Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која сум јас?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од princessofthedark, 5 јули 2010.

  1. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Да не полагаше кај онаа старката на ПМФ? Нада ли, како се викаше не знам.
    Една изгубена, пред пензија :D
    На сред предавања знаеше да заспие со главата потпрена на едната рака и да се штрекне.
    Ај насмеј ме и кажи ми дека е таа. Баш ми беше убаво да се присетам на тие денови на ПМФ :D
     
  2. Krisi88

    Krisi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    30
    Јас сум таа што секогаш е или ултранајвеселата личност која денес ќе ја видите или најголемиот намќор од кој ќе се исплашите повеќе и од Фреди Кругер.
    Јас сум таа што слуша рок и метал ,а понекогаш по желба на извесни пријатели оди и на концерт на Аца ,Лукас, не потценува разлики во културата и ги цени луѓето според нијансата на бојата на душата.
    Јас сум таа што е вистински заљубена и една од ретките кај кои тоа се забележува дури и на оддалеченост од две автобуски станици.
    Јас сум таа што има прочитано многу многу книги кои се од круциојално значење за литературата, а се ,,пали ,, најмногу на шунд литература .
    Јас сум таа што изгледа како милион долари на улица , а нема пари за автобус.
    Јас сум таа што дури откако дипломираше сфати дека го згреши факултетот , па реши да си работи по струката од средно.
    Јас сум таа што кога лаже , по пет минути си признава дека излажала ,затоа што нема да заспие вечерта од грижа.
    Јас сум таа што украде лажичка за сол во една сендвичара и се помоча во гаќи кога ги забележа камерите и си мислеше дека утре ќе ја даваат на ударни вести на А1.
    Јас сум таа што ужива додека пие алкохол и што си мисли дека колку повеќе зборува ,толку помалку ќе ја фати.
    Јас сум таа што обожава да е прва во се, па дури и тогаш кога е последна .
    И ако се сфати преносното значење на се, јас сум секоја девојка која ќе ја видите зад аголот....
     
    На Izaabella и Lov3 им се допаѓа ова.
  3. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Јас сум таа ладнокрвната, што не простува, не признава грешки( никој не еперфект )
    Јас сум таа која е тука секогаш да помогне, да даде совет, да биде рамо за плачење, дежурна утеха..
    Тука секогаш за блиските, да им се угоди на нив(еднострано)
    Јас сум таа со цврст карактер што е најчесто позитивно расположена за хумор, но кога сум озбилна озбилна сум.
    Јас сум таа која го крие својот страв во себе, несакајки да ја покаже слабоста пред другите.
    Едноставно јас сум уште едно човечко суштество, кое се разликува на некој начин од останатите.

    Ауу ама си се испофалив xD :P
     
  4. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    382
    Јас сум таа што малку можат да ја сфатат...
    На изглед ладнокрвната, индиферентната, нечувствителната личност...но сепак топла, заинтересирана и чувствителна..
    Јас сум таа која што сака да биде сигурна во тоа што го прави, па макар и 100 пати да праша додека не разбере.
    Јас сум таа која што им верува на сите, а не би требало, која е тука за сите на кои им треба помош, а на неа кога и треба има мн малку покрај неа..
    Личноста која или зборува многу или долго време ништо не кажува
    Личност која живее во свој затворен свет.. кога молчи постојано и луѓето околу неа не и зборуваат (посебно сестра ми :) )
    Личност која тешко се заљубува...и која симпатиите им ги препушта на своите другарки.
    Јас сум таа која мн ретко се лути, и да се налути мн брзо и поминува..личност на која понекогаш и е криво зошто не го памти тоа луѓето што и го направиле и едноставно се однесува како ништо да не се случило.
    Таа која што секогаш сака се да и биде средено по нејзино :)
    Да ги има работите во свои раце и на се да има контрола..

    Јас сум едноставно Јас : ))
     
  5. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Јас сум онаа девојка која никого не ја сфаќа (дури ни мајка ми). Често си ги менувам чувствата, најверојатно заради песната која ја слушам во моментот и затоа секогаш слушам забавна музика и (скоро) секогаш сум расположена. Јас сум единствената од сите луѓе кои ги познавам која верува во виша сила. Вљубеник во природата, би се откажала од буквално се само да можам да си го живеам животов на некоја планета каде што луѓето не владеат, но се доволно цивилизирани да живеат во групи и си помагаат меѓусебно. Се знам ама се прам на Тошо :D . Иако некои мислат дека не сум способна да сакам и многу се затварам во себе, кога би се обиделе да ме видат така како што сум би забележале дека во мене се крие многууу љубов. Имам бујна фантазија. Нарцисоидна сум. Многу се нервирам кога на некого му се одземени правата и секогаш се обидувам да ги доведам нештата во совршен ред (најчесто неуспешно, никој не ме слуша). Другарите ме сметаат за луда или во најдобар случај чудна и затоа не ги чувствувам блиски. Животните не' разбираат, далеку од тоа дека не размислуваат како нас, туку и некогаш сметам дека се попаметни (тие не се оние кои ја уништуваат Земјата, нели?). Да бев сосема сигурна дека постои подобро место на кое одиме кога умираме ќе се самоубиев :rofl: . Ај да не почнам да зборувам за инатот ми, овенче сум :devil: .
     
  6. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Јас сум средношколка
    Јас сум онаа која секогаш фантазира.... :rofl: :lol:
    Јас сум онаа која пишува........... :)
    Јас сум Французинката во класот :P
    Јас сум гласен навивач и најголем фан на фудбал :D
    Секогаш праведна, и се обидувам да ги доведам работите во ред.Многу емоционална, се ставам на срце.... :worried:
    Добра и секогаш им помагам на другите ако можам (не си ја сакам оваа особина) :)
    Јас сум онаа која никогаш не се откажува од ништо,макар крај на светот било...многу сакам да успеам... :inlove:
    Не им верувам на луѓето, и знам многу работи, но се правам будала да видам до каде сето тоа ќе иде! ]:)
    јас сум онаа која дефинитивно треба да си замине од Мк што побрзо...разочарана во било кој аспект
     
  7. ofi4

    ofi4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Jас сум таа што мрази да лаже, а посебно некој да ја лаже
    Јас сум таа што толерира до крајни граници..
    Јас сум таа што во моментов не знае што чувствува...дали е тоа љубов или само чиста навика
    ...кога сум нервозна, не можам да се контролирам.. и најчесто страдаат тие што не се ни најмалку виновни.......
    Јас сум таа што е секогаш весела..па дури и кога сум најтажна....Јас сум јас :)
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас сум таа која никој не успева да ја прати додека збори.
    Јас сум таа која ретко кој може да ја разбере и онаа која не знае кога е право време да заќути.
    Јас сум таа која може да опрости безброј пати, но и со најмала грешка би можела да те пратам по ѓаволите.
    Јас сум млада, амбициозна, тивка, повлечена, но гласен фудбалски навивач.
    Јас сум египќанка во срце, родена македонка, французинка во дното.
    Јас сум таа која не јаде ништо бело освен сирење и кокос.
    Јас сум таа која знае да се снајде, која умее да го добие она што го сака.
    Јас сум таа која водејќи се од своите желби, често знае да ги повреди саканите околу себе.
    Јас сум таа која не учи од своите грешки.
    Јас сум таа која знае да сака, да чувствува презир и ред други чувства, но не умее да мрази.
    Јас сум таа која има големо поле на интереси, неодлучна, песимистка, љубоморна и посесивна.
    Јас сум таа која сака да помогне, верува љубовта е се, но парите не те прехрануваат.
    Јас сум таа која скока до небо кога ќе добие роза, или чоколадо.
    Јас сум конзервативна, пристојна перфекционистка.
    Јас сум јас и не би се сменила во ниту еден поглед.
     
  9. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Јас сум навидум обична, меѓутоа многу компликувана девојка
    Понекогаш знам да бидам себична, идиот кон другите, но никогаш со умисла
    Многу сум импулсивна, и тоа често ми пречи во секојдневните односи
    Нестрплива сум, сакам се, сега и веднаш
    Од друга страна сум многу голема емотивка и плачка
    Не сум тврдоглава, знам да бидам разбрана, и да послушам туѓ совет
    Обожавам да гледам филмови и да читам книги
    Јас сум само девојка од соседството, како и сите вас !
     
  10. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Јас сум личност што го живее животот како САКА и УМЕЕ !!! Јас сум личност која секогаш во секое зло гледа светлина,поточно нешто добро,извлекувам поука од секој свој потег и гест,од секој свој пад и чекор напред...не живеам од пофалби,од нив ништо не добивам ниту пак учам,не живеам по некои правила за ``Убав и Успешен живот,, не верувам во тоа ! за животот да ми биде убав не ми требаат правила по кои ќе одам туку искуства и моменти кои ми укажуваат на сето онаа што го прават животот убав.
    Не сум личност која на лошо враќа со лошо,напротив не мразам никого па дури и личности кои ме повредиле многу,карактеристична сум на свој сопствен начин,не живеам во животот на другите и воопшто не мислам што кажале или што ќе кажат другите за мене...го правам онаа што сакам да го направам....негативна особина ми е тоа што на моменти сум инатлива и провоцирам,но знам да се соочам со пораз и го прифаќам тоа ! Ги сакам животните и тие ме сакаат :inlove: имам некаква поврзаност со нив што неможам да ја опишам само можам да кажам ги сакам до тој степен што кога би видела кола која минува и во тој момент се најде куче пред неа не би се двоумела ни малку во тоа да се испрчам пред колата :) :angel: Сум спремна да помогнам секогаш кога можам...сакам изненадувања и сакам кога изненадувам...обожавам да танцувам ... како и да играм по нотите на животната мелодија ...Епа тоа сум јас :$ :D
     
  11. stewart

    stewart Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    30
    јас сум таа чудната
    јас сум таа со бушавата коса
    јас сум таа слабата
    јас сум таа што секогаш ја гледа налошата страна на работите
    јас сум таа што сака да црта
    јас сум таа што знае да влезе во својот замислен свет од кој што многу тешко излегува
    јас сум таа тивката
    јас сум таа што ги сака животните повеќе од луѓето
    јас сум таа што се би дала до отиде во Англија
    јас сум таа што неможе да биде сама
    јас сум таа незнае што сака од иднината. сака само да живее.
    јас сум таа што плаче на филмови.
    јас сум таа што за еден ден ја јаде Нутелата.
    јас сум таа што неможе да помине ден без својата најдобра другарка
    јас сум таа што мрази топло кафе
    јас сум таа што незнае да заштеди пари

    ....тоа сум јас...или барем блиску... :)
     
  12. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Јас сум The Crab.

    Јас сум матурантка.

    Јас сум онаа која сака да пишува проза (а за тоа скоро и никој да не знае).

    Јас сум онаа која не го сака спортот и животните ( но не ме сфаќај буквално).

    Јас сум онаа на која расположението може да и се смени за 1 минута, но сепак е стабилна личност со свои ставови, размислувања и длабоки емоции.

    Јас сум онаа со многу амбиции, но која во моментот е тешка мрза.

    Јас сум онаа која некогаш сака да избега далеку од се', во непознати краишта.

    Јас сум онаа која ја гледа убавината и во најмалите нешта, но чијшто очи не се фотоапарат тоа да го овековечат, па мора да се труди да го запомни.

    Јас сум расеаната на која некогаш убавите мисли и сеќавања испаруваат некаде далеку во заборавот и тоа што сакам да го запишам и зачувам како спомен, останува засекогаш ненапишано со надеж дека еден ден ќе имам многу поубави спомени од оние заборавените.

    Јас сум повлечената и ладнокрвната, но која кога сака се' предава целосно (секогаш водејќи се' според некои свои поставени и замислени граници) во однос на своите емоции - срцето и разумот треба да одат заедно.

    Јас сум јас - со вредности и мани која преку создавање идоли во својот живот се оформила како личност каква што е денеска - добра или лоша сепак своја. :)
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Јас сум јас, иако понекогаш посакувам да сум друг или барем да не ме видат и познаат како јас. Јас не сум ти, ниту сум тој, таа, тие, вие, тие, оние онаму. Јас не сум толпата и сигурно нема да ме видиш како се кријам во неа. Јас сум поединецот, онаа индивуа, што ја гледаш онаму во панталони и со цврсто стегнат каиш. Јас сум земниот човек, со нозете цврсто стапнати на тлото и главата високо крената во облаците. Јас сум и топло и ладно и слатко и кисело и солено. Јас сум око, уво, уста. Јас сум безгрижниот уметник, креативната душа и аналитичкиот ум. Јас сум темнина и светлина, смеа и тага, хедонистичка перверзија, животна мизерија, мистерија, изгубена и вратена, искасапена и сошиена, но жива, и те како жива хуманоидна форма од нежна, а сепак груба жена.
    Јас сум јас.
    Обичен смртник, кој денес е тука, утре нема. Јас сум оклоп од челик и срце од свеќа, цврста челуст, и болна душа. Јас сум лудиот, контрадикторен, сам на себе враг и сечиј пријател. Јас сум надвор мирна и тивка вода и олуја одвнатре. Јас сум свет каде секој би се загубил, како што се губам и јас. И да, тоа сум јас. Јас сум се’ и ништо, кога посакувам. Јас сум ништо и пак се’, кога ме поттикнуваат. Јас сум се’ што помислуваш и ништо од тоа.
    Тоа е мојата вистина и не може да биде ничија друга. Едноставно и просто, каква, впрочем сум јас :).
     
    На Gunshine, EleMental, Breezy и 4 други им се допаѓа ова.
  14. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    80

    и јас сум таа.. ама иста таква.. посебно за смеењето и малерот :D
     
    На viki44e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Јас сум хип-хоп.
     
  16. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    I'm one of those people who will walk into your life, teach you a lesson and then walk away.
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    The kind of ppl that u either LOVE, either HATE ! ^^
     
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Jас сум таа која знае да ги насмее другите ;)
    јас сум личност која сака да се забавува :lol: :lol:
    јас сум она која слуша странска музика најмногу од се
    јас сум она која постојано се жали ;)
    јас сум она што плаче на роматични филмови ;)
    јас сум она која сака црвена боја ;)
    јас сум голем песимист ;)
    јас сум таа која обожава црвени ружи
     
    На SanjaKirchner му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Јас сум таа што е секогаш тука за другите
    Јас сум таа што знае човек да насмее
    Јас сум таа што секогаш помага
    Јас сум таа што е органозатор на журки :)
    Јас сум таа што сака да биде среќна
    Јас сум таа што сака и сака да биде сакана
    Јас сум... Јас сум Сања и секогаш ке биде тоа што е, а тоа сум ЈАС
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miro

    Miro Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Jas sum toj eden i edinstven :D <3