Да го потврдам искуството на @macalavica од Јовановски Ремедика. Среќа што отиде на одмор а запната кај него да се пораѓам. Си реков Господ умеша прсти. Имав втор тежок царски у Систина, дојде уште еден доктор сред операција. Коментираа многу лош царски,лош рез, немав опција за прироред пораѓај, внатре партал, дури и сестра една слушнав рече аууу каде била претходно. Ми се слоши што слушнав па на кислород бев некое време потоа. Сега си викам којзнае што ќе беше ако истиот дотичен ме пораѓаше
Леле мајка жал ми е многу, фала му на Господ што си отишла кај друг доктор. Нели се гледало нешто на ехо претходно ако не е добро, заздравување, шевови? Цимерката беше кај Јовановски, слушав го утепуваа од фалење колку минимален рез правел, не се се гледало. Скоро слушнав и од познаничка, пред 4 години била кај него, ја спасил Ефремовски во последен момент со царски... Дотичниот испаничил па го викал да дојде.
Да за резот алал да му е , не му се познава ништо На ехо се супер а вака кога идев на контроли цело време резот го гледаше и викаше супер. Неможеш да знаеш , тоа е
Пред да се решам за Систина, сакав кај Јовановски Ремедика, бидејќи неколку блиски беа задоволни од кај него... сега како читам си викам добра одлука донесов за Систина
Кај мене беа Јовановски и Ефремовски,резот ми е од крај до крај,плус грубо сошиен,па ми пукна после 5 -6 дена па фатив бактерија,и плус парчиња плацента ми оставија а 2месеци ме клукаше со антибиотици,на крај завршив во болница па венски примав антибиотици,и после 3 месеци отидов кај друг доктор кој ми кажа дека имам остатоци.Животот ми го упропасти,преживеав огромни стресови цела година правев контроли,тумор маркери,и на крај добив автоимуно од преголем стрес.Тоа е мојата хорор приказна со него,нејкам името да му го слушнам.
Јас кога го враќам филмот, имав после една недела огромни болки, одев свиткана до доле едвај го дочекав маж ми да дојде да ме однесе, он беше на одмор , рече оди кај Ефремовски , он се е супер излезе демек матката притискала на цревата.
Страшно... Уф колку сум среќна што се предомислив... Како и да е, не се знае никогаш како ќе се одвиваат работите дури и кај најдобриот доктор, но добро е да не прочиташ ни еден негативен коментар за докторот што си го одбрала.
Ели, а некој друг доктор ти го виде резот во втората бременост или само Јовановски? Мене тројца ми го имаат видено и сите рекоа супер заздравено, се надевам така е
Auu ve citam i sega se mislam dali da oda kaj Jane stojkoski na poragaj ili da bara nekoja druga ((, jane mi e stavase serklazot i togas dobro pominav ama sega ne zna kaj da tera …
Ако си задоволна од него не го менувај, подобро да те породи доктор кој те следел и ти ја знае историјата, и ти посигурно ке се осеќаш, пак ти си знаеш најубаво.
Не е само резот. За заздравен заздравен е . Но незнам дали со шиењето , не се разбирам , некој слој бил оставен само мм и нешто докторот збореше еве го допрев и само се отвори претпоставувам резот. Една сестра рече ова милиметар бе докторе. Докторот само викна еве ради ова неможеш ти природно , јас секако планирав царски втор , среќа шо не тргна предвреме цела ќе распукаше матката. Резот искрено само он го анализраше на секоја контрола , а одев и кај Петрова и кај Котларова сум идела на дежурен , матична, никој не спомнал ништо. Но проблемот е внатре а од надвор како шо викаше он -лепота
Јас сум кај Јане царски, супер поминав. Супер брзо ми заздрави раната, многу големо внимание ми посвети и после пораѓај, немав никаква компликација и дома за една недела се движев нормално и се си работев. Се осеќам како никогаш царски да не сум била породена. Дури и претходно си имав проблеми со циклус и сл, сега после тој пораѓај сум како девојче младо во јајници и матка. Не се грижи, докторот е супер! Цимерка природно роди кај него и она помина екстра, не беше ни сечена доле.
@Joraa Мене не ме породи Јане ама тој ме прими ноќта со болки и беше цела вечер со мене. Супер е докторот, си прегледува и си прави муабет, се смеевме , се 'најдовме' и баш се осеќав како на обична контрола да сум, а не на пораѓај. Мене ептен ми се допадна.
Јане се смее ? Секгаш ми е сериозенГо фалат и него, јас пред 10 год.имав лошо искуство за жал го изгубив бебето ме пушти дома без терапија, амо крвариш уште дојди па ќе те исчистиме ми рече, па не сум му дала шанса понатаму. Штета за Ремедика , прва болница оставена така Во Систина имав две цимерки, едната кај Корнелија , другата кај Петровска. Зверки се и двете , Корнелија ем мила ем има доста знаење , во недела дојде од дома, ризична и беше бременоста на цимерката, а Петровска Гордана па зверка и пол. Каков впечаток остава И она по два пати доаѓаше кај цимерката на посети , на доаѓање и идење. Мојот доктор дојде и сабота и недела да ме види… Вака мислам и тука повеќето се ОК, кој оди почесто во Систина нека сподели. Јас сум задоволна иако имав одбивност кон Систина, навистина се каам што така си мислев .