1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која сум јас?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од princessofthedark, 5 јули 2010.

  1. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    јас сум таа што ги прифаќа предизвиците со раширени раце ;)
     
  2. verolinka

    verolinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    6
    Јас сум таа која е горделива
    јас сум таа и која е доста инаетлива
    Позитивна,не сакам пред другите да покажам слабост
    Амбициозна,принципиелна
    на изглед лоша,ама сепак сум фина :lol:
    Почесто иронична и саркастична и на сите се во фаца им кажувам
    Знам да бидам многу сурова.........и тоа
     
  3. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.765
    Јас сум баш јасс :)
    Јас сум на мама и на тато најубавата и најпаметната ќерка и најмрзливата :!:
    Јас сум таа што има најулав дечко и најубав и најпаметен и најкомплициран и најзгоден и и и .....
    Јас сум најстрпливото девојче,девојче кое никогаш не се изморува додека не успее во тоа што го сака.
    Јас сум најразбирлив човек на планетава и пошироко сите ги разбирам ама мене кој да ме разбере :^)
    Јас сум секогаш океј и кога не сум.
    Јас секогаш се смеам :)
    Јас секогаш ставам највеќе статуси на ФБ :rofl:
    Јас секогаш прво гледам за другите па после за мене.
    Јас секогаш тресам глупости.
    Јас сум таа шо највеќе оде по вц, уф аман на секој саат. :tmi:
    Јас сум таа шо највеќе играе кога има музика , ма братеее играј док си млад док можеш :dance:
    Јас сум многу зборливо девојче.
    Јас највеќе си го сакам дечко ми , ај леле. :inlove: :inlove:
     
  4. sugar.nn

    sugar.nn Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    15
    Јас сум болничка у моментов :puke:
    јас сум татина и мамина маза
    јас сум девојката со многу сонови
    јас сум талентирана хахах
    јас сум таа што мрзи да учи
    јас сум таа што нема више место за облека во шкафот
    јас сум таа што обожава да купува и неможе да искочи во град а да на купи нешто! 8)
    јас сум таа што обожава да искача и да се дружи :rock:
    јас сум таа што сака да дава совет и да слуша секого
    јас сум девојката со оштар јазик :swear:
    јас сум храбра ;)
    јас обожавам да се смеам дури и кога немам прична и кога ми се дере некој едноставно обожавам
    јас сум преемногу зборлеста :wasntme:
    јас сум смотана и обожавам да трескам глупости
    јас сум the girl with curves
    јас обожавам да се лицкам :P да се шминкам, да се пеглам, да се виткам, да се пресоблакам.. :makeup:
    јас си имам dream guy и знам дека еден ден ке си го најдам.. хмм или да кажам еден ден пак ќе го сретнам :angel:
    јас сум таа што се нема опијането :drunk:
    јас сум таа што секогаш ги смее другите
    јас знам да се зезам и да бидам озбилна
    јас сум можда нарцис некогаш
    јас не мрзам никого
    јас сум јас и секогаш ке си останам јас најлудата
    јас немоаше да бидем јас ако не го изнапишев се ова
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас сум таа што мрази се и мрчи на се што ја обиколува.
    Јас сум таа што мрази неприродно однесување.
    Јас сум таа што мрази патетики и лигавења.
    Јас сум таа што е скоро секогаш негативно наелектризирана.
    Јас сум таа што мрази глупави луѓе.
    Јас сум таа што мрази површност.
    Јас сум таа што е реална.
    Јас сум шкорпија во хороскоп.
     
  6. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    јас сум таа што ќе ти пише прва и ќе ти даде комплимент :D
    ....таа која слободно може да ти направи муабет на секоја тема без цензура :x
    ....таа која искрено ќе ти каже што и се допаѓа, а што не :wasntme:
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Јас - не испуштам да се насмевнам и тогаш кога се ме боли затоа што знам дека една насмевка на некого може да му го разубави денот а мене ништо не ме чини да го искривам устето во име на тоа.
    Јас - душа давам за моите најблиски, последното нокте би го искорнала само за да усреќам некого.
    Јас - плачам, емотивна сум некогаш и премногу, тоа ми е слабост.
    Јас - сакам да ги смеам луѓето, да се зезам, прва сум за журки, прва сум за спонтани работи, прва сум за останување до сабајле и журкање до несвест.
    Јас - ретко ама сепак понекогаш сум инает најголем поготово кога имам некоја цел, одам напред, нема препреки за мене, се правам за да ја исполнам, ќе ми светне и итам кон целта!
    Јас - вечен борец, вечно исправам криви дрини, кога гледам неправда ми иде да експлодирам, и ме мачи што немам поголема моќ за да воведам ред во некои работи за секој да си добие она што заслужува.
    Јас - не можам да дишам без пријателите, ги имам многу, и мислам дека некој ме благословил затоа што нема поголем благослов од вистински пријатели и луѓе кои искрено те сакаат и за арно и за лошо.
    Јас - сакам необични работи, сакам уметност, сакам филм, сакам добра музика, сакам да филозофирам, сакам да терам неконечни муабети на сериозни теми...
     
  8. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Јас сум таа што сака искрено.
    Јас сум таа што сака забави,да игра,да се весели.
    Јас сум таа што обожува кога е со друштво.
    ЈАс сум таа што е упорна,кога ќе намислам нешто не застанувам додека не го исполнам тоа!!
    ЈАс сум таа што не трпи неправди.
    Јас сум таа што е реалист.
    ЈАс сум таа што не сака нешто да остава за утре,одговарна сум и перфекционист
    ЈАс сум таа што не ја држи место,нестрплива и темпераментна.
     
  9. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Јас сум пред се, ќерка на мама и на тато :D
    Сестра на брат ми.
    Бруцош што сега кога треба да вежба математика и има колоквиуми, дреме на фемина :x
    Јас сум таа што може на било која ситуација да се смее до солзи :D
    Јас сум таа што секогаш размислува, пред да каже некоја работа, и тоа не еднаш, можеби и 2-3 пати.
    Јас сум таа што мрази лицемерни, пикала, потрчковци, и ептен баааааавни луѓе .....
    Јас сум таа што не пие кафе, не пуши, не пие, не се дрогира.
    Иако биковите се познати по материјалноста, дека сакаат материјални работи, мене тоа не ме интересира.
    Може сум една од ретките што не сакаат да се мешаат во туѓи работи и да си го пикаат носот насекаде.
    Мрзлива сум ептен.
    Мразам да готвам.
    Се вртам по згодни типци, и сакам кога се вртат по мене :D :D
    Никогаш не сум била заљубена :(
    Јас сум таа што сака да си најде едно фино, културно и паметно дечко :$
    Јас сум таа што ќе земе книга од библиотека, чита 50 стр и колку и да е интересна книгата, ми здосадува и не ја дочитувам никогаш до крај :|
     
  10. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    една обична девојка,на која за пружената љубов,враќа милион пати повеќе.
    за вистинско другарство(кое го нема) би го дала животот
    обична девојка која е среќна и задоволна со своето семејство
    многу пати повредена,но пак жива и здрава на чекор кон врвот

    обична девојка која која е лав во хороскоп и сака да биде водач ,иницијатор на журки и пијанки 8)
    -никогаш не е доцна за една чашка црвено винце :lol:
    обична девојка која би дала се да го најде најсовршеното совршенство во височините на совршенството !
     
  11. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    Јас сум авантурист по природа.
    Јас сум магарешки инат. ]:)
    Јас искрено сакам.
    Јас се кажувам во лице, ништо не кријам.
    Јас сум големо филозофче.
    Јас сум фер.
    Јас сум перфекционист.
    Јас сум егоист. |(
    Јас сум мрзлива.
    Јас сум секогаш насмеана, без оглед на ситуацијата.
    Јас превземам ризици.
    Јас не спијам мирно додека не е се околу мене чисто :|
    Јас сум сакркастична (во умерени количини).
    Јас сеуште спијам со плишано мече.
     
  12. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    13.400
    Јас сум Водолија.
    Јас сум онаа која е разочарана од одредени луѓе.
    Јас сум онаа која е вистинска другарка.
    Јас сум онаа која е искрена.
    Јас сум онаа која е заљубена.
    Јас сум онаа која е советникот во друштвото.
    Јас сум онаа која е многу емотивна.
    Јас сум онаа која кога сака сака искрено.
    Јас сум онаа која има чуства за другите.
    Јас сум онаа што секогаш мисли и за другите.
    Јас сум онаа братучетка која секогаш има време за најмалите.
    Јас сум онаа која е одлична. :geek:
    Јас сум онаа која е расположена за разговор. :talk:
    Јас сум онаа која кога ќе каже дека ќе ја чува тајната ја чува.
    Јас сум онаа на која можеш да се потпреш.
    Јас сум онаа која мисли пред да каже нешто, затоа што знае како е да бидеш повреден.
    Јас сум онаа која кога ќе ја побара некој, секогаш е тука, иако не и се враќа секогаш со добро.
    Јас сум онаа на која не и оди географија.
    Јас сум онаа која се држи до она: "Памти па врати"
    Јас сум онаа која е креативна, но само кога сака.
    Jaс сум онаа која ги обожава кучињата.
    Јас сум онаа која би се расплакала на нешто што ми се допаѓа.
    Јас сум онаа која е многу весела, но само кога и е погодено.
    Јас сум онаа која ...
     
  13. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    јас сум таа што ја мрзи да учи и секогаш чека 5 до 12 за да научи :lol:
     
    На marama и maa им се допаѓа ова.
  14. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    102
    Јас сум таа што е снаодлива
    Јас сум таа што има скриен драмски талент и го користи кога ќе се најде во тесно
    Јас сум таа што ги почитува луѓето и за возврат бара да ја почитуваат :!:
    Јас сум таа која е секогаш вљубена ама не сака дечко :P
    Јас сум таа што има јака интуиција
    Јас сум таа која обожава читање книги
    Јас сум таа која секогаш ја кажува вистината
    Јас сум таа која не сака гужва
    Јас сум таа која советува
    Јас сум таа која сака мода и почитува луѓе со стил
    Јас сум таа која филозофира
    Јас сум креативна
    Јас сум страмежлива
    Јас сум импулсивна
    Јас сум авантурист кој ризикува
    Јас сум аналитичар и набљудувач
    Јас сум чувствителна
    Јас сум ладна и одмерена
    Јас сум храбра итн итн :)
     
  15. Tammy

    Tammy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    33
    Јас сум таа што го почитува секој и бара да ја почитуваат нејзе
    Јас сум таа што е во врска со еден дечко од раното тинејџерството
    Јас сум таа што е луда по патување
    Јас сум таа што обожава мачки
    Јас сум таа што е секогаш гладна бидејќи не се најадува убаво кога јаде :rofl:
    Јас сум таа што обожава да го живее својот живот
    Јас сум креативна,страмежлива,чуствителна,плачлива и благодарна личност
    Јас сум таа што никогаш не се откажува од она што го сака
    Јас сум таа што е вистинска другарка,сестра,ќерка и девојка :geek:
    Јас сум таа што знае да ја прости секоја голема грешка
    Јас сум таа што си го обожава братот,журките,друштвото,семејството и се што е убаво
    Јас сум таа што незнае да лаже
    Јас сум таа што се плаши од се живо и диво :lol:
    Јас сум добар географичар
    Јас сум таа што едвај научи француски јазик :rofl:
    Јас сум таа СРЕЌНА,ЗАДОВОЛНА ЛИЧНОСТ! :)
     
  16. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Јас сум секогаш најпозитивната во друштвото. :lol:
    Јас сум секогаш располжена за забава и за играње. :dance:
    Јас сум секогаш ненајадена. |(
    Јас сум секогаш таа емоционалната,плачливата. :emo:
    Јас сум зборливата и отворена личност. :talk:
    Јас сум несмасна и спонтана. :!:
    Јас сум авантуристка и секогаш спремна за акција. ;)
    Јас сум таа што лесно можете да ја насмеете,но лесно се лути и прелутува. :angel:
    Јас сум таа обожавателка на животните и на природата,исто така и на рок музиката и рок баладите.^_^
    Јас сум таа романтична личност што лесно се заљубува.
    Јас сум таа искрената,верна и самоуверна личност,но често незнам што сакам.
    Јас сум таа тврдоглава тинејџерка на која и вријат хормоните.
    И јас сум таа која што бара внимание и нежност,почит добиваш ако ме почитуваш. :!:
     
  17. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Ах..значи најтешко прашање се додека не израснеш како возрасна личност,па да знаеш кој си..

    Сепак,до сега како што знам..
    Јас сум онаа која е најрасположена и во најтешката ситуација.
    Јас сум онаа кога ќе му е тешко некому може слободно да се ослоне на мене.
    Јас сум онаа кога е најемоционалната личност иако не и се познава.
    Јас сум онаа што си го сака дечкото највеќе на свет.
    Јас сум онаа што е прилично збунета во овој свет.
    Јас сум онаа што се труде највеќе,а најмалку постигнува.
    Јас сум онаа што ПОИМА НЕМА од животот.
    Јас сум онаа што е многу тврдоглава кога нешто не е како што треба.
    Јас сум онаа што не може да ја трпи безвредноста на луѓето и нивното безвредно живеење.
    Јас сум онаа што сака да се изолира од светот.
    Јас сум онаа што обожава да седне и да чита книга.
    Јас сум онаа што ќе трпи неправда,за другите да не ги повреди.
    Јас сум онаа што сака барем еднаш во месецот да се изжурка за сите пари!
    Јас сум онаа што сака БАРЕМ еден ден да и помине само со едно чувство.
    Јас сум онаа што е многу променлива личност.
    Јас сум онаа што бара барем малку повеќе внимание..
    Јас сум онаа што на моменти е многу досадна.
    И многу други работи :) :sun:
     
  18. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642



    ИСТАТА ЈАС ! :)
     
  19. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Јас сум таа што е секогаш насмеана и покрај сите проблеми.
    Јас сум таа затворена личност.
    Јас сум таа што многу лесно се заљубува, а тешко се одљубува.
    Јас сум таа авантуристка која сака се да проба.
    Јас сум таа која пролет и лето не е симната од ролерките.
    Јас сум таа која секогаш советува и на крајот испаѓа крива, а успат чека да биде советувана!
    Јас сум таа која неможе да си го свати животот.
    Јас сум таа паметна програмерка :wasntme: ..
    (Не сум во состојба да се фалам затоа напишав многу негативни одговори)
     
  20. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    јас сум таа што пие вотка пред колоквиум....па после ги брка буквите по листовите :rofl: