Беше сериозен кога ме прими ама јас го збрлавев со прашања, па почна човекот да збори. После ептен беше опуштено цела ноќ Мене одбивноста кон Систина уште не ми поминува, ваљда се уште не ме изнервирале до толку од Ремедика Инаку Ели и јас имав два пати крварење со првото и ништо не добив од терапија како што препишуваат утрогестан и слично, си помина така. Мислам, не знам каква била твојата ситуација ама сакам да кажам и јас поминав така. Само ц витамин од 2гр.
И моето искуство со Јане беше такво Баш како што опиша- ко да бев на преглед а не на породување, а буквално прв пат го видов човекот пред породување и прилично сериозно делуваше на почеток, ама после беше опуштено Исто, не ме ни сецнаа, па не сум ни шиена и еве недела после породување како да не сум ни родила Во секој случај јас сум највоодушевена од сестрите кои се грижат постпородилно Толку беа фини сите, ангажирани околу доењето и се што треба, се осетив како цел живот да ги знам
Блазе си ви на сите што сте успеале природно, се кладам дека одма после пораѓајот ти било полесно. Цимерката после 4 саати си седеше на столче и си грицкаше, јас третиот ден се мачев да се свртам од грб на страна
На прв поглед е таков мртов сериозен, ама после како одев кај него така му го сфаќав карактерот. После и се шалеше, смееше. Кога се пожалив на подуеност на стомакот и дека немам гасови сеуште, не си отиде човекот додека не прднав (буквално) Сестрите се шалеа, а вика на Јане да не му се пожалиш, таков е нема да биде мирен додека не речеш дека си топ Плус единствен доктор од кој не осеќав болка при преглед со рака и дури го прашав зошто така Рече дека до техниките на секој доктор си е тоа. Мене дека кога ми пукна скроз водењакот со мекониум цела вода црна, он не беше тука и сестрите ја фрлија подлогата во канта кај што ми истече водата и кога дојде им бараше да му покажат во кантата да види Дека веќе се ми истече, а он сакаше природно да си тераме... ама кога виде што излегло од мене, одма во сала ме однесоа. Рече да си сега отворена одиме природно, ама 3 прста, водата црна, бебе веќе се мачеше... 3а Систина до пред некоја година имав некоја одбивност за било што. Но неколку пати итно бевме и вредело секој денар за услугата. Блиску Ремедика живеам и малата ја дупна главата, лееше крв и маж ми во раце и итно прво таму отидовме. Таа на шалтер не гледа со дете крваво од глава со пети, маж кровови по него и ни вика немаме доктор за да ја види, одете на друго место Отидовме во Систина, одма не примија, ја снимаа главата, ја шиеја. Скоро и за маж ми повреда, без мислење право во Систина отидовме. Неколку контроли и преврски не му ги ни наплаќаа. Па некако почна да ми остава позитивен впечаток... Плус цените тука некаде, а Систина и каде каде подобро средена, јас незнам сега како е во Ремедика ама и требаше тогаш доста реновирање.
Навистина е одма полесно по породувањето. Од срце ти посакувам со следното да си се породиш природно ако имаш желба Има многу случаи што биле со царски па после природно родиле. Факт е дека Систина имаат повеќе доктори и од аспект на покриеност се многу подобри, особено со ургентниот центар на педијатрија. Јас со поголемото дете кога и да требало без двоумење директно таму одам и секогаш сум била задоволна, верувам дека и за породување се прва лига. Во секој случај во однос на породување немам лош збор за Ремедика и исто мислам дека вредеше секој денар, особено што имаат многу помалку пациентки, па и тоа си има своја предност На пример јас платив за обична соба (двокреветна), а со оглед на тоа дека немаше гужва бев сама 2 дена од 3 дена престој, исто како да сум во апартман. Сестрите буквално висеа за што и да треба, особено за доењето ми помогнаа неописливо многу, и со масажа на гради и со сѐ, а и ми се допадна што на мое барање го оставаа бебето со мене колку сакам (што беше цело време освен за прегледи кога го зимаа) и не инсистираа на дохрана во ниту еден момент. За Марина па немам доволно пофални зборови. Првиот преглед за бебето ни беше 3 дена по испис и толку беше детален и со псоветеност… Сѐ на сѐ мило ми е што Скопјенцево какво такво нуди избор и мислам дека кој и да се двоуми меѓу двете болници за која и да се одлучи нема да згреши и ќе добие соодветна услуга за цената
Се договори со Ќаев да биде на пораѓај јас кај него одам на преглед после ЦТГ вака ми е ок мн за пораѓај не сум го прашала уште незнам дали доаѓа дека знам државна само акушерки се
Да јас одев кај него предходно на контроли дека ми ставаше церклаж. Има и доктори на пораѓај, имаше и доста млади. Доаѓа и он на пораѓај, надгледуваше и даваше инструкции повеќе, а бабиците главната работа ја завршија. Докторот за природен пораѓај ти е најважен за прием, да не те маткаат многу.
Јас кај него почнав да одам ама за пораѓај уште не сме се договориле вака ми се виде мн ок а кажи ми може сеа глупи прашање ти поставувам бараше нешто за да те води и да дојде на пораѓај
Јас го познавам преку куќни пријатели, не ми бараше ништо но јас го почастив одпосле зошто доста се ангажираше и после церклажот, три месеци на секои 2 недели ме прегледуваше, повеќе од матичниот, исто и за пораѓај ме прими без да ме маткаат и слично. Сега ако не ти е познат искрено не знам како иде.