И јас правев втор скрининг во Чаир, немаше термин на ГАК. И кога бев имаше една женичка после мене памтам на ехо во 33 недела, значи не е и само за ctg..
Мамички, Колкот ме боли, ишијас, 37 недела сум. Болката варира со различен интензитет ме боли. Никогаш предходно сум немала болки во колкот. Дали има некоја искуство царски мора или може и природно да се породам?
Мене ме породи др. Ѓорески пред месец ипол. Супер е докторот ич не се секирај. Мене жена му ми ја водеше бременоста ама сум била три пати кај него на преглед кога Малахова не беше на работа. Нонстоп е достапен само е премногу зафатен сите го бараат и цело време е растрчан. За разлика од него Малахова целосно се посветува ама проблемот е дека не дежура па тешко да темпирате пораѓај.
Супер доктор. Ниту врски имав кај него ниту ништо а цел 9ти месец кај него одев цтг и се погоди баш тој на смена кога дојде време за раѓање. Пријателски однос. Прекрасен човек.
И мене ме породи Зоран. Нема врска муабетот за царски. Јас бев над термин се породив 41+ ,ме чекаше цело време и на крај природно ме породи.Секој преглед и цтг ми беше кај него.Супер е и како човек и како доктор.Само пофални зборови имам за него.
Со вторава бременост одлучивме во ремедика да се породам. Кој доктор од таму е добар за породување. Секое искуство ми е добродојдено. За два дена влегувам во 20 недела
Најдобриот доктор кој го имам сретнато. Човечен и опуштен однос, да те смири за време на пораѓајот. Цел 9 ти месец кај него ми беа контролите. Немам зборови. За следно пак би одела кај него.