И во Чаир седевме крвави ако добиеш една спавача дневно треба да си среќен за чаршави да не зборам.Ама затоа кога директорот оди во визита се свети одма наоѓаат и спавача и чаршав
Другарка ми кога не прашуваше каде да се пораѓа , две другарки и сугериравме Чаир... Колку плачевме и имавме грижа на совест кога ни кажа
Драма Муабетот почна за еден доктор, заврши со муабети за условите по болниците со преувеличување. Немам искуство со Гак, но знам дека и мојот матичен си кажа дека нема останато добри доктори, наспроти Чаир. За условите не е темата но дефинитивно не е нешто за припаѓање у несвест.
Ај малку осет имајте Темава е во Бременост, каде ја читаме трудници,идни родилки, престанете со муабетите таму умрела,оваму умрела!!! Бидете човечни оти не чека истото, паники и стресови лично мене барем не ми требаат, а ги добивам читајќи ве!
На сите ни вријат хормоните и сите имаме доза на страв. Ама за дали е човечно тоа што го споделуваат тие што пателе(дирекно или индиректно ) и то како е ЧОВЕЧНО . Фала им што на сета болка наоѓаат сила да кажат гласно ,со надеж дека ќе поштедат некого . Од молчење си патиме . Еве и јас се плашам ,докторот кој очекував да ме пораѓа го нема ,а сум со историја ,што дека ми е трето по ред пак се плашам оти не знам во чии раце ќе бидам. Со второто се пораѓав во Кавадарци зашто месец пред мене беше случајот со родилката во Гевгелија (а првото во Гвг ми е родено) . Не да бев уплашена ма сон не ме фаќаше додека не најдов др. кој го доби моето поверење и веќе ништо не беше ниту страшно ниту стресно.
Да не се повторувам,само ќе се надоврзам.Факт е дека има различни искуства,не негирам дека тоа што го пишувате не е вистина. НО (големо но) секогаш пред нешто да изговориме треба да помислиме каде и пред кого тоа го кажуваме,односно пишуваме и какви последици оставаат нашите зборови. Со сета почит зад секој пишан збор од било кого тука,во последно време со страв од можно вознемирување и стрес ја отварам категоријава. Сите се обидуваме да бидеме и мислиме позитивно и убаво,впрочем избор немаме,но со толку негативности тешко се успева,верувајте.
Да не ме разбереш погрешно ама за ваков однос посебно во вакви услови си можела комотно тужба да му стегнеш. За кој Младен Ристески зборите, помлад е? Од Охрид е по потекло? Ако е ѕој што мислам, немам искуство со него како доктор ама го имам запознаено онака и многу ми е антипатичен, ова уште повеќе ми потврдува каков е На Ребека мажот е онколог, може каснам со муабетов ама сега се зачитав. Инаку 2 пати кај Гордана Петровска Систина, жената е Тој е дефинитивно, многу антипатично човече. Што се фалел дека работи во Систина да го бивало уште ќе работел
Штета што немам услови за Систина и мене Палчевски ќе ми беше избор,вака уште сега си ја држам под мишка мојата докторка што ме води
За Гоца немам доволно пофални зборови. Стручна, професионална до крај и човечна пред се. Изгледот и е само плус, да ти е мерак да ја гледаш Јас го пукнав мм зборејќи колку е јака, на сите ја раскажувам