За многумина чудна девојка,а ни самата незнам зошто. Девојка,21 година,слаба и висока 1.65.Догодина ќе бидам апсолвентка,уф едвај чекам. Комуникативна,ведра и постојано насмеана.Обожавам да бидам со друштво кое ми е внимателно одбрано.Авантурист,со голема желба за шетање и истражување.Секогаш расположена да помогнам и да советувам.За оние кои вредат во мојот живот ќе го направам и невозможното за да бидат среќни,бидејќи на тој начин и јас сум среќна.Инат сум,голем.Со мене "краставици не се садат",поготово кога сум во право.На паметните им докажувам,а на оние другите им викам "да,така е".Не можам со нив на крај да искочам Немам голем круг на пријатели,имам доволно.Вложувам многу во работите кои ме исполнуваат.Но,само во тие,за се останато сум рамнодушна. Се трудам секој слободен момент да го минувам надвор и да уживам во убавините на животот.Не сакам да бидам "хендикепирана" постојано седејќи пред компјутер и неправејќи ништо.Несакам виртуелни дружби,сакам сето тоа да се одвива во живо,како порано.Несакам да се убивам со некој од зборење на фб,твитер,а кога ќе се видиме збор да незнае да ми каже.Се прашувам дали луѓево заборавија да зборуваат?Или полесно им е да пишуваат? Спојлер Ако не да излегуваме сите со лап топ па додека си пиеме кафе во кафичите,да си "четуваме" Не сум затворена личност,секогаш го кажувам своето мислење,било позитивно или негативно.Не потценувам и го вреднувам сечиј труд.Ги почитувам оние кои ме почитуваат,ги сакам оние кои ме сакаат. За разлика од некои луѓе,знам и да мразам,благодарение на одредени личности кои ме научија на тоа. Епа толку,оставам на другите за дополнителни анализи,да не испадне како што викаат :умре циганката,што ме фалеше Поздрав од Irreplaceable
Си го поставив прашањето и јас пред некое време и искрено да ви кажам ни јас не знам која сум. Поминало толку време а јас малку како да сум се изгубила,заткрила себе позади некој други, некои туѓи навики и желби. Можеби делува смешно, но навистина имам некоја празнина и дупка во мене која треба да ја исполам, со себе си, т.е да се осознаам, што тоа вистински сакам јас и каде целам во животецов.
Јас сум средношколската русокоса која: секогаш е средена од глава до пети обожува да се шминка на час сака да се облекува провокативо кога треба да се учи гледа шпански серии на интернет е шмизла таа која писка по ходниците горда, инат, љубоморна, секогаш ги откажува тестовите и е претседалет на класот има 4 најдобри другарки исти ко мене го малтретира дечкото ( во позитивна смисла) лесно се лути ( на дечко ми ) која се лапа со дечкото во школо по ходниците мислам дека е доста
Јас сум премногу тврдоглава. Моето мислење секогаш мора да е последно. И јас да сум крива, другиот ќе го направам крив. Многу се лутам. Знам да им бидам поддршка на моите најверни другарки, расположена за дружење, дарежлива и добра ученичка.
Јас сум *името*. Јас сум ќерка, сестра и другарка. Имам свои теории. Fu*k logic *името* Teories „Јас сум Јети“. Имам животински особини од различни животни (коњ, прасе...). Јас сум некој што константно се смее Јас слушам рап (R&B, поп, техно и транс). Ги подржувам хипиците (и мааалку сум и хипик), имам такво ланче Јас гласно зборувам Јас секогаш сум тука за да те ислушам и да ти дадам совет Јас сакам невообичаено спортови (бокс, мечување, стрелање...) Јас не знам да возам велосипед ама имам возено кола Јас секогаш се грижам за изгледот на косата, и секогаш гледам да бидам средена и чиста Јас обожавам да цртам и да бидам креативна Јас сум таа што секогаш и во секое време е спремна да тресне глупост (или да се скара со наставниците) Јас, можеби на некој сум чудна што верувам во карма, духови и вонземјани (и Јети) Јас сум тврдоглава и инаетчика
Јас сум двојничката на Вендзеј Адамс Си обожавам класика и многу си верувам... Понекогаш сакам да тепам,но ете јас како шутарка немам и не знам да залепам шлаканица на некого како палачинка во суратот да го сторам... Само си трпам,нерви ми скокаат како брзата птица итрица кога се брка со којотот Заљубена ама ништо од тоа...Сите во врска јас без врска Многу сакам историја...така прва љубов деее сакам да патувам,ама најголема благодарност ќе имам ако некој ми поклони патување на пуст остров,чудна сум нели? Сакам да си читам книги....Која сум јас да сумирам сега... Едно интровертно девојчиште кое сеуште ги обожава цртаните на Скуби Дуби Ду и Том и Џери
Јас сум „филозофката“. Не сакав да ме викаат со тој надимак, но вие ми ја дадовте поддршката за да размислувам поразлично од нив. Затоа, сега не ми пречи да ме викаат филозофка. Јас сум сестра на една од најмалите на фемина и сум горда на тоа! Останатото вие го знаете, а другото останато само јас го знам. (ама се изјаснив)
Јас сум БРЗА личност која често прави непромислени работи,за кои подоцна си ја тепа главата. Јас сум личност која ужива во природата и пронаоѓа мир во неа. Јас сум личност која без музика не може да прави апсолутно ништо. Јас сум личност која ги забележува малите нешта во животот. Јас сум личност што чита многу,толку многу што дури некогаш знае да заборави на реалноста и да живее во сосема трет свет,опишан во книгата. Јас сум личност која сака чести промени. Јас сум линост која сака морбидни работи. Јас сум личност со минливо расположение и чувства. Јас сум личност со слободен дух.
Јас сум таа која еден момент се смее, а еден плаче. Јас сум таа која чита премногу книги, се внесува во нив и едвај се двои од нив. Јас сум таа која животот го минува со извлекување надвор од обврските за малку забава. Јас сум таа која слуша метал. Јас сум таа која гледа аниме! Јас сум таа која премногу се грижи, дури и за другите. Јас сум таа, бубалицата која сепак знае да се забавува.
Сеуште се пронаоѓам. Не сум одлучила која сум т.е која сакам да сум. Полека полека се наближувам до откривањето.
Се смеам за се, за ситници за глупости. Тоа некогаш коа ке ме фати да се смеам неможам да се смирам. Од секогаш сум сакала да тренирам карате. Мразам, и се плашам од инсекти. Да можам, цел ден ќе го преспијам. Сакам кога ми ја чепкаат косата така можам да заспијам. Во салатите ставам од сите можни зачини, кечап и мајонез јадам буквално со се. На свадба освен обичното оро незнам друго. доста е сите глупости ги набројав
Кој сум јас, кој сум јас? А? Ја сум интелект. Покажи респект, така во полн ефект? (вака беше) Се шалам се зезам. Јас сум личност што се смеам на мојте шеги. Јас сум олд скул, НЕ сум заостаната. (колку и да сум млада, братче јас за тебе сум олд скул дејм) Јас сум хејтер на животни (освен тигарот) Јас сум личност шо може на секаков тип луѓе да се прилагодам. Јас се претставувам како некоја лоша и често им ја кажувам вистината на луѓето, што често и ме одбегнуваат само ради тоа. (господе АМАН сакам да се сменем! -Абра кадабра, сменета си чедо божјо) Тоа е.
Јас сум таа која е тврдоглава Јас сум таа која не може многу да ги изразува чувствата или не сака Јас сум таа која може и кога и е тешко да изгледа среќно Но и јас сум таа која кога од се ќе ми дојде преку глава можам да се расплакам како бебче пред кој било Јас сум таа која често паѓаше во депресија поради небитни и лицемерни луѓе Јас сум таа која без многу размислување правеше многу грешки Јас сум таа која се радуваше за ситни работи и која уживаше во животот.
Јас сум таа што е скоро секогаш насмеана, таа што сака друштво, а најголем дел од времето е сама. Јас сум таа што е емотивна, не сака да повреди никој, но несакајќи го прави тоа затоа што е искрена, и не глуми. Таа што е поразлична од другите, барем се смета за таква. Јас сум таа што не знае да сака, чијашто заљубеност не трае долго. Таа што е позитивна, и мрази негативни луѓе и луѓе што цело време се жалат за некои работи. Јас сум таа што обожава добри книги и филмови. Ај доста е волку