Не ја затвараат. Има официјално соопштение на страната на болницата. Моја топла препорака за др. Илиевски. Во ниту еден момент нема да погрешиш.
Кој доктор од Систина и Ремедика е стручен, а да води бременост но и да е достапен кога ќе дојде време за породување ? Божем решив кај Гордана Петровска, но ве читам дека не доаѓала на повик кога ќе дојде време и затоа сега некако не сум сигурна кај кого да терам...
Гордана е прекрасна, ама многу барана. И некако ми форсираат она и останатите во систина да почне породување со провокации. А кога ќе почне нешто на сила претежно и завршува на сила (царски) . Инаку мојата докторка од систина бараше мислење од неа како да постапи со мојот случај.
да јас бев на скрининг кај неа, вака убав впечаток ми остави кратко траеше но ок помина се, е сега ова прочитав дека ако не е на смена на повик не доаѓала,а јас имам желба тој што ке ме води здравје да ме пораѓа...а ова за провокации незнаев, порано цело време се ширеа муабети дека наводно царски најчесто пораѓале али ете не е така значи...
Денес бев на преглед кај него мојата докторка беше на одмор и ми остави убав впечаток, смирен, сталожен, објасни се што требаше и што побарав... така да претставувам дека и за породување ако ти е нема да згрешиш.
знаев! го направија Бред Пит вака по слики не е лош ама не е па ни нешо wow.. добро важно си е добар по струката.. @Софија 88 нели си бараше ти гинеколог за следење и пораѓај, ако е добар зошто не си го одбереш него?
хаха, ме изнасмеа...ова дека е згоден и убав тука читав од членките, и денес кога ми рекоа твојата докторка не е тука Бојаџиев ќе те види одма се сетив на муабетите за него што се правеа тука и се изнасмеав така фино и сега пак @Martka далеку сум уште од втор скрининг јас, имам уште фурни леб, бев зошто имав болки во бубрезите и доле кај матката Ти како помина на прв скрининг каде беше? @Emma2 барав за матичен гинеколог, тоа за водење бременост пред некој ден беше но веке се одлучив, за систина ич не се мислев кај кого би одела знаев одма, таму само еден доктор не им мирисам и почитувам, али за Ремедика да.. Бојаџиев ми се појави ко замена случајно денеска, и он вака супер впечаток ми остави, па кога нема да е тука она ќе имам добри замени
Каков дипломат си, си се изнасмеала а конкретен одговор нема дали е убав или не Ако, кај и да си решила само за арно да биде!
хаха, абе тука да си кажеш не е проблем али таму беше интересно кога слушнав и видов Докторот е висок, млад, да убаво изгледа , но сега да е паѓање во несвест не е ...така да кој сака да провери дали е по негов вкус слободно еден преглед може да си закаже
Не можАМ, ќе му стане сумљиво на маж ми, се во Ремедика си терам дека Се шалам бе па ти, сеа ќе се стрчам одма мислиш Ко воли нек изволи секако..