Ова пред 7 години јас се пораѓав кај др. Мимоза и задоволна сум од неа и од цел персонал ... беше средено чисто сестрите услужливи во секое време , во собата има и тоалет се на се добро поминав... Ке видиме сега како ке биде
Ти благодарам на споделеното искуство Мене еден доктор ми вели да одам кај Кате, друг кај Мимоза, ама како што читав Кате била ептен нова, па мислам дека ќе договарам со др. Мимоза. Сега сум 34та недела па во 36та здравје ќе одам кај докторката. Што треба да носам за мене и за бебе?
За тебе само облека за кога ке излегуваш и за бебе исто ..,, таму секој ден даваат нова спавача да менуваш и за бебе исто шпилозни нивни им облекуваат ... за тебе влошки влажни марамици и полнач за тел друго ништо
Дали има некој инфо кој ден е д-р Зоран Илиевски во Чаир во амбуланта, на мој термин дава опции само Амбуланта1, 2, 3, а не и доктор.
Да,откако почна короната нема доктор само амбуланта стои на упат,а во кој ден и која амбуланта е секој пат е различно,ги менуваат.Др Илиевски јас кога одев беше во среда,а сега разбрав дека во понеделник ќе биде во амбуланта.
Котларова ме породи, презадоволна сум од неа. Условите и третманот после пораѓај се беспрекорни. Побарај во search имаме многу пишувано за искуства од Ремедика.
Дали ако не се отвориш до крај одма те ставаат на царски ? Кои услови реално треба да бидат исполнети за царски ?
Карлично свртено бебе,ма да и тоа по твоја желба може да го местат внатре во стомак,и да пробаат природно,губење на тонови,голем диоптер,ако се искака бебето во плодовата вода и сл.Инаку се чека највеќе до десет дена по терминот,повеќе би рекла до седум дена,пробуваат со провокации,па со вагиналети за омекнување кои помагаат да се отвориш,и тогаш веќе се оди на царски.
Значи мора да има индикации за да виде со царски, не може од прва. А дали се потпишува согласност за царски ?
Во државните тешко,во приватните незнам,ама претпоставувам и таму се форсира прво природното породување.
Секаде се форсира природно, освен ако имаш индикација за царски според медицинската историја. А согласност се потпишува, и државно, и приватно.