Здраво, ме интересира препорака за доктор за породување од Чаирска? Дали некој се породил за време на Корона кризата таму?
Да презадоволна сум стручен добар позитивен. Дури бев во болница секој ден идеше по 2-3 пати да праша како сум. Еве 9 месеци како сум породена сеуште комуницираме
Здраво на сите, сакам да прашам дали некоја членка се пораѓала кај Др. Ана Марија Шпишиќ во Чаир? Јас сум 40+3 денес, со намалена плодова вода, утре повторно сум на преглед а доколку не добијам болки до утре вечер или не пукне водењак ќе ме задржат во болница во среда наутро. Ќе ми значи многу ако некој бил во слична ситуација да сподели искуство а и да ми одговори ако се породил кај докторката Шпишиќ. Благодарам и поздрав.
Сашо е прекрасен стручен и многу директен доктор. Јас лани имав отидено еднаш кај него и следниот пат кога бев не го најдов. Беше таму само во Петок.
Дали некој водел бременост кај др Афродита од Ремедика и да е породена од нејзе... Како сте задоволни
Има многу, пиши во search и ќе ти искочи нешто сигурно. Нема да згрешиш кај кого и да одиш во Ремедика. Јас од мое искуство ти го препорачувам др. Ефремовски стар доктор е и многу добар. И Димитров и Јовановски мислам беше многу ги фалат.
Јас одев на скрининзи и она ме породи со царски рез, поминав одлично, докторката е посветена стручна и пред се човечна, презадоволна сум.