Мојот ваков беше, само наместо син, темно црвен.Ми се падна на наградна игра мислам, и кои радости тогаш леле леле.На кој ќе стигнев звонев и пораки пуштав, седум години најмногу да имав. Ехх, носталгијаа.
@Bender Rodriguez Таков дедо имаше Дека за возраста рече, па сега ме стави во мисла, немој, не Томислав Хардовски, туку Тома Аквински
Колку што ме држи меморија, ова ќе да беше Сега се подзамислив, каде ми е телефончево уствари.. Не ми текнува што се случи со него Многу си го сакав, не го давав никој да го чепка И ваков дома имавме. Демек заеднички. Цигла Кога ќе ми текне сега, поголемо од фацата ми беше..
Еве ја љубовта моја. Животот ќе го дадев за него во 2009. Имав околу 1500 фотографии. Spoiler Тие што имаа блекбери беа супериорна класа.
оууу, се сеќавам на мојата цигла хххх Беше од Италија, три букви имаше во името ич не ми текнуе на името во моментов. Сив со црно. На преклоп, па и со камера. Фраерка и пол сум била.
Како на @Miss666, и мојот прв телефон беше Алкател 331. Ми го купија на 10 години, во петто одделение. Го сакав, го чував, го носев со врвца околу вратот Потоа му купив и црвена маска, да го разубавам Си префрлавме сликички и полифони мелодии со менување на СИМ картичките, кое замарање беше тоа Ме потсети на едни убави, безгрижни времиња
Го добив за 13ти роденден и за тоа што поминав со сите 5ки. @Едно Чупе браво за темата, очигледно ни врати убави спомени на сите
За кој како јас сум многу помала за разлика од моделот наследство од тато ми беше да не ме разгалувал со нов го користев кога беа излезени сименс А52 па сега рачунај колку бев „затуцана“ затоа реков трауми од детството сега ми е смешно ама тогаш....зини земјо голтниме Е дури после 2 години свати дека времињата се сменаа и дека не можи на тој начин да ме воспитува и ми купи со преклоп беше не се сеќавам само која марка беше . Eдит: го најдов Сони Ериксон бил која е разликата меѓу првиот и вториот
Пρвото телефонче ми го подаρија моите за ρоденден и сеуште го чувам..... не може да им се фати на овие со тачсκρин
Нема каде ме ми паднал, во вода, на плочки, од тераса... и сеуште работи. Убаво велеше еден човек на еден друг форум, ќе дојде време пак ќе ги бараме овие мобилни.
Nokia 6500 Си го обожавав На 11 или 12 години го добив. Знам дека душата му ја вадев на телеофнов , aма како и секој Нокиа, издржуваше. На крај му се расипа батеријата, а не можев нова да му најдам. Мислам дека крај на светот ми беше тогаш.