Џабе предлози ќе ти даваме кога нема таму ти кај кој сакаш, туку кој ќе ти се погоди. Секако ако имаш врски па да си одбереш. Иначе сите се стручни и сите ќе те породат. Само има многу нови имиња што прв пат ги слушам, ваљда се млади доктори. Адела на времето важеше за добар доктор сега само што се ашка и клешти по ходници неправи ништо друго.
Јас сум била кај двете, кај Сима пред 1,5 год за операција не за пораѓај и стручност на ниво. Адела ме породи пред месец дена и да не беше она веројатно ке раѓав два дена. Јас си двете докторки имам добро искуство затоа предложив
Во право си дека Адела е можеби најгласна на ГАК, и во сала е таква гласна се смее нонстоп зборува.. ама подобро такка отколку да ќути и ништо да не кажува. Јас кога раѓав знаев за се што се случува (ајде напон еве ја главата пипни, сега ке те сецнеме, сега ке те стиснеме) За тоа колку е стручна има и на форумов пишувано позитивни мислења.
имам искуство и кај Сима мн задоволна ама не за пораѓај така да незнам , за др. Адела можам топло да ја препорачам и јас , два пораѓаи кај неа , две бремености ризични ми водеше од 10 та недела па до крај и како пред 8 години исто така и сега пред два месеци ист третман од нејзина страна, реално како што кажа @Cholipam гласна е и се смее и збори многу ама стручна максимално и прави опуштена атмосвера што јас мислам дека е многу важен фактор во тие моменти ....
Мене ме пораѓаше Миле Тантуровски Само пофални зборови ако не беше он ке се мачев ... Се помина во најдобар ред
Јас треба да одам на царски и најверојатно ќе одам во Охрид, ве молам за искуства како поминавте? Препорака за доктор и ве молам за инфо каква е негата после пораѓај, дали се ок персоналот?
Царски ме пораѓаше Кировски со двајцата, задоволна бев. Сега со третото ме породи Ќаев на ГАК, исто од него презадоволна. За другите услови таму нема да коментирам.
Сега брзо се породи царски на Гак ако добро разбрав. Честитки Ме интересира колку време ве задржаа односно после колку дена ве пуштија дома? За условите и јас не очекувам премногу само се надевам нема да се шокирам. Ако имаш некој тазе совет би ти била благодарна.
Јас пред месец дена се породив царски за жал итен на гак и супер услови има ја сум презадоволна од цел персонал иначе нас со бебушот не задржаа 6 ден бидејки жолтица фати малото иначе за 3-4 дена ако е се ок со тебе и бебуш ве пуштаат
И мене ме пораѓаше др. Младен од Чаир. Јас сум повеке од задоволна. Докторот е совршенство. Јас на шала викам уште 5 деца да раѓам би сакала тој да ме пораѓа