И јас се спремам за в Чаир иако имам уште до термин.Јас сакам со царски 36 години сум,прв пат раѓам и имам многу страв.Веќе сум во преговори со доктор кажете нешто како си поминавте.....Јас веќе ме фаќа паника по малку
Нее, немој да се плашиш. Јас сум голем паничар од доктори, од вадење крв и се тие процедури. Па покрај тоа супер поминав. Само остани смирена. Се се случува толку брзо што не си ни свесна, поготово ние што ни е прво дете. Анестезијата не боли, болка што се издржува. После анестезијата и онака не си свесна. Првиот ден имаш болки ама ти даваат инекции за смирување, се се тоа болки што се издржуваат. Мој совет ти е да станеш што побрзо што можеш, немој да се улежуваш. Јас првите два дена не можев да станам ама после тоа одма почнав да станувам. Исто така мој совет барај си инекции против болки сите денови додека си во болница за да можеш да си се одмориш и опоравиш, јас после инекцијата станував да прошетам дека помалце боли. Инаку бебчето е цело време со тебе така да имаш мотивација одма да станеш, по малце и мораш одма да станеш Со лесно мајка
Со лесно нека ти е, ако биде природен пораѓај мораш во целост да соработуваш со докторот немој да се плашиш
Јас стварно многу лесно поминав. Дај боже сите така да си поминат. Иначе имав скриен шеќер, па ми рекоа дека подобро ке биде со царски да се породам да не биде шок на организмот природно.
Навистина се брзо се одвива,така да пострашни се филмовите кои ние ги правиме На прво ЦТГ кај што ќе се пораѓаш,ќе пробаш да се договориш со докторот за царски.Нема да ти прават проблем. Потоа ќе пиеш вода колку можеш повеќе.Уште во шок соба ќе ти остават чаша со цефка,а ти ќе бараш да ти допунуваат цело време(за да ти се исчисти телото од анестезија за д а немаш главоболка).Прво станување е болно,ама колку побрзо станеш,побрзо ќе се опраиш.Ко за утеха,станав после 8ч.
Прашав и во други теми но ајде и овде Дали некоја мајка се пораѓала кај др ана данева маркова од гак да сподели искуство и дали сеуште може да се закажува за пораѓај кај нејзе?
Женски едно прашање имам може малку чудно ама од вчера се замислив. И темава може не е соодетна ако грешам слободно префлете мислењето или канта. Дали им купивте нешто на докторите што ве пораѓаа? Како ми се ближи времето и почнувам со припреми и тоа ми падна на памет Ви благодарам.
Со две се породив и освен што маж ми донесе благо, сок и кафе за персоналот на смена, ништо не сум дала. Вториот пат и Не ни знам кој ме породи
Здраво мамички кажете ми кој доктор би ми го препорачале за во Плодност и дали може сама да си одберам или тој што ме води тој ќе ме пораѓа кажете ми ако знаете како оди и дали е поубаво со епидурална или спинална анестезија???