Јас сум сопруга на еден среќен човек, кој многу го сакам. Јас сум мајка на едно мало, невино ангелче кое допрва ги спознава убавините на овој свет. Јас сум оптимист, кој секогаш оди со глава низ ѕид за да ја постигне целта, одвнатре нежна и кршлива, однадвор силна и непокорлива.Јас сум уметничка душа, која го живее својот роман, другар кој слуша и советува, некогаш дрска, но не безобразна, некогаш брза, но никогаш неправедна.Јас сум човек кој игра со отворени карти и не поднесувам лицемерие и неправда.Но пред се, ЈАС СУМ СТОЛБ НА МОЕТО СЕМЕЈСТВО!
Која сум јас? - Читај надолу, нешто повеќе за мене, во кратки црти! Јас сум таа што ја сметаат за мирна, тивка и повлечена личност (тие кои не ме познаваат добро). Јас сум личност која гласно зборува. Јас сум девојчето, со бушавата коса. Јас сум таа која го искажува своето мислење, без разлика дали му се допаѓа некому или не. Јас сум таа која е тврдоглава, и тера инает...не попуштам бре! Јас сум таа, која си дреме на компјутер (на Фејсбук и Фемина). Јас сум личност со чуден карактер. Јас сум таа, која што преферира индивидуална работа. Јас сум таа, што во моментов не е заљубена. Јас сум амбициозна и искрена личност. Јас сум брза, темпераментна и енергична. Јас сум таа што знае огроооомен број вицови. Јас сум таа што ова цело мислење го напиша со употреба на анафора. Јас сум јас, поинаква од другите, личност која не сака планови, личност која не ги искажува своите емоции пред другите, личност која постојано зборува, секогаш сака да дели совети, и сака да се докаже како личност! Ете, тоа сум јас, неповторливата! Спојлер ПС. Јас сум таа која напиша еден цел реферат во темава.
Јас сум таа која никогаш не знае да се опише. Онаа која многу лесно се нервира за глупости, која простува ама не заборава. Јас сум таа кај која секогаш мора да е се под конец...Онаа која мрази лаги,дволичност...онаа глупа емотивка, секогаш повредувана од животот и тажната судбина. Онаа која и покрај се секогаш е насмеана..Кога се кара....нема крај, ако е во право не попушта, ако не е ќе се извини. Онаа која се што прави прави за себе, онаа која лесно се заљубува....И можам да изнаредам еден куп работи а пак да бидаам онаа која нема нзс.
Јас сум седумнаесет годишна бунтовничка Јас сум девојката со насмевката Јас сум најгласна Јас сум себична Јас уживам да ги сликам случајните минувачи Јас сум голема плачка
Јас сум таа што секогаш гледа остро, на прв поглед ќе ти оставам впечаток дека не смееш да ми се доближиш затоа што сум ЛОША и СЕБИЧНА. И да и понатаму ќе ти изгледам така затоа што таква сум. Јас сум студент кој за факултетот остава се друго, студент кој знае дека тоа му е единствениот излез и не ме интересира што се лутиш затоа што немам време за тебе. О да, сега сите сте на последно место. Јас сум таа што никогаш не ставила некој друг пред себе, никој не го заслужува тоа, јас сум таа која е свесна дека единствено јас самата нема да се изневерам. Јас сум таа која никогаш нема да плаче за момче, која никогаш нема да ја процениш како се чувствува. А ако мислиш дека си успеал, лажам и се кријам, затоа што никој никогаш не смее да ме види скршена, а внатре умирам.
Јас сум таа која... - Може по цел ден да тера инает - Може по цел ден да попушта - Секогаш гледа прво да им угоди на другите.. - Секогаш се смее... - Е прва за забава... - Секогаш е на списокот за направените глупости... - Сака по цел ден да не е дома.. - Ако е веќе дома, да се кара со некој.. - Незнае шо сака у живото.. - Знае искрено да сака... - Секој може да ја зезне, ама на секој може дупло да врате.. - Е најголем фан на Влатко Илиевски.. - Е прва за расправија со професорите - Се дава само презимето и патиките НЕ! - И после тоа што Ивица излезе од идол уште е за него.. - ЈАС СУМ ЕДИНСТВЕНО ЈАС!
Јас сум онаа која што многу се сака себеси Јас сум онаа што е секад незадоволна Јас сум онаа што секад бара мани Јас сум онаа што бара многу внимание а дава помалку Јас сум онаа што сака да и угодуваат но и да угодува Јас сум онаа што е секад расположена за смеење и за добра журка и правење глупости Јас неможам да држам лутина Јас сум плачка понекад Јас сум онаа што неможе да седи сама
Јас сум...силна личност која судбината ја гази секогаш кога има прилика.Јас сум онаа која како феникс, ќе се издигне од пепелта после секој пораз.Онаа која секогаш има сила и волја да продолжи понатаму...Вечно со насмевка на лицето, дури и кога срцето плаче....Секогаш директна и со целосно различни мислења и ставови од другите...Јас сум чудна и интересна, ладна и недопирлива...Ај доста ви е за сега
јас сум девојката со цврсти стандарди,која стои и секогаш го исполнува тоа што го ветила,која се ќе направи за оние што ги сака па макар тоа да ја коштало и прескапо,онаа која секогаш е расположена за добра журка,забава искачањее,мистериозна,интересна ... достаа ее... (
-Јас сум таа која секогаш има идеја што да се прави вечерва -Јас сум таа која пред испит не спие и се дрогира со кафиња за да учи -Јас сум таа која секогаш црвенее како домат кога ке се засрами -Јас сум таа која мрази да мие чинии и чаши -Јас сум таа која секогаш е спремна за некој нов предизвик -Јас сум таа која секогаш гласно зборува и се смее -Јас сум таа која секогаш размислува дооооооолго доооолго кога треба да избере помеѓу две нешта -Јас сум таа која секогаш ги анализира дури и најситните детали за некои проблеми, ситуации,настани.. -јас сум таа која е секогаш спремна да направи СЕ за личностите кои ги сака и и значат -Јас сум таа која тешко простува лага и НАЈБИТНОТО Јас сум таа што секогаш знае да чува тајни и на која сите и се доверуваат ..ете на овие мои карактеристики прво се сетив...
Јас сум вечниот психолог и психијатар во друштво, јас имам решение за сите проблеми јас имам дарба да ве насмеам и кога сте тажни јас сочуствувам и сум голема плачка јас сум главниот толкувач на сонови на сите пријатели јас сум најубавата ќерка на мама, најмилата ќерка на тато, најумната внука на баба, најсаканата сестра на дада јас исто сум и една од најсолидните студентки во фамилија и НА КРАЈ ЈАС СУМ СРЦЕНЦЕЕЕЕЕЕЕЕ хахахаххахахаа
Секогаш распеана од турбо фолк до хард рок Секогаш весела и насмеана Тежок, ама ств тежок инает Крајно емотивна и се си ставам на <3 ми мое напатено СЕкогаш спремна за трачарење, но кога треба молчам како риба Моментално анхепи вљубена и доста збунета
јас сум таа што секогаш некаде шета и не е дома јас сум таа која што е СЕКОГАШ насмеана, ем најмногу ем најгласно соу пипл тинк ај ем хај јас сум тој талент што успева нетот да го сведе на минимум од минимумот за 5 дена (и домашниот исто) јас сум емотивецот во друштво кој што изгледа како најцврста особа. јас сум таа што секогаш добива извинувања затоа што имале погрешно мислење на прв поглед за мене, потоа јас сум најдобрата особа што ја имале запознаено јас сум инатот и гордоста
Јас одлично знам што сакам во животот.Амбициозна сум, вредна и пожртвувана. Насмеана... секогаш добро друштво, за моите блиски само најдоброто и за тие што ме сакаат и почитуваат. Доволно паметна да знам што не сакам и доволно убава да го земам тоа што го сакам!
Јас сум.. тешко е за објаснување. Од секогаш ми било тешко да се објаснам, да се доловам во неколку реченици ( не во позитивна смисла ) Јас сум.. ретко насмеана, освен со најблиските. Ја сум меланхолик, јас НЕ сум најведрата личност, ниту пак опуштена. Јас сум срамежлива. Јас имам поинаква смисла за хумор која ми ја разбираат само тие што се често со мене. Јас сум најстраствениот обожавател на мрачни и страшни работи, на хорор филмови, на мистерии.. Јас си живеам во мојот свет, кој е тежок за разбирање.. Јас сум јас..и убаво ми е.
- Jас сум таа што секогаш има луди идеи.. - Јас сум таа што е луда по рок и метал музика.. - Јас сум таа што секогаш се облекува како никој во светот.. - Јас сум таа што мразам да чистам и да мијам садови.. - Јас сум таа што сакам да патувам - Јас сум таа што сакам да учам jaзици колку што можам повеќе. - Јас сум CELLO - PLAYER
Јас сум таа... -што има најлуди идеи -што најслатко се смее -што е најсрцкаста во дружтвото -најголемиот емотивец -љубител на јазиците -идната охридска снаа -родениот поет -љубител на книги -секогаш насмеана -таа што дава најдобри совети -за цело дружтво рамо за плачење -таа што секогаш е во право дури и кога греши и толку ми текнува