Која сум јас??? Па јас сум јас и кој и да се обидува да биде ЈАС никогаш нема во тоа да успее, бидејќи од сите нас нема тотални копии, јас сум едно суштество кое постојано е погрешно заљубено, јас сум девојка која живее за љубовта, но некако ми избега...или јас ја пуштив да ми избега, јас сакам да сум прва во се, но на моменти застанувам од стравот да не погрешам, јас сум јас, Да, но јас сум таа која сака на сите да им е добро на сите да им помогне, но тоа не се може, јас и та која понекогаш нервозно вика на цел глас не контролирајќи е што ќе кажам, јас сум и таа која понекогаш се лутам за без врска, јас сум таа која неможе да замолчи пред неправда...јас сум таа која не сака да биде измамена, јас не сакам никога да повредам затоа што ме повредиле и зам како е тоа...јас сум и таа која е премногу емотивна...ах јас јас јас доста беше одмене јас изгледа сум многу нешта...јас изгледа и понекогаш сум си самобендисана, но според мене тоа е нешто кое човек мора да го има, меѓутоа не о преголема доза, затоа што тогаш е опасно....Јас сум голем другар, така си се доживувам...јас сакам да шетам...да патувам мислам јас сум позитивна, на моменти нападната од депресија поради љубов се разбира и јас сум таа која на овие години ќе ризикува да успее во светот на бизнисот, верувам дека ќе успеам!!!!
Јас сум личност која живее во едно вакво сложено општество во кое денеска не се знае кои се нашите основни норми. Јас секојдневно се борам со суровите интигри кои се секогаш тука околу нас. Јас сум личност која живее од ден за ден. Се борам за тоа што е мое, но и за тоа што го посакувам. Јас сум личност родена за да сакам личности што и мене ме сакаат. Јас сум личност која сака да се смее, која е доста опуштена во друштво, но и сосема опуштена кон нови познанства. Немам влакна на јазикот го кажувам тоа што ми лежи на срце се додека потоа не сфаќам дека со тоа можеби и ќе повредам некого. Сакам да помагам се додека имам шанси за да помогнам во било која ситуација. Не сум лоша, иако некогаш знам и да изненадам. Се обидувам да бидам потолерантна во ситуација кога сум во близина на некоја личност што не и се допаѓам т.е не сакам да потпаѓам под нејзино ниво. Јас сум личност која сака да филозофира, да гледа филмови, серии, да читам книги едноставно сакам постојано да сум зафатена со нешто. Сакам да шетам и патувам. Позитивна личност, заљубена сум иако некогаш многу патам поради тоа. Не сакам кај мене тоа што едноставно многу брзо простувам и брзо заборавам на болката што сум ја осеќала претходно. Едноствано се правам како да не било ништо. Голем и верен другар сум кон оние што го заслужуваат тоа. Едноставно јас сум личност која живее во ова општество, но знам да си ги зачувам своите вредности.
Јас сум тинејџерка,која секој ден се труди да го осознаe животот на возрасните во кој набргу ке отплови. Живеам во град,во кој сите мислат дека "знаат се"за тебе. Сакам да читам книги,слушам гласна музика,викендот да го поминувам со мое семејство,да излегувам со пријатели. Сакам да се контролирам во одредени ситуации,бидејќи сум многу избувна личност. Јас сум нетрпелива и несигурна.Правам грешки,и се учам на нив.Ако неможеш во најлоша состојба да ме поднесеш,не ме залужуваш ни во најдобрата.
Здраво јас сум Искра. Живеам во Охрид! Сите ме знаат биејќи целата сум насмеана.Имам сложно семејство и многу добро. Имам добри и искрени другарки. Со сите сум добра. Сакам да фантазирам! .Сакам да глумам во актуелен филм.Не сум нешо по учењето, а сепак имам 13 год.Сите ги расположувам со моите БИСЕРИ.....
Јас сум таа која најгласно се смее во друштво и која не се нервира за глупости.Jaс сакам да запознавам нови познанства.Сакам да читам книги и за викенд да излегувам со пријатели.
јас сум таа која нема време за ништо и си го мразам многу овој досаден живот но живеам само поради една цел што ке ми донесе се надевам среќа а и изгубеното време на таа цел...
Која сум јас? -И јас незнам де бе јас сум јас. Се шегувам.Јас сум тоа што сакам да сум не планирам за никој да се менам.Ако не ме прифатат таква каква што сум гајле ми е.Тврдоглава сум.Не сум лесна девојка.Сакам да простувам.Малку сум страмежлива .Обожавам да се карам многу многу многу.Не им одам на сите по газо шо кје ми кажат тоа да правам едно време бев таква сега не сум.Сакам да се дружам.Несакам да имам дечко зш глупо е.Многу сум нежна и осетлива многу лесно можам да заплачам.Искрена сум и секогаш сум тука на било кој да му помогнам. Јас не делам другари како на пример има во секое одделение барем едно дете кое го сметите за глупак ви е гнас да го чепните бил сиромав и сл. јас не сум таква со секој се дружам бидејки знам и на нив им се потребни пријатели.Во моето одделение има 2-3 такви но ептенски се дружам со нив не ги делам од другите ма гајле ми е дали се сиромашни.Многу сакам да се зафркавам.На моменти многу сум откачена ја преминувам и границата дури и на наставник може да му треснам нешто. Многу се нервирам.Без благо неможам да живеам.Најгласна сум во друштвото абе кај и да сме мојот глас се слуша.Никогаш не се фалам.Трескам глупости колку ти душа сака.Многу сум немирна. Сега засега толку мајка ми ми вика ајде в кревет касно е бла бла бла А и така сум изморена ептенски друг ден кле продолжам..зш имам уште многу ова е само почеток. Буее p.s Посакајте ми среќа утре ме испрашуваат Историја
Која сум јас?? Паа јас сум едно девојче шо секогаш е насмеана ии најгласна во друштвото..Кај и да сме мојот глас најмногу се слуша..Немам дечко бидејки е многу глупо..Не сум некоја супер ученичка.. Можам да слушам музика цел ден..Емотивна сум, ии може да се каже дека сум многу нежна, откчена...Многу се нервирам..Сакам да се дружам..Сакам да се зафркавам...Јас не избирам луѓе дали ке биле богати или сиромашни бидејки "кој високо лета ниско паѓа"...Можам да седам на компијутер и по цел ден..Ме нервираат глупи луѓе.. Иии толку за сега наставничката влезе..Ај чао.
која сум јас? јас таа на која сто и бесе одземено правото да одлуЧува сама за себе јас таа која сто и покрај се до последен момент има и најмала надез јас сум таа која сто зивее за да доказе за да доказе дека мозе сама јас сум заа која сто повеке надез нема во себе јас сум таа која сто секој ден се заблагодарувам за тоа сто го имам јас сум изгубена дуса која сум јас???????????
Јас сум таа која студира и тоа ја исполнува Јас сум таа која секогаш простува Јас сум таа која го сака семејството најмногу на свет Јас сум таа која ги почитува вистинските пријателства Јас сум таа која научи да биде упорна и да се труди ако сака да успее во нешто Таа која сака да чита книги Таа која што сега за сега е среќна
Паа како да ви кажаам Јас сум...таа што секад ама секад е насмеана (понекад мислат дека ми е откината некоја жичка) Јас сум таа што кажува вицови Јас сум таа што ги смее своите другарки во тешките моменти Јас сум таа што секад гледа позитивно на работите Јас сум таа "ретардата " Јас сум таа лошата,а само така се поставувам,баш сум си онака чиста средина Јас сум..ја сум..овен у хороскоп..инат можам да водам до завчера и да не ми е досадно. Неможам да седам на едно место..освен ако не ме заробила мрзата, мада почна многу често да доаѓа.. Има многуу али да не дрндам многу досадна ќе станам ,не иде така тоа
јас сум јас и никој не е како мене... што е тоа сто сум јас и никој не е како мене?? е па биди јас и веднаш ќе видиш дека пак сум јас и никој не е како мене!...(нема да мозеш ни 3секунди да бидеш јас)... затоа пак сум јас и никој не е како јас!...
Јас сум..... Јас сум Ѕвеза која талка низ небото барајќи го патот кон светлината, мирот и спокојството пружајќи буќет радости и искрена пламната љубов. Живот исполент со бранувања и немири кои стивнуваат со утринската роса и насмевката на саканите. Газела, која тивко чекори бараќи го патот по кој одела во минатиот живот, созвездието Мечка чекајќи ја пролетта и збогувајќи се со летото патувајќи кон мирен сон низ целата зима. Утринска роса која го милува цвеќето исправувајќи го кон животот и сонцето надевајќи се на убави нешта и повторно исчекувања....
која сум јас?? во некои моменти ни сама не знам но сеуште се барам и дополнувам јас сум таа што никогаш не се предава јас сум таа што секогаш е во право (тоа ми е и во подписот ) јас сум таа што е многу далеку од дома јас сум таа што уште обожава Disney chanel jас сум таа што сите ги става пред себе... И уште многу други I'm just an ordinary girl! Sometimes I'm lazy I get bored I get scared I feel ignored I feel happy, I get silly I choke on my own words I make wishes, I have Dreams And I still want to believe Anything can happen in this world, For an ordinary girl
јас сум таа која е полна со самодоверба јас сум таа на која насмевката и е неизбежен дел од нејзниото лице јас сум таа која е најубучна во друштвото јас сум таа кога идеме во кафиќ ако сите пијат исто, јас секогаш пијам различно јас сум таа на која на прво место и е семејството јас сум таа која е вљубена во Париз јас сум таа која вечно бројам калории, а никако да ослабам јас сум таа која секогаш сака да се носи по најнов моден тренд јас сум таа на која фотографирањето и е во срцето јас сум таа која е опседната со архитектура и внатрешен дизајн Јас сум девојка со памет ,кучка со став и дама со стил. Ете тоа сум јас , и никој не е како мене! Бидете свои на своето, бидете оригинални никогаш не ги копирајте другите .Секогаш имате свој став и мислење и никогаш не дозволувајте да бидете манипулирани во другите , бидете полни со самодоверба , блескајте, бидете среќни колку и да сте скршени од било кои причини , никогаш не го покажувајте тоа на другите ! Сите нека ве знаат како весела личност на која никој не може да и ја урне самодовербата!
Јас сум таа што во секој случај добива. Далеку сум од очигледна и предвидлива. Го знам моментот кога ќе го спуштиш гардот и ќе бидам таа што ќе чека до вистинскиот момент за да влезе во твојот живот. Можеби сум љубезна, знам кога да се насмеам и да ги употребам добрите манири, но никогаш не дозволувај тоа да те излаже. Свесна сум за се што се случува околу мене и знам што е потребно за да постигнеш многу во животот, дури и ако тоа значи да бутнеш некого од патот. Знам дека животот не е лесен, никој не ни ми вети дека ќе биде, и ја правам секоја секунда вредна. Јас сум таа што секогаш прво ќе се осигура дека кругот се врти, а кога ќе се сврти, правам да остане така. Јас сум таа што ја оживува твојата слабост. Јас сум таа што не простува (лесно) и не заборава. Кога еднаш ќе згрешиш, you're fucked up.
Јас сум таа која е секогаш среќна, Јас сум таа која се смее најгласно, Јас сум таа која крева револуција за своите права, Јас сум таа која се бори за тоа што го сака, Јас сум таа на која гордоста и е важна, Jас сум нарцис, Jас сум најдобра, Јас грешам, но не се каам, Јас сум таа која се менува поради себе, не поради другите, Јас сум таа на која и зборуваат зад грб, но пред неа молчат, Јас сум таа која секогаш има што да каже, Јас сум таа на која еден поглед и е поважен од прегратка, Јас сум заколнат романтичар, Јас сум вечен оптимист, Јас сум сонувач, Јас сум таа што сум, таа што треба да бидам, таа што сакам да бидам
I am Poor but Rich - Јас сум сиромашна но Богата Weak but Strong- Слаба но Силна Sinner but Forgiven- Грешник но Опростена Blind but now i see- Слепа но сега Гледам Lost but now im found- Изгубена но сум Пронајдена Dead but now Alive- Мртва Но Сега Жива Servant but Princess- Слуга Но Принцеза IM A NEW CREATION THE OLD HAS GONE..THE NEW HAS COME.. ЈАС сум ново создание старото замина ио новото Дојде I AM MORE THAN A CONQUEROR..NO ONE CAN SEPARATE ME FROM THE LOVE OF GOD. ЈАС сум повеке од победник ... и Никој немозе да ме раздели од Љубовта Божја I AM A CITIZEN OF HEAVEN..IM HEAVEN BOUND.. Јас сум државјанин на Небото .. Јас сум Небесно Поврзана IM JUST A STRANGER IN THIS WORLD..JUST PASSING THROUGH! Јас сум само странец во овој Свет само поминувам покрај I AM NOT PERFECT BUT THE ONE WHO IS PERFECT LIVES IN ME AND HE IS CHANGING ME FROM GLORY TO GLORY. Јас не сум совршена НО ОНОЈ Кој е совшен живее во мене и тој ме променува од Слава во Слава THE LIFE I LIVE, I LIVE FOR MY LORD..AND SAVIOR..JESUS CHRIST. Животот што го живеам сегаго живеам за мојот Господ и Спасител Исус Христос --------------------------------------------------------------------------------