Што тресете бе зелени ? Никој нит пари ми побара нит ништо. Си поминав супер. И што е на крај краева битно кој ке биде на смена? Коа ке дојде времето бебето секако ке искочи секако нема така да те остаат. Го направивте државното пекол а ич не е така. Еве јас родив во Чаир и убаво си поминав.
Никој не тресе зелени, членката си ја кажа реалност а, и да, на прсти се бројат тие што на државно поминале супер а да не биле со врски. А еве јас да ти кажам дека со дотичниов што го препорачуваш за пораѓај, јас имам негативно искуство. На прв преглед во Чаир ми се испонаша како човекот дошол во ординација само за негови пациентки и нејкеше да ме прегледа, зафатен бил, дежурен бил. Нејкел мито, ха ха ха, мало сутра, не сум јас проста па да не сфатам, фала.
Немој бе . Незнам јас еве ,иди на search, пиши Илиевски , освен твоево Незнам дали ке има друго негативно искуство. Вие може у главата сте си го ставиле тоа дека може мислеле на пари. Ама едно е у глава да си праиш филм и некој директ да ти побара.
Не сум јас за тебе "бе", како прво, како второ од искуствава на форумот отидов кај него, така да не мора да читам дополнително. И не сум само јас, имаше и други членки што се пожалија од Зоран.
За мене си " бе" пошто ништо не ми значиш. Што се напна толку ? Полека.... Што очекувате вие коа ке идете да раѓате? Круна да ви стаат на глава? Да ве држат за раче? Не сестро. Си отишла да раѓаш човек. Еве јас имам позитивно искуство . А имам негативно и од Систина . И сега што праиме?
Сум отишла да раѓам човек и очекувам да бидам третирана како човек, мене ми одбиваат секој месец од плата за здравствено осигурување, не ми е прегледот бесплатен, напротив преплатен ми е за да ми се однесува доктор така и да ми одбива преглед зошто не сум била негов пациент. И патем и ти мене ништо не ми значиш па не ти се обраќам со простачки речник, како ти на пример.
Те имам читано порано. Пишуваше негативни коментари и за приватниве болници. Бај д веј, за да кажете за некого дека " БАРА ПАРИ " треба цврсто со доказ да докажете дека вас ви барал а не дека сте "начуле" од стринки и тетки или ЕТЕ САМИ си претпоставувате. Ете толку.
Нема да ти рече , дај ми пари за да те породам, ама ќе ти каже ако сакаш да се пораѓаш кај мене ќе де договориме, па никој не е глуп извини вака. Ќе те мота, ќе те шета додека не му оставиш до знаење дека ќе платиш, па ќе те следи и кога ќе си при крај ќе те договори кога е на смена ноќе да те пораѓа. За приватните немам пишувано коментари, освен за Систина што не ги одвојуваат собите каде што лежат пациентки со киретажа од оние што се породени и тоа создава дополнителен стрес.
Ама ти пак упорно Еве мене ме породи Илиевски. Еве ти од прва рака инфо. Одев на ЦТГ ,одев на ехо ,на крај ми закажа царски и ме породи. И пак упорно "ама не ,пари бараат".
Леле ајде веќе, јас сум упорна ама ти напорна. Ок, немам намера да се докажувам со тебе, раѓај си со закажан царски и остави не нас останатите да трескаме глава дали ќе биде царски или природно и дали ако е природно ќе мачат 2 дена да се чепатиме зошто на докторот му се спие и уште да ни се дерат на глава и да молиме Господ да се породиме што побрзо за да заврши тортурата. Пошо на не закажано, ни спазмекс за грчеви нема да ти дадат, ќе те остават да се дереш и мачиш и три дена ако треба. Толку имам да кажам.
Како прво ,родив царски зашто морав ( не од што ми текна така) . Кои сте тоа "ние останатите "? Демек вие што раѓате природно ? Па сега ние со царски не сме виделе мака? Пошто натака тера муабетот. Не сестро, ти коа ке го раѓаш ке видиш мака, ја што родив царски ,видов мака од болки после раѓање цели три недели. Како второ ,се ова што го кажа нема врска со претходниот муабет.
Јас не очекував да ме држат за раче.ниту пак круна. Очекував ќерка ми да ја донесат безбедно на свет. А не да ги мрзи во сала да влезат. А ти ако си поминала супер не значи дека сите така минале.
Систина ...за многу работи. Неодамна правев операција . Докторот ме виде само на испраќај ,ми кажа набрзина 3,4 работи. Толку. Да не зборам за педијатрија. Мислам дека не постои болница со толку ужас педијатрија како Систина . На другарка малото го отпуштија со погрешна дијагноза ,па го примија на Клиника на детско едвај го спасија. Малава ја носев за алергија на окото ,ми дадоа маст која била дефицитарна со години и не постои во ниедна аптека.
Vie sto se obiduvate da go predstavite drzavnoto Kako raj? pobeter e I od pekol vo sekoj pogoled vo sekoj odel ne te dozivuvaat Kako covek,poloso I od zivotno si tretiraan pa Dali ke sakaat da te pregledaat, pa da se molis za pomos.. I od donoto e podole, odamna treba da go ukinat mesecnoto plakanje za drzavno zdrastvo, kaj ne ne lecat pa I pari ni zimaat za nivni plati... Nedaj boze nesto da ti zgusne poseriozno ne mora da e samo ginekologija Kade I da otides gadni pari baraat nema razlika megu privatno I drzavno ama koj ne setil ne znae
Знаете што е пекол? Во Шведска другарка ми од 32ва недела до крај никој не и направи ехо. Ма каков скрининг ( научна фантастика) Од 32ра идеше на цтг и на прашањето -Добро ,само тоа? Не бе вика,бабицата ме чепка на стомак да види дали е свртено бебето. Слика од 3D? Мало сутра.