Често се соочуваме со проблемот дека кај нас неможеме да си купиме се што сакаме поради слабата понуда па одиме на шопинг надвор од Македонија , симнуваме модели од интернет па бараме добра шнајдерка , добар материјал па се случува и да не излезе онака како што сме замислиле. Ви се случува ли тоа често ? Што ви недостига кај нас?
КОЈ БРЕНД БИ САКАЛЕ ДА ГО ИМАМЕ ВО МАКЕДОНИЈА Тие ми се први 6 на листа, брендови за широка потрошувачка со нормални цени и големи попусти и распродажби.
КОЈ БРЕНД БИ САКАЛЕ ДА ГО ИМАМЕ ВО МАКЕДОНИЈА Бурбери ми е омилен бренд. Ама џабе ќе го имаме овде кога капутите му се колку 5 просечни македонски плати. Така да,не верувам дека некогаш нешто ќе купам од таму!
КОЈ БРЕНД БИ САКАЛЕ ДА ГО ИМАМЕ ВО МАКЕДОНИЈА По бутиците тек-тук може да се најде некое брендирано парче, али не е то то. Баш би сакала да има официјални продавници на Бершка, Х&М, Форевер21.. имаат стварно многу убави и квалитетни работи. Досега сум купувала од овие брендови во бутици али не се официјални дистрибутери.. би било добро да ги има официјалните да бидеме сигурни што купуваме. Во Скопје информирана сум дека има некои од овие, колку е точно не знам.. би било супер ако се распространат и во другите поголеми градови
КОЈ БРЕНД БИ САКАЛЕ ДА ГО ИМАМЕ ВО МАКЕДОНИЈА Zara,Marks & Spencer,H&M,Bershka,tally weijl (повторно да се отвори)Jennyfer...ɞ
КОЈ БРЕНД БИ САКАЛЕ ДА ГО ИМАМЕ ВО МАКЕДОНИЈА Секој ден му се молам на Господ да ја имаме продавницава и во Македонија!!!!
КОЈ БРЕНД БИ САКАЛЕ ДА ГО ИМАМЕ ВО МАКЕДОНИЈА Поима неам дали е дозволено да се ставаат козметички брендови тука,ама јас сум изгорена за овие две
За нашиот стандард и тоа што ние ќе можеме да си го дозволиме Zara,H&M,Bershka,Pull&Bear,forever21,topshop.. нз има и др на овие се сетив сега. Но цените да бидам како во USA и попустите да не бидат од пр. 1500 на 1200 се знае што е попуст не за џабе цела Македонија е во Грција.
Поголемиот дел од мојата облека е од него. Во Швајцарија облеката со овој бренд не е воопшто скапа. Би сакала да го имаме и во Македонија но по можност со нормални цени
па зара ама зара ќе донесат сега со новиов шопинг центар што го прават..,иначе H&M ако го донесат пресреќна би била!
H&M и Zara само се плашам дека ако дојдат кај нас ќе се преценуваат со цени и моделите нема да бидат тоа тоа, како што е случај си Манго и со Њујоркер. И една марка што ја има во Словенија C&A има работи за буквално без пари, јакни по 10 евра фармерки за 3 евра а стил и квалитет на H&M! И Икеа!
Повеќето веќе сте ги набројале, Зара, Бершка, Страдивариус, Сфера, Х&М, Алдо, пак да отворат Тели Веил, а најмногу сакам да отворат аутлет на гореспоменативе продавници, особено на Манго, па да купуваме да не речам беспари