Јас сум голема плачка, емотивец невиден. Лесно се лутам, а кога ќе се налутам ме држи кратко, секогаш продолжувам како ништо да не било. Можеби затоа луѓето ми се качуваат на глава, и некогаш се мразам сама себе зошто сум будала која паѓа на два убави збора, и простува на секој.
Јас сум еден голем емотивец,тврдоглава, лесно се лутам но брзо ми поминува. Премногу сакам животни и мали деца.
Jas sum Devojka so mnogu sonista koi mi se istvarile ama na sprotiven nacin. Premnogu emotivna licnost sto koga sin mi za prv pat trgnal vo zabaviste i placese, placev i jas so nego. Koga prv pat imal priredba vo skolo, koga go vidov kako pee dusata mi se ispolni placev od sreka solzite ko vardar tecea, placev koga go gledav kako pleska so racinjata. A i da ne zaboravam jas sum licnost sto nikogas ne dozuvea uspezi (osven 1-2pati vo zivot) tuku samo padovi. I vecna budala, sto nekoj, kolku loso da mi ima storeno jas sepak ne go mrazam iliu sctuvam grb koga e potrebna pomos, a takvite toa go zloupotrebuvaat
Некој би рекол арогатна , но јас велам дека сум човек кои игра според свои правила , кога не имам до мене неистомисленик и не стоиме на иста бранова должина го избегавам Не сакам да си го трошам времето на глупости и глупи луге Сум манипулатор но кога ке претерам знам да надохнадам Можам да издржам све , освен раскинувањето од бившими , не можам да се помирам до ден денес ...Иако повеке си ја сакам слободата но тој беше за мене све.. И да , многу сум егоиста , посесивец, себична .... Ретко плачам ... Логички размислувам.... За мене постојјат само мои правила .. И да , игнорирам сосема небитни луге ! Ако јас го сакам и поштовам некоја персона ,и од другата страна е исто така , таа персона знае дека има доживотно најголем пријател !
јас сум две во едно..или другата во мене едната јас е емотивно мн ранлива,нежна и кревка.Често пати повредувана..будала која верува мн во погрешни личности.И одново и одново ги прави истите грешки.Мало девојче кое на моменти сака само да се склопчи во нечија прегратка да се исплаче и да биде силно гушната и така да заспие другата во мене е чиста спротивност.Адреналински настроена,јака,борбена лавица,паѓа ја тресе прашината од неа и пак се исправа.Дрска..тера у три лепе секој шо не и се допаѓа. која од мене ќе ја добиеш зависи како се понашаш со мене давам мн шанси на луѓето..ама кога еден ден ќе ми преќипе те бришам од живот засекогаш
Јас навистина сум една многу кревка душа Искрена и наивна личност која сеуште верува во добрината на луѓето Повлечена и мирна, со ниска самодоверба и мисла дека се наметнува секому и секаде Сакам луѓе околу себе, да споделувам и среќа и тага со сите
Имам пројдено низ многу; сум спознала болка, но знам за добрина; не можам со сите, и не секој може со мене; за некои арогантна, за други добродушна - по заслуга. Ниту се величам, ниту се потценувам. Збир на хаос и емоции. Би искористила цитат од покојниот Хантер С. Томпсон, кој најдобро ме опишува: One of God's own prototypes. A high-powered mutant of some kind, never even considered for mass production. Too weird to live, and too rare to die.
Кој сум јас? Епа вака според некои сум будала, кретен, идиот и лицемерно суштество. Секако голем дел од оние кои го велат тоа се баш оние на кои сум им се нашол кога им било најпотребно. Искрено за таквите ме заболе што мислат за мене. За мене е важно дека јас не сум им погрешил ништо туку напротив сум се обидел да им помогнам. Ќе се обидам искрено и објективно да кажам кој сум јас всушност. Ќе почнам со моите недостатоци и тоа дека сум: инаетлив, асоцијална личност, песимист, нетрпелив, срамежлив, наивен и често знам да се воздржам кога буквално се обидуваат да ме испровоцираат. За себе сметам дека сум искрен и добар човек и се трудам на секого да му помогнам доколку можам, мразам кога некој ќе ме праша некое прашање по 1000 пати иако претходно јасно и концизно сум му одговорил и тоа страшно ме иритира. Толку можам да кажам за себе, повеќе сакам да слушам што мислат другите за мене дури и да имаат погрешно мислење за мене. Поубаво да ми кажат во лице тоа што мислат за мене бидејќи почитувам искреност и не се лутам. Нека ми кажат дури и се најлошо дека сум лош човек или дека сум грд и лицемерен сељак ама лице во лице да се соочат со мене, а не да слушам маалски муабети за тоа каков сум. Ако е за атер доста е.
Сум и пред огледало и пред другите иста. Искрена, некогаш и брутално искрена за најблиските. Се каам за многу грешки од минатото, се би дала да можам да го вратам времето назад. Знам да се расплачам како мало дете, но само кога никој не гледа или кога со мене е дм. Не сакам да ме гледа најмалку мајка ми како плачам, освен ако се солзи-радосници. Знаат да ме скршат навреди на професионално ниво. Но, нема да дозволам никој тоа да го примети освен дм. На него му кажувам се. Не бев свесна за својата убавина и фигура, се додека дм не ми ги отвори вистински очите. Мислев дека нозете ми се криви, а лицето грдо... Дека ме галел животот, не ме галел. Поминав низ многу работи и се уште поминувам за жал. Но, животот е борба. Па, ќе се борам до крај. Не сакам да мудрувам, ниту да солам памет иако многу ме доживуваат како таква. Не можат да разберат дека некој има само најдобронамерни совети. За мене велат дека сум најпозитивното суштество на светот, и навистина сум таква. Низ годините знаев да бидам намќор, но поради мојата срамежлива природа често не умеам да ја изразам мојата позитива. Имав многу пријатели кои буквално ми го забија ножот во грб. А јас, и ден-денес знам да ги гушнам и отпоздравам. Секако, веќе не ги држам блиску до себе... Ја немаат мојата лојалност, а ниту искреност. Само некоја бледа сенка од мене. МНОООООГУУУУ сакам да се гушкам, значи МНООООГУ! Знам да трачарам, но знам и да чувам тајни кога треба. Некогаш ме сметаат за маолумна, глупава или наивна... Нека, нивното мислење не ме засега. Можеби еден ден мојот ник ќе биде осознаен, многумина може и ме знаат која сум. Јас не се срамам од тоа што сум, ниту имам некои било какви тајни. Имам амбици, соништа, планови како секој човек на планетава... И сум упорна да ги исполнат, дури и да треба да поминат години. Не сум хејтер, иако ме викаат Фирер. Уууу.... Ако продолжам, три дена ќе поминат п.с. Самодовербата ми е слаба страна, а анксиозноста е во топ 3
Јас сум личност која имам доживеано доста работи за моја возраст, личност која некогаш е демотивирана а некогаш е многу мотивирана, личност која без разлика на се, нема да се откаже и ќе си ги исполни своите цели.
Не знам кој сум и никогаш нема да знам зашто се менувам нон-стоп со текот на времето и ја сакам секоја промена во мојот живот. Знам само што сакам да добијам а што да изгубам во секој момент и по тоа се водам..
Изгубен случaј зaдушен oд непрaвдa и злoбa oкoлу негo кoј иaкo не е цврстa личнoст пoрaди бoлкaтa вo душa сепaк успевa дa лебдее нa пoвршинa. Oд другa стрaнa милoстивa , a пaк тoa oд глaвa ми се удирa. Амбициoзнa и гoлем перфекциoнист штo мислaм декa ми е мaнa. И гoлем сaмoкритичaр :/
Јас сум личност која не може да ги најде соодветните зборови за да се опише самата. Изгледа вистината пред себе е најтешка.
Темава ја замислував некако за со пократки одговори, нешто едноставно кратко и јасно, а тука реферати кој е што е. Па, за некого најдобра, за некого најлоша, за едни пример, за други без мозок, а во суштина борец. Еден единствен збор. Тоа сум јас.