Јас сум таа чудната што чудно се облекува и слуша чудна музика. Јас сум најчеста тема за озборување кај поголемиот дел од мојот град. Јас сум таа што многу зборува и е секогаш во право. Јас сум "нарцисот". Јас сум екстремната личност што сака да проба се во животот. Јас сум bungee girl
Јас сум таа која и за по дома секогаш мора да е намирисана... Јас сум таа која си ја чешла косата пред спиење а се случува на битна дешавка да отиде неисчешлана... Јас сум таа која сите сметаат дека нема емоции . а себеси се доживува како најемотивното суштество на свет.. Јас сум таа која мрзи неправда , лигави створења и хрчење ... Јас сум таа што знае искрено да сака друг човек повеќе од себеси ..
jaс сум таа тврдоглавата јас сум таа најлудата јас сум таа што сака многу да пее јас сум таа што обожава тостови и помфрит јас сум таа што ги решава најтешките проблеми јас сум таа што се пали да добар задник јас сум таа што се нервира и за најмала ситница јас сум таа што постојано се смее јас сум таа најљубоморната јас сум таа што дава совети и те ислушува кога ти е најтешко јас сум таа најчуствителната јас сум таа што цени вистинско другарство тоа сум јас сега за сега
Јас сум таа што секогаш паничи без потреба. Јас сум таа која неможе да трпи навреди и понужување. Јас сум таа која неможе да прави лице на некој. Јас сум таа која знае откачено и незаборавно да си помине. Јас сум таа која секогаш се труде работите да бидат во најдобар ред. Јас сум таа која многу сака да чита книги. Јас сум таа што неможе без музика. Јас сум таа што обожава и што може многу да јаде благо ммммм. Јас сум таа што сакам еден човек кој ми претставува се. Јас сум таа што обожава долго време да седи на интернет.
Јас сум таа која на моменти е смирена и аналитична,а веќе во наредниот момент крајно импулсивна и паничарка. Таа која кога учи се чувствува исполнето, затоа што смета дека тоа е патот кон успехот. Таа која не сака да биде како `сите` и има своја глава за размислување. Таа која плаче и се лигави дури и на тажни цртани.
Јас сум девојката со најзаразна смеа.. Јас сум онаа чии очи ќе ги обожавате,но и преколнувате... Јас сум онаа која не сака многу да зборува за себе,а способна е се да извлече од другиот... Јас сум онаа која мразам безвезални муабети.. Јас сум онаа која е зависник од сирење... Јас сум онаа која попушта на оригинални машки,преубави насмевки и неговите бакнежи... Јас сум онаа која можеби не знам што сакам,но дефинитивно знам што не сакам.... Јас сум....Единствена.
јас пред се не сум ти...а после се сум Јас битен момент е тоа СЕ зошто секогаш јас бев јас, и секогаш ке бидам јас... затоа што јас никогаш не прашувам за кого бијат камбаните, Јас знам дека тие бијат за мене... и кога Јас ке престанам да постојам ке оставам зад мене дел од моето Јас! Јас од секогаш постоев и секогаш ке постојам е тоа бев, сум и ке бидам јас...а ти?
Jas nema nikogash da bidam ona sto sum sakala postojano sum zaglavena vo sredinata nitu na ednata nitu na drugata strana jas postojano se grizam za drugite okolu mene a sebesi si velam deka mozam jas postojano se obiduvam da ziveam ednostavno a nikako nemozam
Јас сум таа која е преемотивна Јас сум таа која не трпи неправда Јас сум таа која мрази дволични луѓе Јас сум таа која е голем инает Јас сум таа која е дружељубива Јас сум таа која го сака дечкото највеќе Јас сум таа која секогаш е тука да помогне Јас сум таа која троши многу пари Јас сум таа која е секогаш средена од глава до пети...
Јас сум девојчето кое е голем инает. Јас сум девојчето кое не трпи неправда. Јас сум девојчето кое најгласно зборува и се смее. Јас сум девојчето кое мрази дволични луѓе. Јас сум девојчето кое ги цени, сака и почитува семејството и пријателите најмногу од се. Јас сум девојчето кое е дружељбиво.
хммм Која сум јас .... Јас сум таа што се труди да им угоди на сите Јас сум таа што мрази кога некој ја лаже јас сум таа што мрази кавги и караници Јас сум таа што го обожава семејството и пријателите Јас сум таа што е многу тврдоглава и голем инает... но не секогаш јас сум таа која има свој став и мислење за се и не дозволувам некој да го гази јас сум таа девојка мирна црна висока пуничка што во секој човек се обидува да најде нешто добро јас сум таа што и животот би го дала за луѓето што ми значат (иако се бројат на прсти) јас сум таа што мрази да касни и мрази да чека некого што секогаш ја мрзи да учи ама кога ке седне седнато е... јас сум таа големата мрза за се... јас сум таа што сака животни зеленила природа... јас сум таа што имам зацртано цели во животот кои се надевам ке ги постигнам јас сум таа една и единствена...
јас сум наивна јас сум плачка јас гледам повеќе за другите одколку за мене јас сум студент кој вредно уче јас сум независна 6- % од моите родители финансиски јас сум тажна на меоменти јас сум сонувач за совршенство јас сум идеалист и се можам да остварам јас сум авантурист јас сум јас иако тоа некој не го цене јас се потценувам за другите да успеат и да уживаат на мое страдање јас сум заљубена јас.................................
Јас сум многу емотивна и сочувствувам со секого Јас сум една голема плачка Јас сум голем хипохондрик и здравјето ми е на прво место, моето и на моите најблиски Јас многу го сакам семејството Јас многу го сакам дечко ми...и се би направила за тие што ги сакам Јас не дозволувам некој да ме прави будала Јас не дозволувам некој да манипулира со мене Јас се ценам самата себе и ми се допаѓа како изгледам
Jа сум таа што е секогаш насмеана дури и кога и се плаче и што секогаш ќе се труди да те насмее и орасположи .. Ја сум таа авантуристка што секогаш сака нешто ново различно Ја сум таа што има црви во газето не ја држи место ... Ја сум таа што лесно ќе ви влезе под кожа и ќе ви стане мила Ја сум таа што мрзи дволични искомплексирани покварени песимистички луѓе Ја сум таа распекмезена татина маза која секогаш сака да е по нејзино Ја сум таа што за некое чудо имала секогаш среќа во љубовта Ја сум таа што ја нервираат некои најмали ситници а со големите проблеми никогаш не се замара Ја сум таа која обожава да се журка игра пие Ја сум таа која секогаш мора да е дотерана па и во продавница да иде Да ја сум таа мило ми е