Повели информација за услугите и цените кои се во Систина https://acibademsistinababy.mk/images/novosti/poroduvanje-paket-mk.pdf а кој доктор и да го одбереш нема да погрешиш
Како знаете кој ве породил? На отпусното не пишува,легитимации не носат. Јас го прашав докторот ми кажа дека се вика Васко-Гак млад беше,а другите 3-4 сестри или акушерки појма неам кои се
Мене ме пораѓаа Ѓорески, Николова и некој др Петревски што сум го гледала на Гак ама не знаев дека е доктор. Постар доктор накај 60 години ама многу стручен. Благодарение на него и јас и бебето излеговме живи и здрави од родилна сала.
Мене ме породи др Сотир Николовски во Плодност јас сум презадоволна и од докторот и од акушерката Марија ама посебно од докторот кој е толку многу позитивен и не ме остави до денот на заминувањето дома
Акушерките се тие што ја вршат целата работа...Докторите се тука ако се искомплицира нешто. барем кај мене беше така.Во секој случај на првото и второто породување имав по 5 души околу мене и сите ми даваа подршка.За првото породување во Чаир беше Димитар Георгиев( ми се качи на стомак да го натисне бебето за надолу..) а за второто Ана Данева и акушерката Весна ја запамтив.Сите беа топ...смирени и професионални до крај.
Мене ме интересира дали знае некој кај Младен Ристевски се оди кога е термин за пораѓај или може и скринизи кај него во текот на бременост.
Кога ќе влезеш во 9 ти докторот ти дава упат за во Чаир и одиш на преглед,па со докторот договараш кога ви е следното видување.Мене со двете ми рекоа да дојдам на термин
Дали може да ми ја води бременоста значи секој месец на преглед да си одам кај него,тоа ме интересира.
Мене ми ја водеше цела бременост,беше достапна цело време и целосно посветена за мојата бременост. Ми закажа царски ама мене ми пукна водењакот порано она дојде одма и со пукнат водењак ме остави да лежам до наредниот ден за царски,ама мене ме фатија убаво болки и цела ноќ пробуваа природно да ме породат за на крај и јас и бебето почнавме да се губиме и итно царски. Моето прекрасно мислење за нејзе пропадна тој ден,она требаше одма да ме земе на царски а и демек кажала горе ако ме фатат болки одма царски ама јок.
Др.Лазарова ме породи пред три недели.Се породив природно.Немам зборови за докторката.Од 36та ми ја водеше бременоста.Човечна и стручна.Топ!
Во Чаир не водат бремености и не прават скрининзи, приска како на ГАК. Тоа е само родилиште. Значи во 9 месец. Мислам дека има и некои ризични, или со женски болести, ама тоа е со договор со докторот. Генерално е само за пораѓање.