Која сум јас? Кои сме ние воопшто? Ако целта на тоа прашање е нашата психа тогаш би била креативна девојка која понекогаш им дозволува на фантазиите да излезат да се прошетаат надвор од нејзината глава, девојка која не покажува емоции на површината и понекогаш не ги ни чувствува но има време кога во неа се појавуваат неверојатно темни мисли. Ако зборуваме за карактер би била личност која тешко се отвара, која си го менува расположението за неколку секунди и на која сите и се доверуваат а таа на никој не му кажува се. Ако зборуваме за доблести и мани јас сум паметна, креативна, и позитивна но тврдоглава, неспретна и секогаш доцнам. Па вие изберете.
Која сум јас? Кога ке се замислам малку јас сум една личност шо сака околу неа тие да се срекни, шо сака да помогне на секој шо го гледа дека пропага, и да го извади од “калта“ да му подаде рака и тој да свате дека не е сам.. Онаа девојче шо уште од мали нозе свати дека светот не е розев!! Она девојче шо ни онаа шо ја смета за сестра не и кажува се!! Она шо во момент е мало дете а во друг момент израсната личност..Она која има цврст карактер и не е многу емотивна..Онаа која ги чува солзите од непријателите и пријателите и се понаша како се да е најдобро кога е најлошото..Онаа која има самодоверба во себе и верува дека еден ден ке биде некој и нешто..Онаа и кога на напријателот ке му е најтешко се седне со него и ке му помогне иако знае дека нема да има никаква корист од тоа..Онаа шо никогаш не верува во машки и секогаш е ладна со нив..Онаа шо ужива кога се одмаздува, она шо никад нема да со откаже од животот ради одмаздата..Кога некој ке ја скрши и треба време да се прибере но потоа дупло му врака.. Ете тоа сум јас
Онаа која секогаш се знае, онаа која многу збори, онаа која секогаш е насмеана и полна со позитива, а за себе ја чува тагата со цел да не ги загрижува другите онаа која секогаш е во право, онаа која не бара помош никогаш, онаа која може се сама, па ако треба и камион со дрва да растовари (не тврдоглава туку малку повеќе самоуверена) Онаа која е луда и брлива, главна на сите журки, најгласната која секогаш мора да е дотерана и да изгледа пристојно, онаа која пие вотка и само вотка Онаа која има долга коса и ретко се шминка, онаа која неможе никогаш да си замине дома без да ги носи штиклите во раце, онаа која обожава патики и тренерки, онаа која обожава да спортува, мрази зима, обожава вода, море, лето, сонце, плажа, бакарди... Онаа која сака изненадувања а никој не и ги приредува, онаа која сака да чита книги во соба полна со миризливи свеќи, онаа која секогаш ја мрзи да си ја среди собата, онаа која функционира во неред, онаа која секогаш сегде доцни, онаа која сака да работи, да биде самостојна и независна. Онаа која плаче за се, дури и на тажна слика случајно појавена на фб, која има големо срце за сите добри луѓе околу нејзе, онаа која незнае да каже не кога се бара услуга од нејзе, онаа која ги почитува и цени пријателите и е присутна секогаш за нив, онаа која сака да бидат сите среќни а потоа таа самата, онаа која разбира се, онаа која е попустлива но и своја. Онаа која бара внимание, гушки, бакнежи, милувања, романтики, онаа која вечно трага по љубов, вистинска љубов! Ете таа сум
Која сум јас ?? Кога некој би ме прашал би му кажала дека сум една прекрасна ќерка и сестра сеуште не сопруга(бидејќи сум мала) а уште помалку мајка како и да е се во свое време.Од друга страна гледано јас сум добра,слатка,забавна,љубопитна,самоуверена,љубоморка, итн. Девојка која сака дружење,сака да им помага на своите пријатели и другари да ги советува да ги забавува да ги теши да ги сака да ги почитува..исто така девојка која бара внимание,посвета,милување,прегратки,бакнежи! It's Me
Е сега која сум јас? Ако треба вистински да одговорам епа оваа сум: Горделива девојка која се плаши да се вљуби за да не ја повредат, пред другите е насмеана понекогаш така “поспана“ но никогаш тажна,плаче само пред себе и никогаш не заборава да му врати на оној што ја повредил, но не го заборава ни оној што и помогнал. Иако е ниска и со вишок на килограми има голема самодоверба и за се има мислење и став. Ги сака другарите можеби повеќе од другарките,но сепак најмногу на свет го сака своето куче и секогаш има време за него. Ги сака модата,патувањата,излегувањата,забавите, а најмногу летните вечери, плажа и коктели. Сака романтика гушкање и бакнежи иако пред другите не признава, ги сака книгите но никогаш нема време за нив Ја сака својата коса иако на фризерката секогаш и вели шишај не ја жалам, а потоа и пее једина моја теби пјевам ја Понекогаш сака да ги спушти малку на земја оние дигнатите-а празни и мрази лигавење, лицемерство и лаги, a ги сака позитивните и искрените. Уф па засега беше доволно, друг пат повеќе ќе пишам
Јас сум ...девојката што *сака да патува *сака да биде вљубена *сака да биде сакана *тврдоглава *плашливка * има убави очи *вечниот читач на книги *студира она што сака *се обидува да биде похрабра !!!
Јас сум таа авантуристична мирна личност, јас сум таа што се смее за се и сешто дури и за глупости, јас сум таа фантазерка, јас сум таа која ги сака и тие кои не се ни свртуваат за да ја погледнат. Јас сум таа..
Која сум јас ? Јас сум онаа пискавата,инаетлива,насмеана девојка...Онаа која преееемногу сака да се фотографира,која понекогаш знае да стресе некоја глупост,која често пати си фантазира за нешто кое е невозможно да се оствари,онаа која понекогаш е премногу чуствителна а понекогаш премногу горда.Онаа која сака секогаш да е дотерана,која обожава да и прават изненадување (иако тоа не се случува често ) и која исто така сака да приредува изненадувања...онаа која најмногу од се сака лето,сонце ,која сака да се спријателува... А да! И онаа која понекогаш знае страшно да се одмазди
Која сум јас? Девојче кое на прв поглед ќе ви остави впечаток како многу цврста личност која никогаш не би ги покажала своите емоции пред другите. А во внатрешноста на нејзината глава има друга приказна: ги искажува своите емоции дури и премногу, но САМО на луѓето на кои им верува. Инаку малку откачена, со смисла за хумор, сака да се нашали,сака да им помогне на луѓето, битно и е што мисли некој за нејзе само ако се работи за некоја личност што и значи. ЦЕЛО време насмеана, добра и фина со тие кои исто така се однесуваат со неа, сака да ужива во животот. Има голема грижа на совест па макар и тоа било должење на 50 денари Инаку, весела, цело време расположена за разговор, сака да се дружи,да запознава нови луѓе, авантурист по природа Што се однесува до изгледот, не многу висока, ни дебела ни слаба, кафеави очи во кои може да се види добрината на нејзината душа и довербата која луѓето можат да ја имаат во неа, долга кадрава и густа коса која покрива половина од грбот,и како што спомнав погоре, насмевката која би можела да го расположи и најтажниот човек на светот
Јасс..Ххаха...мн е интересна темава... Јас сум една личност која се налутува за 10мин. а послем пак се смирува. Личност која некогаш е тврдоглава. Која Ретко избумнува.
Која сум јас? -Девојка која пред никого и никогаш ниту кажала се за себе ниту ќе каже,дури и пред најблиските има по неколку тајни.Инаетлива,знае да излаже (кога се мора),мрази празни муабети,засега не може да ја замисли каква ке и биде иднината затоа што не сфатила никого сериозно,сака летооо
Прва помисла кога некој ќе ме праша која сум : "OMG, Who Am I?" Саркастична девојка со премногу барања(повеќето не се исполнети ), обожава да чита книги, не искажува емоции лесно, мрази романтики(да се разбереме, само клишето) ... Чудна смисла за хумор, секогаш организирана барем и за најмалите нешта, прецизност и дисциплинираност во се што прави . Ова сум јас во многуу кратки црти
Која сум јас...Една мноооогу комплексна индивидуа која ретко кој можи да ја прочита некој,некогаш ни самата јас не си се читам...Луѓето ме доживуваат како ладна,бесчувствителна пошто повеќе сакам да си го чувам главчето во моето школче одколку надвор од него... Вистински ме познаваат многу малку луѓе,ги знам кои се пошто ми читаат од лицето и кога ништо не пишува... Сакам да се дружам,сакам да ги направам среќни и горди луѓето што ги сакам,воопшто не сум страмежлива,премногу сум искрена,и некогаш мислам дека тоа ми претставува проблем,што не знам еднаш да заќутам...Незнам како е да не сум во право,тврдоглава сум како магаре и си го признавам тоа...Кој признава пола му се простува
јас сум второто дете на мојата мајка јас сум ученичка јас сум доверлива личност јас сум најголем баксуз јас сум таа што нема срам јас сум таа која мали нешта ја усреќуваат јас сум таа која лесно менува расположение јас сум таа што секогаш е гладна јас сум таа која знае да сака јас сум таа што постојано доцни ... и така натаму и така натаму и така натаму
За повеќето сум студена, затворена личност која не можеш да знаеш што мисли, а за некои баш спротивното. Не знам ни јас како можам со некои луѓе да комуницирам без проблем, а со некои да не можам два збора да си разменам? Можеби добивам некои вибрации од одредени луѓе па можам уште одма цела да се отворам.. којзнае. Можам да седам со тебе цела вечер, а да не ти направам некој голем муабет, сепак немам ништо против тебе ни пак ти мислам нешто лошо. Тука многу луѓе погрешно ме разбрале. Имам страв од јавни настапи и многу се пазам да не се избрукам на било каков начин. Претпоставувам затоа и ми оди тешко муабетот, тешко се спријателувам. У суштина не сум злопамтило, милион пати ме повредиле, имам милион глупави одлуки донесено - и тоа помина, порано многу попуштав ама сега се оправам. Инаку уживам во добра музика, во добра книга, во добро друштво, обожавам да шетам во природа, премногу сакам животни (некогаш повеќе и од луѓето), и сакам така убаво да си апнам Организирана сум, сакам екстремни спортови, не барам многу, знам да забегам кога сум во друштво со најблиските, не попуштам под притисок, ме води прво разумот па после емоциите, а најголем проблем ми е што секој може на мене да се потпре, а јас не можам на никого.
. ..Влаинка,битолчанка,.... ....традиционална,пази на традиција и ги негува обичаите,за време на празниците... ...галамџивка/секогаш зборвам гласно.. ...мирољубива/секогаш сака да ги ислуша двете страни/проблемите ги решава на мирен начин.. ...љубезна/за секого има добар збор и утеха... ...вредна/одговорна ,или ќе ја сработи работата како шо треба или не ја почнува ич... ...мајка... ....сопруга... ...бизнисменка... ...шоферка....бензин ми је у крви... ...секогаш спремна да помогне... .....плачка голема/и за убо и за лошо... ...не сум одмазничка ама сум злопамтило/памтам се и кој ми напрајл лошо... .. ....леле,ама се испофалив самата.... .