Зад ладниот поглед ми се крие една плачка, напатена душа, желна за правда секогаш и во секоја ситуација, брзоплета, што на ум то на друм, сонувач со отворени очи кој фантазира иако реалноста му плеска сѐ в лице и докажува дека работите не се секогаш такви како што изгледаат, фантазер кој верува во подобро утре
Не знам дали сум пишувала на темава , па затоа ќе пишам . Јас сум онаа која секогаш ги согледува работите од сите страни . Јас сум онаа која наоѓа милион решенија за проблемот , а ако ниту едно не ми успее , ќе измислам . Јас сум онаа , која некогаш беше комуникативна и насмеана , сеуште сум , но околината не е тоа што беше . Јас сум онаа со слушалки во уши 24/7 , таа што живее во светот на рапот . Јас сум истата таа која пред неколку години веруваше на многу луѓе , а денес секое ново пријателство го гледа со доза на резерва . Јас сум онаа што се откажа од себе за потребите на другите . Јас сум онаа што е разочарана скоро секој ден , ама .. Јас сум онаа која од денес ќе направи се за да се оствари себе . Јас ќе бидам онаа која на крајот најслатко ќе се смее .
Јас сум таа што е маж и жена дома Што невозможното ќе го направи возможно Што има поглед како камен А во душата е памук Јас сум таа што секоја тажна сцена од филм ќе ја исплаче А за нејзината мака солза нема да пушти
Јас сум личност што знае да е среќна, весела и после некоја минута депресивна. Ни самата не се познавам некогаш
Јас сум амбициозна личност, сензитивна, упорна, многу совесна, одговорна, искрена и духовита, таа што понекогаш знае да се изнервира за глупости, но среќа брзо се враќа во колосек. Генерално, оптимист!
Важно прашање, кое ме стави во мисла, со оглед на тоа дека околностите на животот ме промениле мене и моите навики. Која сум јас? Мора да се размисли, и тоа добро и детално... Исто како што ме прави (не)среќна и (не)задоволна..
Не сум се што сакам да бидам, ама сум повеќе од што бев и сеуште учам Или оригиналот "I’m not everything I want to be, but I’m more than I was, and I’m still learning"
После речиси една година подоцна .. Јас сум таа што извојува многу битки и излезе како победник за само една година . Јас сум таа што е секогаш за секој тука , а никој никогаш не е тука за неа , и сеуште не се жали . Јас сум таа што душа дава за најблиските роднини и пријатели . Иако некои одлуки не ми биле баш најдобри , сепак јас сеуште стојам зад нив . Јас сум таа што никогаш не менува мислење само поради тоа што мислењата на мнозинството се косат со нејзиното . Јас сум таа што , по многу години сфати кои луѓе вредат да бидат дел од нејзините подеми и падови . Јас сум таа , што ќе оди до крај и ќе ги остварува своите соништа еден по еден , па макар и 20 години чекала . Јас сум таа што ќе биде силна и храбра жена која на своите деца ќе им го покаже патот кон нивните соништа и кон нивната среќа . Јас сум таа од која тие ќе учат , бидејќи ако јас не им бидам пример , тогаш кој ќе им биде ?