Што јадете најмногу? Што сакате највеќе да го имате дома ? Јас сакам многууу зеленчук, печурки, павлака , јогурт и пилешко
Кај нас секогогаш има некое саламче, а јас не се оставам без домати. ги обожавам. И нормално млеко и сок мора да има секогаш.
Сирење, затоа што го јадам со се, и не внимавам на тоа како ја мешам храната, едностаавно тоа што ми се свиѓа, тоа го јадам. Секогаш сакам да има изладено вода (потребна е во летниве денови, а и најмногу освежува), исто и ладно сокче. Преферирам секогаш дома да има зеленчук (домат, краставичка, кромид, пиперка) за да направам шопска.. да каснам свежо, затоа што од жешково немам многу апетит и единствено што ми е најубаво да го јадам
Некое пушено мевце, убаво кашкавалче, мајонез со вкус на краставици од Полимарк, кајмак, и мноооогу чоколади.
Млеко и млечни производи. Од мала сум научена да го започнувам и завршувам денот со шолја млеко. Сирење, кашкавал, зденка, путер, павлака, кремсир... Тоа мора да има кај нас во фрижидер. Доволно ми е да си намачкам путер на лепче и да си каснам сиренце. Тоа ми е цел оброк.