Јас сум таа што мечтае за љубов Јас сум таа што е уметничка душа Јас сум таа што е многу емотивна Јас сум таа што е тврдоглава Јас сум таа што сака да ужива во секоја ситница Јас сум таа што сака да гледа насмеани лица Јас сум таа што сака да го посети секое место на оваа планета Јас сум таа што сака од се по нешто Јас сум таа што во себе крие многу спомени
Јас сум таа која: е наајјголемиот дечар!! не сака да гледа тажни лица кога ќе се изнервира почнува да плаче (од нервоза се разбира) секогаш е тука за секој иако не знае многу за животот, сепак многу добро го разбира е гооолем зависник од слатки работи, и еден ден не може да го помине без нив е емотивна душа секогаш се смее никогаш не си ја затвора устата секогаш работите ги извршуа со труд јас сум таква каква што вие ме знаете!
Јас сум таа која се смее најгласно ( дури и премногу) во друштвото Јас сум таа која е иницијатор на забави во друштвото и не прифаќам НЕ за одговор Голем инат.. Зависник од чоколадо и Patos Јас сум таа која секогаш е незадоволна од љубовта. јас сум таа што се заборава на телефон и по 2-3 часа јас сум таа што секат касни таа што е секогаш гладна толку сега за сега
јас сум многу позитивна особа. Лицето секогаш ми е насмеано и ретко можеш да ме видиш да плачам,но и кога плачам се смеам..Многу сум емоционална, се живо земам на срце, понекоаш и таа особина не е многу убава и најситни неважни работи ме погодуваат. Сакам многу да учам и да читам, и сметам дека доброто образование е многу важен сегмент од животот на човекот. Верувам во вистинска љубов , љубов како на филмовите и сметам дека таа трае засекогаш...Многу ја сакам музиката и животот без музика за мене не е живот...Исто така многу ја сакам физиката..Во главно ова се моите најкарактеристични особини...
Јас сум една и единствена Во суштина сум позитивна личност, -академски граѓанин; - оптимист; -по малце перфекционист; -вечен романтичар; си имам и некои негативни карактеристики што се трудам да ги искоренам потоа.... многу сум упорна, верна, почитувам пријателство и во вечна потрага сум по верни пријатели(иако многу се имам разочарано,но не запирам тука), исто така сум голема инаетчика - знам и да попуштам,но многу ретко се случува тоа! многу сум емоционална, имам добра душичка и поради тоа многумина и многупати ме повредиле сакам да читам психолошки романи, ме исполнуваат такви работи. Ја сакам музиката, иако немам некој талент- неможам ако не се изнаиграм и изнапеам Гладна душичка сум, мислам дека со кеф би ја јадела цела храна што постои на светов Ракометот и аеробикот се составен дел од мојот живот, се гордеам на мене и на my body По малце сум и лисица,( бидејќи многупати сум била повредувана и знам како е да ти се потсмеваат) најискрено уживам кога на некој му се случува нешто (помалку) лошо! - нормално, уживањето е поголемо ако си заслужиле, а ако не....знам и да сочувствувам
Епа вакаааа. Најгласна во друштво. Јас сум таа што организира излегувања и средби и се јавува на СЕКОЈ член од друштвото. АВАНТУРИСТКА. Страстен обожавател на Хари Потер Сакам да читам книги. И да пишувам текстчиња и книги ( кои ме мрзи да ги довршувам ) Сакам да спортувам ( ма да неам време ) Сакам да учам, да се надоградувам, да ОДАМ НАПРЕД... Јас сум таа која ги потсетува професорите за домашни. Не можам и не сакам да молчам. Сакам да пеам (не сакате да ме слушнете) Сакам да танцувам ( и тоа мн добро ) Го сакам секое годишно време, наоѓам убавина и во морето,снегот,шушкавите есенски листови и розовите расцветани дрвца. Сакам да сакам и да бидам сакана! Вечен РОМАНТИЧАР. И ако продолжам да пишувам ќе ви станам досадна Само сум една мала девојка во големиот свет, жедна за љубов, внимание и МИР***
Јас сум таа што најгласно се смее во цело школо Јас сум таа што многу сака да јади благо Јас сум таа што е мрзи да учи (ама само по некогаш) Јас сум таа што нонстоп плачи (Плачката ) Јас сум таа што си зема се на срце Јас сум таа што нонстоп треси глупости
Јас сум таа што е најголем инат на свет Јас сум таа што обозава секс (со дечко ми) Јас сум таа што тера правди и не се плаши да брани став по секоја цена Јас сум таа што секојдневно се труди да биде подобра личност кон себи и кон другите Јас сум таа што брзо менува располозенија Јас сум таа што има прочитано толку книги што не се ни сеќава веќе на сите Јас сум таа што се обидува да ја „лечи„ својата гордост и нарцисоидност Јас сум таа што мечтае за егзотични патувања и необични случувања Јас сум таа што вешто ги крие своите чувства пред луѓето и ја дозивуваат како препотентна и незаинтересирана и се срами од јавно показување чувства, а е мека и ранлива душичка Јас сум таа што сака да пее, танцува и вреска на глас Јас сум таа што сака да го зивее зивотот со полн здив и да му се радува на секој нов ден Јас сум таа што сака да стане писателка Јас сум таа што зивее за и од љубов Јас сум таа што и покрај милион разочарувања негува надез
Јас сум таа што може да се заљуби за 5 минути Јас сум таа што секогаш ќе верува во вистинската љубов Јас сум таа што верува дека во светот уште постои правда Јас сум таа што кога сум нервозна викам на првиот кој ќе ми се најде на патот Јас сум таа која често грешно ги проценува луѓето Јас сум таа што верува дека еден ден ќе биде професор по математика Јас сум таа која секогаш се простува Јас сум таа што си трошам толку многу нерви на глупости Јас сум таа што очекува чуда од луѓето,мислам сите како мене се Јас сум таа што веќе незнае што сака од себе ЈАС СУМ ТАА ШТО СЕГА САКА НЕКОЈ КОЈ Е МОМЕНТАЛНО ЗАФАТЕН!!
Јас сум таа што секогаш знае да се забавува и да ги забавува другите. Јас сум таа што најгласно се смее во друштвото. Јас сум таа што кога сум лута може да настрада било кој . Јас сум таа што секогаш им помага на другите, а што самата не може да си помогне . Јас сум најкомплицираната личност на светов. Јас сум таа што најмногу сака малечки дечиња . Јас сум таа што најчесто е сфатена погрешно. Јас сум таа што за многу работи другите и се чудат. Јас сум таа што најмногу мечтае. Јас сум таа што сака се да и биде под контрола. Јас сум најголемиот инаетчија . Јас сум таа чија коса е нејзина најслаба страна . Јас сум таа која знае многу да сака. Јас сум таа која ударот го враќа 5 пати повеќе . Јас сум таа што ако сакам можам да допишам уште милијарда работи за мене, ама ај нека бидат доста .
Јас сум таа што е најголем инат дома. Јас сум таа што сака со цело срце Јас сум таа што обожава возбудливи патувања. Јас сум таа што кога сум лута подобро е да не ме чепка никој Јас сум таа што сака најмногу мали дечиња. Јас сум таа што сака да слуша музика. Што сака да пее и да црта. Што сака да го поминува времето со друштвото и љубениот. Што сака да си направи убав муабет со мајка си. Јас сум се што сакам да бидам
i jas sum inat no ne samo doma.mozam da se inaetam od tuka pa do Solun. najgolem zivec i nervozant sum golema placka sum isto dr sto sum.... A da verna sum do smrt i sekoja tajna kaj mene e ko na riba kazana najseriozna sum. Gurmanka sum mrzeliva sum odgovorna isto taka ako treba da bidam na nekoe mesto vo 16 ja sum vo 16:30 i toa se smeta za odgovornost hehe aj dosta e mozam da pisuvam do beskraj [mod-kirilica:1x0eunas][/mod-kirilica:1x0eunas]
Јас сум многу темпераментна...лесно се нервирам, но и брзо ми минава љутината, ако не ме чепка никој...имам премногу мечти, за среќа пола веке ги доживев...Кога сакам нешто, праам и невозможното, за да го имам. Љубам многу силно, или ако некој ме навреди го несакам повеке покрај мен. Активна сум, секогаш со многу енергија, скоро перфекционист. Јас сум човек, кој што сака убавите нешта, но да си ги спечели сам. Не сакам неверства, лаги, корупција и такви слични...Најмногу сакам на светот, никогаш да не видам што е војна, нелечима болест (на мен или човек близо до моето срце)...и други несреки, кои што никој неќа да доживее.
Јас сум таа која одлучува за себе! Јас сум таа која солзите ги претвори во искрена насмевка! Јас сум таа која која ќе се изнервира за момент! Јас сум таа која лесно простува, но не заборава! Јас сум таа која тешко се заљубува! Јас сум таа која често, многу често се двоуми, а понекогаш и троуми! Јас сум таа која сама научи да не живее во филм! Јас сум таа која си го бои животот во розово, иако не е! Јас сум таа која пее секогаш, иако нема убав глас! Јас сум таа која бара да ја сакаат таква-каква што е! Јас сум јас!
чувствително личност што се и сешто си става на душа. толерантна личност што знае на многумина да им прогледа преку прсти лесно навредлива, посебно од некој што многу ми значи друштвена упорна сакам да живеам така како што јас сакам а не како што другите сакат ЕТЕ ТОА СУМ ЈАС
Јас сум кучката која е вечен влажен сон на сите машки во Скопјево и пошироко... ЛОЛ, чекај малце, па машко сум јас бе. о.О
Јас сум таа која не може без другарките. Јас сум таа која е најголем инат, но доброто срце на некој друг ите како го гази тој инат. Јас сум таа која има големи погледи за својата иднина. Јас сум таа која сака да го сврти светот за 80 дена. Јас сум таа која обожава релаксација, медитација и внатрешен мир. Јас сум таа која обожава да црта, глуми, чита и пишува. Јас сум таа која е рамо за плачење. Јас сум таа која ги сфаќа оние шеги кои никој друг не ги сфаќа. Јас сум таа најмрзливата личност во цел свет. Јас сум таа која верува во Јинг & Јанг, во живот после смртта и во Карма. Јас сум таа која сака постојано да биде средена и чиста. Јас сум таа која гледа да не греши. Јас сум таа која на моменти живее во свој розев свет. Јас сум таа која секогаш и се свиѓаат многу момчиња, но во ниеден не е заљубена. Јас сум таа која на моменти е молчелива, а на моменти не може да земе здив од зборење. Јас сум таа која мава често (не)сфатливи филозофии. Јас сум таа која сонува за среќен брак полн со деца. Јас сум таа која сака слатки мали дечулиња. Јас сум таа која е прееееемногу емотивна (и плачка). Јас сум таа која која и покрај се’ си останува таа што е.
- Јас сум една гооолема плачка. Си плачам за се, си плачам кога сум среќна, си плачам кога сум тажна, кога ќе ме изнервираат си плачам за да не се скарам со тој што ме изнервирал. - Јас сум дупло ракче кое нон-стоп сака да биде гушкано, мазено и пазено, кое ги сака најблиските и животот би го дало за нив, кое си го сака дечкото кој го прави најсреќен, кое си го сака кученцето. - Јас сум едно инатче, кое кога ќе посака нешто тешко на сите ако не го добие. - Јас сум девојка кој обожава да пие кафе и пуши цигарчиња. - Јас сум девојка кој сака секој ден да научи нешто ново, да чита многу многу книги, да чепка по google. - Јас сум девојка која не сака студ и зима. - Јас сум девојка која едвај чека да има свое семејство. - Јас сум девојка која сака да сака и да биде сакана