Многу ми е мило за таквите случаеви.Ама еве јас ја немав таа среќа и на своја кожа го почувствував она лошото од кое што буквално ми се ежи кожа штом се сетам гледам да го потиснам ама не оди и од таму ми е целиот револт . Највеќе од се ме боли што истиот персонал се “грижеше” и за мене и за цимерката со митото - однос дијаметрално спротивен допирна точка немаше . Не сум сакала јас така да биде ама еве беше ..
Значи поентата ми беше дека и на странците им е скапо во нашите приватни клиники. На крај, секој нека одлучува каде ќе се лечи и каде ќе ги дава сопствените пари. Јас поради преголема доверба во докторката која ме водеше и ме породи отидов на државно и супер поминав иако имам и приватно здравствено, а и услови да платам на приватно. Тоа е мој случај и јас за мене можам да зборам и да го споделувам моето искуство, не тврдам дека нема случаеви кои имале лошо искуство ама сепак тука има членки со различни финансиски можности и немаат да си дозволат да се породат на приватно, па не треба да им се ствара слика дека одат во кланица а не на пораѓај.
Секој си пишува од своето искуство и жал ми е што си поминала низ сето тоа. Не дека во секоја болница нема некој доктор/сестра или останат персонал што ќе се однесува лошо. Коментарот ми беше од аспект како некој што мора да се потпира на државно здравство, какво ни е такво, дека премногу негативно се претставува.
Жал ми е ама еве не можам да кажам ништо добро колку и да сакам , камо среќа да не беше така . Да се однесуваа секако лошо да , ќе речам еве такви леви ми се погодија среќа немав - ама разликата од мене до онаа со митото дадено беше огромна тоа е вистината .
Секој си има право да си го пише своето искуство, па и негативно. Реално е, не е измислено, а се знае дека на вакви теми може да се прочита и негативно искуство, не може сите теми да се изолираат, да не се вознемирува никоја. Приватната е приватна, колку сакаат ќе стават цени, не добиваат пари од други места, нема даноци за нив, нормално дека ќе е скапо. Да пресметаш колку пари сме дале секој месец преку осигурување, ќе видиш дека ти следува пораѓај на ниво на цена на приватна клиника, ама пак очекуваат мито. И како ви се криви после приватните не ми влегува во глава, ама валда кога плаќаш малку по малку секој месец не го осеќаш, може и забораваш дека плаќаш, а ваму наеднаш ти земаат. Се знае приватната како функционира секаде низ свет, нема што да се прилагодува на стандардот, државното треба да се прилагодува, не приватното. За ништо не треба да се оди на приватно ако имаш осигурување, ама пак ќе се најде некој што наместо да рече Зошто нема на државно, ќе рече Приватните се занесуваат со цени.
Не не никој не ми побара ама немав ни јас да понудам .. Искрено не ни очекував такво нешто да ме здеси и јас отидов со надеж и верба дека таму работат здравствени работници на кои по дифолт им е должност да ми пружат без разлика на се човечки и хуман третман не тражев да ме лулаат на свилени чаршафи ниту барав нешто посебно ни ми требаше во тие моменти ни пак сакав . Ама добив цимерка со дадено мито којашто од истиот персонал беше третирана 100 пати подобро од мене ..
Многу ми е жал за твоето искуство. Браво за цимерката што успеала да даде мито на толку сестри. Јас сега кога се пораѓав имаше толку многу сестри што да треба да дадеш мито ќе се оддадеш од пари...
Во заблуда сте дека докторите и сестрите се тие кои го прават хаосот..или дека пациентите се криви..Системот се уредува од највисоките.
Секогаш било така. Анархијата во системот е поставена за некпј да лапа парички. Сегде во Мк е така. Родилката ли е, бебе ли е, за некој е бизнис.
Абе не дала на сите ама ми кажа на која докторка дала , сигурно од неа им било кажано дека е нејзин пациент и да и посветуваат внимание,моја претпиставка е дека така од прилика функционира . Дотичната докторка тој период беше началник на одделение Јадранка се викаше мислам презиме не паметам можеби уште работи а можеби е и во пензија .
Сегде има леви и на приватно ќе најдеш такви разликата е што на приватно ако изреагираш за некоја сестра после тоа можат дати ја тргнат. За разлика од државна клиника или чаир каде има доста сестри ама има и премногу родилки. Не знам на државно колку сестри се на смена ама приватно ете и 10 бебиња и 15 да имаат по 5 се на смена и имаат можност да се грижат, а во државна доаѓаат од цела македонија кој критичен, а кој не и се по 40 бебиња сигурно нема 30 сестри на смена. Да не се дефицитарни со сестри можеби и би биле по фини. Истото е и со нас ако ти дадат на работа повеќе оврски, а мала плата работиш како за 10 души и ти ќе бидеш лева што е нормално. Сестрите и докторите да не земаат мито нема да возат џипови и по 5 стана да имаат реални да бидеме (грубо кажано). И врзани се со црева еден ако го пријавиш за мито после тоа други ќе ти е*ат матер. Таква ни е државата се е до мито и немада се смени.
Јас не пишав ништо за пораѓај само кажав дека приватните клиники не те крадат . Ако имаш пари да си платиш плаќаш ако не ќе идеш државно. Никој не те тера да се лечиш кај нив. Често идам приватно еве конкретно Систина да се лечам и цената е таа за преглед ако сакам да платам ќе одам ако не нема. Ако има потреба од дополнителни анализи ми кажуваат и ми викаат ако сакаш направи ги тука ако не сакаш можеш и на друго место. Тоа ми беше муабетот. А и јас имам слушнато и добро и лошо искуство за пораѓај државно не е дека секогаш се лоши.
Државна д-р Миле Тантуровски,искрено од докторот сум задоволна ама персоналот,сестрите катастрофа.Требаше на 20.03 сабајлето да дојдам за да се породам со провокации ама на мене ми пукна водењакот вечерта и околу 00:30 стигаме во болница,ме прегледаа и ми викаат рано е не си доволно отворена иди во Чаир.Јас и се јавив на свекрва ми дојде од дома жената им кажа дека сум договорена со Миле сабајле во 7 да ме пораѓа и ме пушти дечково на патолошка (свекрва ми е медицинска сестра во државна).На патолошка имав болки на 2 минути и ставив аларм да ми ѕвони на минута и пол да се спремам,околу 3 саат се шетав по ходници да викнат некој да ме проверат и жениве што треба да не пазат спијат неможам да ги разбудам.Си се вратив во соба и сабајле во 7 дојде мојот доктор бев 6-7 прста отворена и требаше да ме пренесат горе,лифтот беше зафатен а количка немаше слободна и по скали пешки со свекрвица за рака.Се измачив 16 саати за на крај да дојде Миле и да им каже итно царски(затоа што бебуш беше буцко а јас имав тесна карлица)а пази веќе бев 9-10 прсти отворена и цела ноќ не спиев,гладна,жедна,повраќав,притисокот катастрофа не бев ни свесна кога се породив ама во сала поминав супер се смирив доккторите цело време ми зборуваа,на интензивна исто така поминав супер ми помагаа ама кога се качив кај родилките дошла нова смена и не биле известени дека сум снаа на нивна колешка.Бебево го оставаат во 6 сабајле,го хранат околу 15 (мислам) и го зимаат вечер во 22,никој не доаѓа да те провери,се дереш пола саат и знаеш дека те слушаат затоа што ти нив ги слушаш дека си прават муабет,се смеат,никој не ти помага за да станеш да се истушираш(4 дена не се избањав),единствено што ми помогнаа е за доењето да ми објаснат што како,за пресоблакање дно дна два пати во денот дали го пресоблекоа.Ти викаат со царски не смееш потешко од кило да кренеш ти го носат детево 4 кила да го ставиш на масата за пресоблекување да го пресоблечеш,цимерката немаше млеко бебчево гладно,плаче ги вика да дојдат и сестрата и вика "па и кај нас плачат, нека седи на града ќе ти дојде млеко" детево 10 саати не се тргна од града женава се укочи и пак остана гладно.На крај им викам спремете го бебето сеа ќе дојде ... да си одиме и ми викаат а што си и ти на нејзе и викам снаа и одма лелее па зошто не кажа,чекај да ти помогнам.Значи за да ти помогнат треба да имаш човек или да си платиш само мене не ми е јасно како немаат грижа на совест,да си способна да помогнеш и да гледаш како некој се мачи а притоа и ти си жена.Несфатливо и жално.
Многу ми е жал што вака си поминала, јас бев со слично искуство. Државно е катастрофа. Жално е колку врски треба да се повлечат за некој да му текне да си ја работат работата. Сега добри ли сте ти и бебе? Се опорави ли?
Znachi od sestrite na oddelenie po carskiot koga me odnesoa pominav niz pekol.Bukvalno ako me veruvate toa se zeni bez oset bez gram cuvstvo...za profesionalnost da ne zboruvam GADURI odvratni Vo 6h sabajle ti go nosat bebeto i kako shto kaza ti 22h go zemaat,a na gospogite so vrski im gi zemaat.Ednash kulturno zamoliv no naidov na ignor,potoa od tolkava bolka na ranata od rezot i so ton gnev so piskanje i solzi vikav po niv.Dojde edna bezobrazna e shto vikash de ke dojdeme neznam od kade taa sila da i se isturam pa da i se iznazboram se.Ajde ok ako ne ke go zememe ne treba i rekov fala ti si nechovek cel den ne vleze vo soba gi zimash bebinjata na drugite shto ti dale kafe i sok ete tolku si vredna za toa si se prodala (eftina).Doma ke otidam nesposobna ovde sum bozem 4 dena za kolku tolku podobra da si otidam ama sprotivno ke bide... Za d-r Kochoski i d-r Tofoski nemam komentar pa duri i koga vide deka me porodil d-r Kochoski izreagira so lele ovaa kaj shefot bila e togash po drug odnos pochna. Koga bi ragjala pak bi odela na Gak (d-r se super),a za sestrite ke se spremam ubavo.
Треба партал човек да ги направи...од секогаш и секаде по клиника, сестрите мислат дека се главни и никого не шишаат..