Јас сум таа шо не може никогаш да препише. Јас сум таа шо појма нема шо треба да се уче биофизика за колоквиум.
јас сум таа што се грижи за сите, што сваќа се и што простува се. јас сум таа која што сите мислат дека е најсилна да издржи се. јас сум таа што е насмеана без разлика на се , што го сака животот, што верува во себе и што сонува многу. јас сум независна и силна јас сум чуствителна и слаба. јас сум таа што очекува подршка од сите а не добива ништо. јас сум таа што има добра работа јас сум заљубена јас сум таа што пребрзо порасна
Јас сум жена на мојот сопруг Мајка на моето дете Ќерка на тато и мама Женско створење кое е многу емотивно....
Јас сум најстрашното чудовиште на светот,кое се крие зад фаца на (не)обично девојче; -Контроверзната интелектуалка која секогаш го добива она што го сака,вака или онака; -Вечит оптимист за сите останати,освен мене; -Суштетсво кое не е свесно колкава среќа има во животот и секогаш си мисли дека е баксуз; -Неоспорен лидер и инаетчија; -Онаа чијшто глас е најсилен и најпочитуван; -Единствената хип хоперка во околината; -Бизарниот фрик со фасцинантна и неповторлива смисла за хумор,особено црн; -Убавицата со ѕверот од карактер; -Центарот за социјални грижи и скршени срца,кој знае да разговара со секакви луге,без оглед на пол,возраст и интелект; -Онаа која слуша,а ретко открива нешто за себе; -Вампирче кое ретко шета дење ( исклучок-на предавања); -Единственото девојче во друштвото; -Единствената плавуша меѓу колешките; -Таа што секогаш го има последниот збор; -Реинкарнација на Едгар Алан По; -Тежок емотивец кој пред другите е најсилен,а во себе-најранлив; -ФилозоФ; -Младата поетеса со двосмислени стихови; -Бившата каратистка која никогаш нема да го преболи каратето; -Онаа која сите ја сакаат,а таа ги сожалува и ги смета за бедници -Психопатот кој не знае да се снајде во обични ситуации; -Лудо девојче од 13 години заробено во тело на 21-годишна ѕверка: -Она чудо од човек кое повеќе ги сака животните од луѓето и би ја легализирало смртната казна; -Последната надеж за безнадежните и предмет на озборување на искомплексираните; Во кратки црти,ова е вашата Маршелин Амару...Ве сакам!
Кој сум јас? Кој сум јас?...Јас сум Тони Зен,покажи респект аааа во полн ефект (или како и да беше песнава) Јас сум си Јас и се сакам како таква.Нема да се анализирам ,оставам на другите да ме доживуваат секој на свој начин.
Јас сум таа што секогаш е доживувана како помалку вредна од страна на другите. Јас сум таа што нема доволно самодоверба, иако не се прикажува како таква. Јас сум таа што сака да е вистински среќна, но не само на моменти. Јас сум таа што не знае да направи муабет со луѓето. Јас сум таа што има се, но не знае да цени. Јас сум таа што е позрела од врсниците. Јас сум уметничка душа. Јас сум реалист. Јас сум јас.
Јас сум таа која секогаш е насмеана! Јас сум таа со позитивна енергија! Јас сум таа што секогаш е гладна! Јас сум таа што ја мрзи за се! Јас сум таа што си го сака дечко и највише!! Јас сум таа на која и светат очите кога ќе и се јави дечко и!! ( тоа ме зафркаваат другарките ) Јас сум таа што сака да помогне на сите! Јас сум таа која беше многу повредена ама гордо застана на нозе! Јас сум таа што им верува на сите! Јас сум таа која секогаш филозофира! Иии Ја сум таа која секогаш е во право и кога не е!!
јас сум таа што секогаш е таа што е без разлика дали тоа му се допаѓало на другите или не јас сум таа што изигрува личен психијатар во друштвото па и подалеку од причина што знам да слушам јас сум таа што е тука да му врзи шамар на секој со доза на сурова реалност јас сум лошата во друштвото јас сум таа што не сака да биде центар на внимание јас сум таа која што не би ја одбрале прва за секоја журка, но на крајот сите завршуваат кај мене кога им е тешко јас сум таа која што никогаш не е најомилена во друштвото, но кога ја нема недостига нешто јас сум јас без оглед на се....
Јас сум таа која која секогаш се грижи. Јас сум таа која сака да ги расположи и утеши нерасположените души. Јас сум таа која секогаш привлекува некој „непосакуван“. Јас сум таа која е баксуз во најлошиот случај. Јас сум таа која сакам се да е добро. Јас сум таа која секогаш трпи. ...
Јас сум Вајлд и мојата амбиција е хендикепирана од мрзеливоста. Премногу филозофирам и често сум си досадна сама на себе. Мојот мозок не знае за доста. Сонувам за свет со различни луѓе. Чудни и креативни. Јас сум личност која живее од спомени. Мило ми е.
Jas sum ti edna mn krevka osoba,cuvstvitelna ne sakam nikogo da povredam spremna sekogas da gi islusam drugite i da im pomognamm koga im e tesko,golem optimist sum sekogas ja gledam pozitivnata strana,uporna sum vo se sto pravam,golema placka sum sekoj moze lesno da me rasplace,fleksibilna. [mod-kirilica:1yy7o8un][/mod-kirilica:1yy7o8un]
Јас сум... таа која е горделива и не знае да наведни глава пред ,,поголемите,, таа која е инаетчика и мрази да им попушта на другите таа која сака да диригира а другите да свират таа која сака реалност а не лажен оптимизам и измислен песимизам таа која е саркастична и тогаш кога не треба таа која обожава да биде лидер и одговорно се носи со работите таа која се смее гласно и зборува истот така гласно таа која по никоја цена не се откажува од длабоко деколте без разлика што надвор е испод нула таа на која се нешто и фали во плакарот таа која мрази долги телефонски разговори
Јас сум таа што... ... секогаш мисли /сака/ е во право ... ... зборува гласно.... ....игра ( и пее ) најмногу на забави ...се нервира кога нема на кого да ја префрли вината ... се лути ( на оние кои треба) .. .... е тврдоглава како..не знам што ... би дала се' за своето семејство .... има респект спрема повозрасни .... ... знае да каже 'извини' ... ... секогаш има нешто да праша.. ... 'плеска ' во лице .... сака автомобили ... се плаши од немоќ ... има вишок енергија... ... е зависник од кафе и чоколадо.. ... се нервира од неправда .... знае да сака.... п.с. ... и што мрази ,мрази и не може да поднесе чувство на носталгија ... и некој да и недостига
јас сум таа што го расположува цело друштво јас сум таа што со својот реализам ги руши туѓите сништа јас сум таа што најмногу се сака јас сум таа стално намуртена јас сум таа за која сите мислат дека ништо не ме допира јас сум таа која не е сватена јас сум таа која за себе ја зема тагата, а ја остава среќата на другите јас сум таа која е гаден противник јас сум таа која и во најдоброто ќе најде маана јас сум таа која или најомразена или најсакана едноставно јас сум таа што сум или прифати или одеби
Јас сум еден горд лав Потешко простувам но сум емотивна душа. Цврсто си стојам на кажаното и не го менувам без причина. Јас сум таа која што сака да го прошета светот. Весела личност, со ведар дух и секогаш спремна за помош.