Еве јас кратко ќе пишам мое искуство само за една ситуација од скоро (ги има повеќе, нормално).. Со скратен цервикс и даден приоритетен упат од матична за контрола и терапија за на ГАК, искрено пишман се сторив што отидов. Влегов во амбуланта и го дадов приоритетниот упат (нормално бев без термин, бидејќи од кај матичната од преглед директно таму отидов). Ја прашав сестрата дали ќе ме примат во брзо а и воопшто, да знам дали да чекам.. - Зошто немаш термин? Викам итно доаѓам, ме прати матичната, сега доаѓам од кај неа. - Аха. Епа добро, ќе си чекаш сите да поминат па кога ќе завршиме со нив, тогаш. Тука со термини работиме, сите чекаат. Викам, во ред јас знам дека треба да закажам термин да беше ситуацијата предвидена ќе закажев. Можете да видите според дијагнозата дека јас не дојдов тука приоритетно за ништо. Притоа не смеам да седам, не смеам да се движам и незнам што да правам. Бидејќи бев во шок сеуште, пресметував колку трудници чекаа за ред за цтг во 36та и кога јас ќе дојдам на ред.. Се ослободи место и седнав да чекам ред, бидејќи навистина не е пријатна за сефте трудница самата ситуација и исходот од истата. Навистина незнам, можеби требаше да глумам за да ме примат одма. Незнам. Башка сметам дека според различен тип на дијагноза, со приоритетен упат треба различно да пристапат (знам дека нема предност приоритетниот), но сепак станува збор за непредвидена ситуација. Чекав час и половина. Да ја фатам и паузата од пола саат, што значи два часа. Седам и се молам нешто да не се случи. Во меѓувреме сум во контакт со мојата приватна докторка која уште одма е запознаена со случајот. И објаснив како е ситуацијата на ГАК и искрено веќе ми беше шубе да седам толку долго време, ја прашав дали може да дојдам кај неа. Нормално без двоумење се упатив накај неа. За 10мин ме примија, без термин без ништо бев. Значи само повик ме делеше до таму. Дадов шанса на ГАК, бидејќи сепак и јас заслужив во бременоста да го искористам бенефитот од моето плаќање кон здравството. Планирам здравје да се породам во приватна болница. Најмногу поради фактот дека секогаш кога сум отишла приватно завршувам работа во истиот ден без стрес, нервоза и грижи. Точно, не секој има услови за приватно, ниту пак ние со сопругот сме некои мултимилионери. Но со навремено штедење (што од свадба, што од заштеда) и заедничка одлука, решивме да продолжам приватно да одам до крај. Не ги потценувам, омаловажувам и одбегнувам државните установи. Но, можам да кажам дека има преголема разлика, пред се односот и пристапот кон пациентите се на повисоко ниво. Има работи кои може да трпат, чекаат и одолговлекуваат во однос на дали да закажам термин државно/приватно. Ама сепак бременоста е еден ранлив период за самата жена и сметам дека сите треба да го добиеме истиот третман во текот на целата бременост. Самиот факт, дека ние долго време имавме неуспешни обиди за бременост, а сме веќе и во години годинава 35/36, не доведе до оваа одлука. На крајот на денот, сите си одлучуваме сами за нашето тело, здравје и живот. Секоја одлука си е правилна и никој не треба да наметнува мислење онаму каде што не е местото.
И мене слично ми се случи, со приоритетен упат на Гак ме оставија цел ден во чекална со цервикс 1цм во 22ра недела, нејќеа да ме погледнат додека не најдов конекција па утрето ме примија. А деновите ми беа одбројани за ставање серклаж, ми рекоа само направи брисеви ако има време добро ако не тоа е.
Јас додека не дојдов до степен на толку чести прегледи. Секој месец некои испитувања нели.. Не знаев дека е до толку ситуацијава ужасна со нашето здравство. Знаев дека е безредие. Но, имаше ситуации каде што не знаеш што да прашаш, а камоли сами да ти кажат нешто. Страв, нетрпеливост и нервоза имав секое идење на државно. За жал таква дојде ситуацијата, уште од млади години да фатиш есап.
Иста како твојава ситуација само на трансфузиологија девојчето 5 месец бремено со скратен цервикс и вика на таа не смеам долго да седам ве молам ако може да ме примите и таа и се врти и вика ќе си чекаш а беше навечер веќе 7 саат и само трудни оставме 4 девојчиња и тогаш разбрав колку е саат.
Ете тоа е тоа. Само што јас бев сабајле околу 09-09:30 во амбулантата на ГАК нели и верувам дека има гужви цело време ако си без термин. Само пак ќе кажам различна е дијагнозата, така да можат малку пофлексибилни да бидат за мало менување на предвидениот распоред и некоја отстапка околу редот. Јас сум одела редовно на гинеколошки прегледи и секогаш сум отстапувала место на бремените доколку нели имало потреба за тоа (претежно биле болки или нешто поитно). Значи луѓе сме ќе се разбереме. Башка, можеше да излезе со упатот надвор и да каже ќе влезе девојчето има дијагноза која не трпи, ќе ве замолам за разбирање. Ама не се замараат..
Јас и покрај сиот хаос, толку цврсто се држев до државното здравство до пред две години се додека на гинекологија за малку не ме испуштија од раце на рутинска операција, ме оставија да вриштам од болки цел саат без никој, ни болничар, ни сестра, кога дојдоа ми се дереа дека глумам, се додека не фојде др и ме ставија на апарати и видоа што се пропуштиле. Потоа ми ги измешаа терапиите препишани од др и ме осакатија. До тој ден бев најголем противник на приватно, ама сега веќе кога не е само мојот живот во прашање, драстично сменив став и сè терам на приватно. Се обидов некои прегледи да ги поминам "бесплатно" на државно, ги платив тродупло со нервози. Ајде демек за породување да најдам таму асален др за високоризична бременост, па немало термини, ама можело приватно да платам преглед и консултација и тоа ми го наплати 5500 ден, повеќе од секоја приватна болница (е ова се вика чиста кражба, не друго), а никаква гаранција не ми даде, што значи и да се решев за таму, пак ќе ми тупнеа некој студент да си игра со мој и уште два животи без надзор од стручњак. Колку сака нека има добри професори, доктори, се додека не се регулира однесувањето на тие од понизок ранг и целиот коруптиран систем, државново здравство ќе си остане црна дупка. Јас искрено не можам да поверувам кога читам романтични приказни за Гак, буквално како во сосема различна болница да сум била, и ич не сакав да го пишувам моето искуство да не исплашам некоја членка во овие стресни моменти. Ама кога подразмислив, подобро е да се знае и оваа и другата страна, тие што ќе одат да не очекуваат дека дефинитивно со рози ќе ги пречекаат на болничкиот кревет, туку изгледа само кој со каква карма е, и со колкаво мито е.
Имам неколку блиски кои се породија државно ГАК/Чаир. И сите имаат различни искуства. Која позитивно/негативно, која за второ одлучи на приватно. Едноставно не верував дека имаат таков третман кон трудници на ГАК од страна на сестрите. Кога раскажуваа неможев да верувам дали тоа е само така претставено или навистина поминале низ тој цел стрес (на долго и широко е секоја ситуација). Навистина изненадена сум и ми е мило кога ќе прочитам успешни и задоволни приказни од таму. Од друга страна си викам, треба некогаш и кармата да ти се погоди на твоја страна. Не велам дека е евтино приватното, плаќаш за третманот и ќе те истинтраат до крај. Секогаш кога ќе го одберев патот да завршам нешто државно, на крај пишман бев. И јас дел нешто што можев да завршам државно ајде барем си викам тие основните тековни прегледи/испитувања, нешто од што морав таму и толку. Сега после новата ситуација, не одам ни кај матичната веќе, а таа е па скроз друга приказна. Да знаев на време дека прегледите не се наплаќаат на трудници, ќе изреагирав со време. Секој преглед уредно наплатен, ништо бесплатно не добив. Приватна ординација со склучен договор со фондот, ако евентуално има врска договорот кој го склучиле па да наплаќаат. Ама логично е бремените да се ослободени и така треба. Јас на секое ѕè, на пулт ме чекаше пресметка. Се случуваше во месецот и 2-3х да отидам кај неа и секој пат ми беше наплатено. Глупа, глупа што си ќутев. Се "отракав" при крај од што ми се стемни веќе. Ама како што пиша, сега не станува збор само за мојот живот. Одговорност е да донесеш на свет нов живот. Има моменти кога е потребно брзо реагирање, а на државна таа услуга не постои освен ако имаш голема среќа, врски, пари и некоја Господова сила да вмеша прсти. Чест на исклучоци за државниот персонал, но препремногу се ретки таквите ситуации. Сме си го преплатиле здравството.. кражба голема во однос на услуга, кадар, експедитивност, термини да умре чоек, за хигиена и да не збориме.. Тотално разочарана од нашето здравство. Мноооооогу работи треба да претрпат промени. Имало времиња кога постоело само државното и тој бил изборот. Сега, секој може да си одбере каде ќе го довери своето здравје и живот и во кои раце. Не одам приватно поради поклони и подароци. Едноставно достојно сакам да ме третираат како родилка и да донесам на свет здраво и право бебе без трауми за мене/нас.
Се согласувам со се што напиша. За матичните, тоа е настрана уште една хорор приказна и дупка во системот, а од нив уште зависиме за многу работи. И не може никој да ме убедува као ти си будала што одиш и си ги даваш сите пари да те крадат по систини, мистини. Ич не се согласувам, со многу другарки и блиски и се расправав за тоа, демек со толку пари ќе им купиш нешто на децата, наместо да те тинтрат 4 дена во болница. Ем знаат што ми се случи, ем солат памет за мој новчаник. Не, нема да ме тинтрат, не ме крадат, туку после се што поминав на Гак (покрај операцијата, имав уште една случка со абортус, ама да не се расплинувам), со мм сме собирале денар по денар, сме крателе од други работи само за да може да овозможиме нормален хуман третман во нормална болница, ни подароци, ни тинтрење, само да излеземе здрави, прави и целосни. Ако некој има доверба во системот или едноставно само среќа, ок, дај боже да си истера се добро и да си ги искористи придобивките од цел живот плаќање придонеси. Јас за жал, но и многу други што ги знам, не сме од тие и ќе си ги "фрламе парите" на приватно, само нека не се осудуваат да ми кажуваат што и како да правам со мое здравје и мои пари.
So jaki ama stvarno jaki vrski ima . Jas poznavam edna zena so ima dobieno epiduralna na Gak ama ti velam so debeli vrski . I edna vo Cair skoro zapoznav ona so mito dadano na doktorot i anesteziologot i so dvete deca eppdural dobila .
Јас познавам една пријателка со врски на Гак, беше договорен царски и беше со епидурал, сите други што ги знам од Гак се породени природно без ништо.