Јас сум жена, јас сум мајка, јас сум личност која претрпела многу во животот, која на своја кожа осетила дека она п0што не не убива само не прави посилни!
Јас сум 22год. девојка, која не прави речиси ништо без претходно да направи план. Сакам се да биде таму каде што му е местото. Секогаш гледам на луѓето да им помагам колку што можам, без да очекувам нешто за возврат. Премногу сум поврзана со моето семејство и моите блиски.
Јас сум паднат ангел затоа што често страдам и сум повредена поради својата добрина и високиот праг на толеранција спрема некои личности и затоа што секогаш сум ги прифаќала другите со сите маани и доблести. Калимеро сум затоа што често се судирам со неправда и нефер ситуација но секогаш се борам за правдата и вистината. Борец сум, не се предавам, реална личност со желби, ставови, соништа. Искрена, храбра и истрајна во своите стремежи и цели.
Девојка со карактер на силна и храбра жена, која знае што точно сака во животот и кои се нејзините цели, а сепак го гаи детето во себе... Вечен сонувач, трагател по вистината за сопственото битисување на оваа планета Земја. Писател, авантурист, борец за правата на жените и животните, аматерски фотограф, помалку креативен цртач на детски илустрации (се познава детето во мене, а?). Ме нервира кога ми лепат етикета на „још један у низи - писац“, затоа што не се сметам дека сум во ист ранг со повеќето „новопечени писатели“. Дури, и ретко говорам во јавност дека пишувам романи. Сакам еден ден светот да чуе за мене, па тогаш да ме препознаат без да морам да им кажам... КОЈА СУМ И ШТО СУМ ЈАС! Заљубена до даска во вистинскиот избор за мене. Искрена сум, често без влакна на јазик, помалку дрска, никогаш вулгарна и безобразна. Лојална френдица и партнерка, пред се.
Девојка која времето, годините ја менуваат, зависно од искуство на подобро или полошо. Сакам дневникот да ми е на место, а ноктарицата ја барам низ целата куќа. Љубовта доаѓа секогаш на прво и последно место кај мене, потем здравјето, романтичар и носталгичар по 80те/90/те/00те. Верба. Го сакам своето семејство и сопруг а за некој друг, тоа мора да се заслужи. Инаку сум девојка која може да и се свиќа начинот на како некој пие кафе или како пуши цигара и по тоа да ја запаметам личноста и тоа да ми предизвикува чувства. Емпат.
Јас сум , личност која за секој има ширум отворени раце за дружба . Сакам со сите да се дружам , се додека некој гадно не ме зезне . Е тогаш си го зезнал животот . Секогаш сум тука за семејството и најдобрата другарка . Животот ќе го дадам за моите ангелчиња ако треба !
Ко јас да го имам ова пишувано озбилно....!! Само што се жртвувам плус за сите околу мене а никогаш за себе!!!
Јас сум 15 години,штотуку завршив основно училиште во Кавадарци и од 1 септември ќе учам средно медицинско,смер медицинска сестра во Битола. Јас сум една личност која е со силен карактер,цврста,издржлива,личност полна со ентузијазам и желба за учењ која сака да успее во животот односно да си ги исполнам сите желби и идеал во животот.
"Која сум јас?" беше прашањето кое нонстоп ми се вртеше во главата кога бев трета средно. Ја изгубив самодовербата и почнав да се преиспитувам самата себе си. Одговорот го добив на не толку добар начин но нејсе, битно го добив. Јас сум 19 год. девојка според датата на раѓање, а 5 год. дете одвнатре со голема љубопитност. Сакам да го поминувам слободното времето со шоља кафе и психолошки/крими роман, да цртам илустрации, мртва природа, портрети и било шо со имагинација, да ги пополнувам празните страни на мојот дневник, да го поминувам квалитетно времето со моите пријатели и семејство. Уметничка душа која верува дека некој ден ќе го оствари својот сон, хуманист и голем емпат, фантазер кој често знае да одлета во својот свет високо но затоа тука е реалноста да го потсети дека не е се така розево. Алергична на се шо е fake и plastic почнувајќи од обични предмети па се до луѓе. Борец за човековите права, против неправдата, психичко и физичко насилство, сум за полова и етничка еднаквост впрочем разликите се она што не прават единствени и свои!
Која сум јас?? Мајка, сопруга, домаќинка - не баш. Вработена....Скромна.....Мила, така ми рекле .....чувствителна.......... искрена, дури и премногу...Претпоставена, да не речам главна на работа . Задоволна од животот горе долу, може и подобро. Збунета- да многу.
Која сум јас? Јас сум сложен парадокс кој е раздвоен помеѓу сопствениот свет и илузијата која го прекрива светот кој сите го делиме.
Јас сум една девојка која сама себе не може да се препознае. Која бев полна со љубов и радост, а која сум сега полна со омраза, алчност и желба за одмазда.
Ни сама веќе не знам која сум и што сакам од животот... Добро е што сеуште си ги знам името и годините...