Секогаш сакам да имам шпагети,сирење и сенф. Шпагетите ми се најлесни за подготовка,а само со сирење мислам дека можам да преживеам со години. Го обожавам. И го јадам со се. Сенфот најобичното јадење на свет ,дури и лепчето знае да го направи послатко.
Било што само да е полн фрижидерот за време на ноќната патрола! Шала, она што мама ќе го стави тоа нека биде, но важно и во лето и во зима ладна вода да си има!
Сакам секогаш да има крем сир, неколку видови сувомеснато, маслинки, кисели краставички, џусови, чоколади и ладен чај! А секогаш има путер, млеко, јајца, сирење, кашкавал, некое саламче, зеленчук обавезно и кисело млеко, зошто татко ми едно дневно мора да изеде.