прво дете др Јане Стојковски - ремедика второ дете др Зоран Илиевски - чаир и двете преубави искуства и смирени доктори, прво со епидурал второ без анестезија, природни пораѓаи.
Д-р важи за многу стручен,барем така се зборува за него. Немав врски за кај него, туку тој беше на смена. Јас сакав природно, но откако д-р убаво ми ги објасни ризикот, последиците итн., се помирив и прифатив царски.Сепак, дома ме чека уште една душичка која има потреба од мене.
Мене ми ставаше итен серклаж, ми го препорачаа за високо ризични бремености (а и другиве не се нафаќаа баш зошто беше касно) малку ме исплаши на почетокот со што се може да се случи, сеа одам кај него на контроли на 2 нед и некако станува по оптимистичен ( на почетокот многу резервирано ми делуваше, по малку и строго)и затоа се договоривме да терам кај него за пораѓај. Само не знам дали пораѓа и природно или само царски ама како и да е кај него ќе терам и ми ја знае ситусцијата цела од почеток.
Препорака за доктор за пораѓај во Систина? И далк сопругот го пуштаат внатре кај тебе после пораѓајот
Јорданчо Иванов со двата сина преубо поминав да кога ќе се сместиш во нормална соба може да дојде сопругот
Здраво, дали ќе може мислење за Јорданчо Иванов и Корнелија Трајкова од Систина? Сакам да се пораѓам спонтано, имам слушнато убави зборови и за двајцата но сеуште не можам да одлучам.
Ме породи мене со првото, Докторката е супер колку што успев да проценам од два часа, Професор е, имав среќа што се погоди на смена кога раѓав. Инаку само тогаш ја видов после тоа не.
Кој и да одбереш нема да згрешиш, колешка се пораѓаше со двете деца кај јорданчо, само убави зборови слушав за докторот, Д-р Корнелија мене ми ја водеше цела бременост и ме породи природно, поминав одлично, не жалам за ниту еден денар, алал да им се парите со лесно