Меѓу омилените - Калиопи, Мијата, Маја Саздановска на времето ми се допаѓаа многу Ерзана и Тања Царовска и уште ги слушам песните на Ерзана, уште звучат модерно и квалитетно, потоа вокалот на Туна, Александра Пилева (зборувам само за вокалот, не мешам сега појава или други особености). За волја на вистината Каролина пее одлично, ама толку многу други работи кај неа ме спречуваат да ја вбројам во омилени вокали. Неомилени - Ноне пискалото, Маја Вукичевиќ, Дани, Мартина, Орнела, некои самопрокламирани пеачки, целата турбо-фолкерска плејада, Софија Манева... и Верица Пандиловска ми е одвратна со гласот.
Омилени Дани и Каролина, Калиопи исто, одлично пее. Трендафилка ме потсети на Ерзана и Тања Царовска, кои имаат ептен убави и кул песнички. Се согласувам и за Туна. Најнеомилени Адријана и компанија, Елена Ристевска ми е лигла невидена. Другите, ниту омилени ниту неомилени.
Сега, секогаш и ... Туна. Просто ја обожавам комплетно девојката. Од глас, до став, поглед, насмевка, стил. Комплетна личност, подалеку не гледам, пр. изборот на сопруг и останато. Сакам таков стил на музика каков што она прави. Затоа тука би ја вброила и Ерзана. Ко малчека ја обожавав, ми беше омилена тогаш, така до ден денес не ми е wierd да ја слушам. Тања Царовска - одличен вокал, во Троја воодушевува нејзиниот глас. Тамара Тодевска исто ми се допаѓа многу. Елена Ристеска така-така, Ружица од Ареа ми се допаѓа, од овие сега новите ми се допаѓа гласот на Наташа Малинковска или како год и да беше, ма да не е нова, се сеќавате на Багаж групата и: `А тииии, погледни нагоре ...` Неомилени немам. Ама мењам канал кога ги гледам Елена Петреска, Маја Вукичевиќ, Орхидеја во пакет со Оливера Ѓоргоска, Мартина, Бојана, Верица Пандиловска, тие. Орнела бре, кај ти текна Тренди на неа. А ова е недефинирано. Не ми се верува дека Тони Михајловски ја викна оваа во емисија. http://www.youtube.com/watch?v=FekcrEMk_ac
омилена петдупло болдирана не само на македонската естрада туку општо меѓу сите мои омилени ми е каролина, прекрасна е, одлични песни одличен вокал, Лоба и од ареа вокалот Ружица ако не се лажам, одлични се :up: не ги сакам Дани и Маја Вукичевич ми стења по тоа песните а мисли опасни срцепарателни песни пее
Омилена ми е Каролина, а ги сакам и Дани, Маја Гроздановска Панчева... Не ги сакам сите овие новиве што се соблекле по долен веш да пеат, мислев не пеат туку како со шајка на стакло да гребаш...уши да ти оболат.
Имам повеќе неомилени отколку омилени. Од омилените, Туна и Кристина Арнаудова. Мијата скоро и ич да ја нема, штета има прекрасен глас. Неомилени, многу почнувајќи од Елeна, Дани фолирантката и сите турбо-фолкерки и новиве wannabe's да не ги набројувам мислам дека е јасно.
Неможам да речам омилена,зошто такава нема....сите се од ужасни поуужасни. Катастрофа: 1-Елена Р. 2.Калиопи 3-Каролина ....и цела останата компанија(Тамара,Маја Г.....итд.се до Сузана Г.)
Имаше феминки што зборот од уста ми го извадија! И се смеев на тоа многу! Омилен: Калиопи Неомилен: Ноне
Омилени ми се Кристина Арнаудова и Александра Пилева најнеомилени Биба Додева, Тамара Тодевска има и други ама овие ми се ептен безвеза .
Омилени: Елена Ристевска, Анета од молика , Викторија Лоба , Каролина итн.. А најнеомилени .. тамара ама ја слушам понекогаш .. сузана гавазова ги има многу ..
Најнеомилени: Дани , Ноне, Оливера за која немаше ни да знам која е ако не се случеше нешто поврзано со неа. Омилени: Каролина. Девојката има одлични песни и фантастичен глас.