Da I jas imam drugarka vo Svedska pravat eho samo 12,22, I pred poragaj eho, ama tamu e za site taka isto, rszlikata e sto dokolku kaj nas si platis pod raka e druga situacija togas Se se moze, ne samo ginekologija sekade bas sekade zalno e, plakame drzavno a Se lekuvame privatno, ne toa deka nekoj I'ma mn pari pa saka da frla Po privatni, ednostavno nemas opcija Kade da se obratis, naucile ova e drzavno I gazi,udri mavaj Po narodot so kuce e podobar odnostot
Има и обратен случај. На моја другарка на новороденчето и рекоа нормално било отежнато дишење кога го однесоа, за да во Систина испадне дека и е фатено цело белодробно крило едно и другото делумно. Со цевчиња беше. Цела недела лежеа во Систина. Дека ништо не и беше, нели? И јас со првото се породив во Чаир, со врски, и супер поминав. Е не знам како ќе беше без врски, може ќе беше ок, ама може и не. Ама на цела јавна тајна за државното ни здравство, не знам што се обидуваш да ни доловиш. Дека тоа што ти си се породила без врски и ти било ок, се е супер? Дека другите што се жалат, очекувале круна? Па нели ти до последно се мислеше каде да одиш? И не, не е ок. Ако на трансфузиологија дежураш да стигнеш до асален доктор, ако на гак не можат бебе да ти измерат, ако исто на гак те прегледуваат на стол, а доле нечисто, и не знаеш дали нешто ќе закачиш, да не објаснувам што од претходна пациентка, и ред други работи, можам само да кажам дека уште многу треба да се работи. На пораѓај треба да одиш мирен дека кој доктор и да биде ќе биде се добро. А не до последно да се мислиш каде ќе одиш, дали приватно или државно. Зашто, приватно сам си избираш, од некои причини и си го плаќаш дополнително. А државното ти следува, зашто континуирано си го плаќаш. И да се дополнам, јавна тајна е дека си плаќаш за добар третман. Еве моја другарка плати, и доктор и сестри на гак. И со второто отиде приватно баш ради таа причина, плсќањето.
Илиевски од Чаир и побарал мито 200 евра на моја прва братучетка за да ја породи. Не знам зошто го правдате државното кога не е сјајно, некој има среќа да помине добро, некој нема ни да го погледнат. За првото немаше сестра на ГАК, бев оставена сама на себе во ужасна состојба по пораѓај. Не барав круни, туку човечки однос и помош.
Јас кога барав кај кого да раѓам во Чаир ,ми кажаа за него дека пари никад не побарал. И така излезе. Извини ,ако ти сам си дадеш тоа е зашто си задоволен и ти е мерак и сакаш да дадеш. Ама дека доктор ,расчепатена на стол ке ми рече дај ми 200 евра за да те породам ,ај ве молам .
Епа му даде за да дојде од дома да ја породи. Блиска сум многу со неа, затоа споделив. А дека бараат мито, бараат и не може никој да ме убеди во спротивното.
А зошто би имал обврска во слободно време докторот да доаѓа и да пораѓа кога не е на смена? Штом братучетка ти имала фаворит,кој доктор да ја породи и ќе си плати вон работно време. Сега дали е мито или бакшиш она си знае.
Не знам, веројатно поради сигурност зашто оди државно и плус и го препорачаа. И тој не е единствен што зема пари. Колку ги има ехее.
Се сложувам и со ова никој не е должен своето слободно време да го троши на работа. Но не ги оправдувам докторите што се веќе присутни и не се замараат па ги пуштаат специјализантите за шиење и ред други работи. И најбитно од се човечкиот однос на пост породилна нега, а за ова треба секој ден да си ја сакаш работата не викам дека треба на глава да ти виси ама не и да ти се понашаат сестри. Пред 15 дена имаше еден дечко ја бараше докторката од доба 37 што беше да и ги извадат конците на жена му, а бебето им беше на интезивна таа се испонаша е добро де ќе и ги извадиме не е за брзање има и друг ден, а она породена пред месец дена. Јас му се дивам како не ја задави, да бев на негово место оскубана ќе беше.
Знам ,не дека на секој преглед имам позитивно искуство на гак. Ама членкиве што коментираат за пари,очигледно сами остават впечаток дека сакаат да платат. Зошто сакаат да бираат доктор. Јас на првиот пораѓај имав среќа да поминам како што треба, а при тоа ме пораѓаше и шиеше специјализант. Не знам по колку доктори се на дежурство во родилна, но таа докторка што беше дежурна отиде да прави царски рез. Мене ми се падна дечково и во тие болки врска немав што е по звање. Само го прашав како се вика,ако зезне нешто да знам од кого да се жалам
Абе треба да си ја сакаш работата има и доктори од брзање што знаат да утнат работа па после тегни се влечи се не мора да е специјализант но сакам да кажам дека пример како Адела Стефанија што ја коментираа морбидно е не само со нејзе и со други. Ама безобразни се и докториве ако не си му познат те препушта на кој ќе ти се падне, а ако те знае и провокација ќе ти пушти за тогаш дасе пораѓаш на негова смена.
Па така де. Немаат они живот, мора да ни се достапни 24ч. Јас знам дека има мноогу девојки што во Чаир и на Клиника си поминале одлично. Мене последниот ден ми се пиеше кафе. Ама многу. Дојде женичка што ја чистеше собата,нит на знам нит ја познавам, ја замолиме и ни свари турско и на двете од прва. Така да,моето искуство е одлично.
I jas od naredna nedela treba da pocnam vo Cair so CTG i posle poragaj...se nadevam se ke bide dobro,daj boze Ilievski da mi se padne na smena
Немам одбрано, имам упат само за во Чаир, доктор не пишува ништо. А како се бира доктор, има таква опција? Поима немам ја искрено