супер тогаш јас како со слушав ако не си со врски демек не те гледале прва бременост ми е па затоа немам искуство
Еве јас ќе се пофалам од Клиника (ГАК). Без врски, без плаќање, супер поминав. Тофоски ме породи, царски, за еден ден станав, секој ден чисти спаваќи ни даваа, бебето нон стоп ми го носеа, јадењето беше толерантно.
Незнам човек како да каже можеби зависи какви ти се очекувањата па како ќе поминеш.За мене тоа што е ок за некого е недоволно.Да очекуваме третман во државните болници како во приватните е апсурд.Тие што доаѓаат од помалите градови за нив Чаир и ГАК се и те како супер во споредба со нивните болници разрушени.Дај боже и на ГАК конечно да почнале да се оправаат работите сепак тоа и им е обврска.Јас пак ќе кажам ете сега одам почесто на контроли во Чаир буквално никаква врска немам докторите сега за сега и повеќе од коректни.Ама па и тој што имал лошо искуство неможе да ги фали и нормално ќе ги плука.
Јас ништо не дадов, тоа им е работа не смее пари да зема од никој. Ако сакаш после можеш да го почастиш со некој пијалок или бомбоњера тоа си е твое. Ама пари не мора да даваш.
Апсурдно е што го нема третманот секаде, како што е во приватните. Да очекуваш хигиена и човечки третман секаде треба да е основа.
Искуства кај Др. Николина Ристевска од државната битолска болница? Царски, природно? Договарање однапред и сл детали? Тнх
Јас природно се породив со неа...само пофални зборој. Една другарка сеа скоро со царски кј неа. Све најубо Облека за бебе ќе ти треба само за излегување од болница. Спавачи исто немаш потреба ќе ви дадат. Таму си ги преслеквет бебињата и ги средвет
јас на прегледи одам кај него презадоволна сум за пораѓај ако одам систина планирам кај него не сум сигурна дали систина или чаир.
Мене ме породи во 42 недела само немој да очекуваш премногу.Со царски искрено од царскиот сум задоволна раната супер заздравуваше ниту инфекција добив ниту ништо.
Убавинава до мене ја имам благодарение на др Златеска,да не се нафатеше она да ме породи со царски рез не ни сакам да замислам што ќе случеше со мене и со син ми. Криво ми е што не ја видов за да и се заблагодарам но ќе најдам начин ќе ја побарам бидејки жената заслужува голема почит и благодарност.