштвото и на работа и дома кога ќе си појдам да легнам со кученцето мое и да не станам... (голема мрза сум) што ги сакам луѓето што ме сакаат. Ако речам нешто да направам така ќе биди. Ги сакам животните. Не сакам на никој (посебно на некое животиче) нешто лошо да му сторам (ако се случи така ќе се нервирам и цело време ќе чутам). И еднаш нека се свестат луѓево за Глобалното Затоплување оти вашите пра пра внуци ќе можи да се гушат во нечистотија. Пис... ✌
Јас сум јас. Онаа која треска глупости,која се смее најгласно, која на сите им простува и е многу наивна. Јас сум онаа која ке ти помогне кога ке ти биде најтешко.Чудна сум,комплицирана сум.Јас сум онаа која знае вистински да сака, онаа која е секогаш стои цврсто на нозе,онаа која фантазира премногу. Абе кажано со една реченица јас сум да ме грабнеш и да бегаш
На прашањето Која сум јас? , би одговорила само со Долга приказна... Инаку, јас сум тврдоглава личност, личност која секогаш бара љубов но и истата секој ден да и се докажува, личност која бара почит, придавање важност не само на нејзиното мислење туку и на самото нејзино постоење. Личност која за САКАН го смета оној кој што ќе и претставува нејзина втора половина во животот. Личност која сака другарка од филмовите. Личност која сака некој кој што е подготвен да ја ислуша и да и го даде советот кој што би бил најкорисен и најдобар. Личност која сака сигурност, организираност, да биде опколена со луѓе од збор, лицемерите подалеку, личност која секогаш сака нејзиниот дечко/мувач/симпатија да знае дека има чувства таа кон него, а исто така и да биде на чисто дали и тој ја сака неа...Ја имам најгласната смеа во друштвото, како и последниот збор. Нема да лажам, исто така сум многу амбициозна, парите ми се мотивација, да бидам нешто повеќе од другите или пак да победам некој/а во нешто за мене е повеќе од успех, со тоа според мене јас ја докажувам мојата вредност.Обожавам кога се се одвива како што сакам јас и како што јас ќе заповедам. Да, знам дека сум фалбаџика, татина маза, шмизла, разгалена, вулгарна, обожавам кога ќе му треснам корпа на некој и кога некој ќе го замолчам со еден збор, знам дека сум малечка за години но толку многу имам доживеано до сега...И за крај морам да признам, ужасно сум љубоморна личност! Мразам кога некој докажал нешто повеќе од мене, кога успеал нешто повеќе од тоа што сум успеала јас! За да бидеш мој пријател најпрво треба да ми ја кажуваш и покажуваш, како и признаваш мојата цена, а и не е на одмет и малку ако ме фрлаш во облаци, јас ги ценам луѓето кои што ме креваат нагоре а не оние кои ме спуштаат. Можеби како ваква звучам како најциничното суштество на земјава, за суштество кое што неможе да се нарече човек, мислите дека само искористувам и сакам само мене да ми биде убаво. НЕ! За моите другарки, т.е. оние кои докажале дека ме сметаат за добра личност и другарка, сум секогаш тука! Не дозволувам никој да ги повреди, како што и тие не го дозволуваат тоа за мене! Оној кој што ќе воочам дека прави нешто против нив, го отпишувам од живите! За моите сакани се борат како лавица, но во истата улога можам да ги растргнам и нив, ако не ми докажат љубов и лојалност. Но тоа сум јас, ги сакам оние кои ме прифатиле како таква, а оние кои што ме мразат, воопшто не ни ги мислам. *бај д веј се извинувам за долгометражата, но сепак сакав да кажам која сум јас, и се надевам дека на некои мислењето за мене му се промени позитивно.
Личност во која се пресликуваат контрасти и контрадикторности. Личност многу тешка (некогаш и напорна) за задржување, но и многу корисна (по потреба). Фантазер, мечтател, романтичар, сонувач... Интелигентен, дрзок, откачен (смешен) и макијавелист (целта ги оправдува средствата).
Јас сум една обична девојка која е пред се претерано искрена и многу луѓе ми замеруваат на тоа.Обожавам благо и не можам да замислам еден ден без него.Не сакам дожд и би сакала да живеам на море. Опседната сум со изгледот и постојано сакам да сум дотерана.Претерано сум емотивна и често пати знам да се расплакам и за работи кои не се вредни за тоа.Многу сум амбициозна и самокритична па секогаш сметам дека имам уште многу да се усовршувам.Сакам да се дружам и никогаш не ги оставам другарките поради дечко.Сакам да читам книги и таму го наоѓам мојот душевен мир.Тоа сум јас накратко
Јас сум девојка која е тешко да ја задржиш за себе ако еднаш ја изгубиш,како и сите девици најнормално.Тешко простувам.Имам трпение но ако некој навистина претера тука и јас пуштам глас.Секогаш имам насмевка на моето лице - секогаш се правам како ништо да не било.Искрено мислам дека сум вистинска другарка.Јас сум рамо за плачење и секогаш сакам да помогнам,безразлика колку сакам или несакам некого.Кога запознавам некој подобро,се врзувам за него и тешко да се оделам,како да сум зависна од него,безразлика колку тој/таа ме сакал мене (ова може да ви го докаже една моја другарка ,веќе ex. најдобра другарка).Не сум личност која искористува и потоа остава.Не сакам кога некој ќе ме спушти доле и другар/другарка не ми подава рака да се исправам и повторно да се охрабрам или пак прави да ми е се полошо.Мразам како некој те офрла кога си бил секогаш тука за него а потоа наоѓа нови пријатели и те заборава тебе.Јас никогаш не сум заборавила никој и тоа што тој сторил за мене.Некогаш некои ми велат да се сменам и јас си ветив дека ќе се сметам токму поради нив но не успеав,тоа сум јас и неможам да се сменам а тоа значи дека тие не го прифатиле вистинското јас,она што сум.Јас неможам да се менам ако некој сака.Јас ќе се сменам само ако јас сакам.Љубомората ми е на високо ниво.За мене важи 'Не сакам секого,но за оние кои ги сакам живот давам'.Кај мене трае и љубовта.Ако се затрескам,се затрескувам трајно И многу сум срамежлива и несамоуверена.И тоа ми пречи и никако неможам да се самоуверам.Комплицирано,наивно,понекогаш смотано,навредливо,неодлучно,самокритично,несигурно,емотивно човече сум.Мене е тешко да ме дофатиш.Треба некој да ми докаже дека ме сака и дека ме заслужува за да ме освои.Реална сум и искрена и можам гордо да кажам дека не летам во облаци и сум цврсто со нозете на земја.Секогаш стојам до она што го сакам и не се одалечувам од тоа.Имам навика да треснам нешто ама учам од грешките.За мојата фантазија можам да напишам роман.Преокупирана сум со фантазииве шо нема да се случат.Лесно можам да се расплачам,дури и за мали нешта но нема виножито без малку дожд нели? За мене има уште многу.Ова беше во скратена верзија.За таа подолгата,друг пат.Бацки
нежна-срамежлива инаетлива-нервозна чуствителна романтичар плачка .. сакам да сум среќна .. знам што сакам, кога нешто сакам сакам само да е мое сакам да сум искрена да помагам да се дружам .. понекогаш сум многу тврдоглава не попуштам сакам да постигнам некоја цел во животот да го најдам вистинскиот... несакам да зависам од никого ... никого во животов не мразам и не ми е гајле кој ме мрази мене ....