Ти благодарам,прво на преглед сум кај него, па ќе видиме како ќе поминеме, па за пораѓај. Во секој случај ти благодарам
Генерално сите се ок во Чаир. Само за тој др. Младен немам баш убаво мислење. А и многу поплаки за од него сум слушнала. Бајалски , смирен доктор, фин е.
Некоја препорака за доктор од ГАК за пораѓај? За во чаир горе доле имам некоја претстава, ама ако се одлучам за ГАК немам поим кај кој доктор би идела..
Кој и да ти се погоди ќе поминеш супер. Сите се одлични и стручни нема да зажалиш. Мене царски ме пораѓаше Златеска и сум презадоволна. Имам одлично искуство со скоро сите доктори што се таму и сум презадоволна.
Мене Горан Кочовски ми се погоди некни.Ми рече за една недела сум пак јас на смена во амбуланта дојди тогаш.Ни упат ни ништо,ваљда со тој извештај од преглед ќе биде.Иначе ми се виде како ок личност,па видеќемо
Среќиче баш имаш среќа мене многу ми го фалеа тој кога барав мислење за доктор на ГАК за 2 скрининг,немаше термин кај него па си ќарив кај Самарџиски
У која недела отиде прв пат? Ја сум у понеделник на контрола кај матичниот па не знам дали да барам да ме прати, дали сам ќе му текне..
Извештајот важи еден месец сега наредниот пат ќе ти го рачунаат како контрола иначе и јас еднаш се имам видено со Др и ми се виде ок личност
Јас со првото кога се пораѓав Кочовски беше дежурен. Иако не ме породи тој ми остави многу убав впечаток, со него мислам дека добро ке поминеш.
Прв пат отидов во 36та недела ама тогаш ме фати напад на желудник.Кај Кочовски отидов во 38-ма .Инаку човекот кога ќе го видиш има таква една сериозна фаца ќе речеш ауууу нејќам кај овој,и му го кажав тоа ама па го слушав колку им збореше на другите пред мене,а и мене и баш беше цукерче Во четврток ќе сум веќе 39+4 .Ти побарај еве у четврток е у смбуланта,сите чекаат тамо. @Septemvri па ај да ми се погоди онда,плус е и шеф на одел за царски нели ако затреба @Meckicja не ми треба жено еден месец да важи,не ќе ја носам 12 месеци лепотицава
Лекар си бирам јас за на ГАК или кои ми се падне.Јас па освен Роса,не знам никој.Девојки вие што сте на ГАК споделувајте за да си помогнеме.Јас сум 29+,малку ми е рано,ама да знам како да постапувам.Ви благодарам.
Немај гајле она испраксирана е да видиш сестрите како го мањачат Кога дојде после царскиот ми вика имаш болки,сакав да му кажам докторе кога те видов тебе се ми помина
Може,може да дојде за пост породилна контрола да напраи,не би ми сметало ич Само некој искусен да го вади бебево надвор. Инаку сабајле од 5 до 8 имав контракции од по 30 секунди на секои пола саат.Се грчеше стомакот,болеше половината и имав УЖАСНА болка доле.Од 8 навака еве ништо
И он е искусен и многу стручен,чисто да си знаеш. Сите доктори таму се стручни,јас 4 години се маткав таму,специфичен случај бев со мн ретка аномалиа на првото бебче и сега оваа бременост ме гледаа како на микроскоп. Јас такви болки имав дента кога ми пукна водењакот но мислев се лажни и не ни обврнав внимание.