Благо, благо, благо - благото е на прво место. Само благо да има е битно, не можам денот да си го замислам ако не каснам нешто благо, па макар и мармалад било. Сувомеснати производи на чело со чајна колку ми се слатки неописливо, некогаш само така ги јадам без леб без ништо, и повеќе од 2 дена кај нас во куќа не стојат. Кашкавал и јогурт - скоро секогаш има во фрижидер, и се дел од секојдневната моја исхрана. Разни видови на овошје, и по некој густ сок да има во фрижидер исто така би било пожелно. И за крај кечапот да не го заборавиме, што бива без него?
Без сувомеснати неможам-кулен, скоро сите видови на салами, врат, печеница, виршли. Ни еден ден не ми поминува без нив, и многу брзо ги снемува. Сирење или кашкавал, исто така ми е задолжително. И за крај нешто благо, без него ниеден оброк не е комплетен. Без разлика дали е некое чоколадо, торта, сладолед.
Јогурт, павлака, маргарин, и Фиш Фингери-риба похована од Тинекс- Неможам без неа и да, морски плодови
АБЦ-крем сир млеко,јогурт бело месо(свежо,димено) ајдамер мексиканска мешавина,пченка,грашак леден чај
Најчесто ми е фрижидерот, полу-празен, да не речам празен. Нит глава боли, нит имам што да чепкам кога сум гладна навечер. Сепак секогаш имам путер, крем-сир, 3 - 4 вида на сенф (тоа за криза кога ме фаќа после град, обично лижам сенф ), пожелно е јајца да имам, ракија која се лади, мастика која се лади, кечап, и чајна ако се најде, добро би било, ама не секогаш се наоѓа. Ау да, аргета паштета, за резерва мора да има секогаш И по некоја туна конзерва ми останува како црна резерва.