Отидов во чаир на прва контрола и рандом застанав да чекам ред во една од ординациите. Ми се погоди доктор Едис Мујовиќ, супер ми се виде и му реков дека сакам кај него да продолжам да одам до крај. Пробав да најдам тука на форумов за него нешто ама безуспешно. Бев договорен царски во 38 недела заради висока диоптрија и полихидрамниум, докторот ми кажа кога да дојдам кога е на смена. Значи немам зборови за докторот. И за пред и за после пораѓајот, целокупната поддршка ми значеше многу. Ниту ме знае ниту ме познава, без врски, без никакви пари, баш како што треба еден доктор да се однесува. Ептен пријателски се постави, дури и на телефон и вибер комунициравме пред и по. Доаѓаше во соба да ме проверува дали сум добро, дали ми треба нешто. Месеци после пораѓај и на мене и на мм празници ни честита. Буквално немам зборови за докторот, така да ако се паднете кај него, супер ќе поминете. Пак би одела кај него за следно.
Потврдувам за докторот. На цимерката моја и беше доктор, одличен пристап имаше, цело време доаѓаше ја гледаше, внимателен, многу позитивен. Уште ми е криво што не го одбрав за вториов пораѓај.
Здраво. Ми треба добар искусен доктор на ГАК за водење на ризична бременост со близнаци и за породување. Некој искуство?
Да ве прашам доколку некој знае Даниела Јованова кога и се приемни денови во ГАК? и во која амбуланта, доколку некој бил кај неа? Благодарам!
Матичен гинеколог може да ти провери во систем кои денови работи. Мене мојата матична ми провери така за друга докторка На ГАК
Дали некој може да сподели искуство со доктор Јованова за царски во ГАК, како поминавте и дали однапред се договоривте со докторката ?
Не се живее само од плата, Фана. Сигурно повеќе заработува на државно со плата и договорени породувања отколку само со платата во Систина.
Има, има. Докторот кој ме породуваше на ГАК, претходно работеше дополнително во Ремедика. Кога им забранија дополнителна работа и требаше да бираат каде ќе работат, си остана на ГАК. Врвен доктор е инаку