H&M, Reserved и Sephora. Reserved особено ми е драг бренд, ниво на H&M е и има многу убави, квалитетни работи и со пристапни цени. И Primark не би било лошо да имаме.
Forever 21! (- што најверојатно никогаш нема да се случи...) За H&M не ми се верува, а и не би сакала зошто дефинитивно ќе банкротирам. „Дел од медиумите веќе шпекулираа со можно влегување на нови марки. Според овие написи H&M, С&А и Deichmann треба да дојдат во Македонија во наредните три години, а рестораните за брза храна KFC и побрзо.“ Извадоков го најдов на интернет, од 2017год. е, така што има надеж и за нас.
Маркс и Спенсер, ама со оглед на тоа што ги затворија дуќаните секаде во соседството, знам дека никогаш нема да дојдат. И интимисими ми фалат, ги имаше кај нас, па ги затворија.