Дали беше со договорен пораѓај? Јас со првото кога се пораѓав добив болки вечерта, таа не дојде ме породи друг доктор, но после тоа секој ден ме посетуваше по неколку пати. Сега се мислам за кај неа
Тоа и мене ме замисли, на другарка исто не и дојде кога доби болки, а цела бременост ја водеше кај неа
Гордана не доаѓа од дома ако не е на смена кога ќе се породиш. Едноставно не е таков тип зашто нема да и платат прекувремено и плус не се зближува мн со пациенти. Нејзиното мото е да те водам ако дојдеш на закажано ок ако сум на смена ама ако те фатат болки у 2 сабајле не ти доаѓам кој е дежурен тој пораѓа.
Иако не дојде, сепак мислам дека сите доктори се добри и кој да ти се погоди нема промашок. Инаку после пораѓајот ме посетуваше цело време не можам да се пожалам за тоа.
Да, ама меѓудругото плаќаш 2000е за доктор на крај на ден. Не за нетфликс шо има и гратис улошки. Не дека не се добри другите доктори, ама еве ја на пример не би сакала Бојаџиев да ме пораѓа (се имаме мотано во исто друштво и сеа ај да ме пораѓа некој со кој сме главеле по град...) или Ана Кацарска што фала богу и не е веќе во Систина или Митко. И тоа се легитимни причини за да дојде тој шо ме води кога веќе плаќам толку пари. Инаку породена сум во Систина 2019, и еве сега одам пак. Колку голема разлика има во услугата страшно. Нема термин на кој не се чека да влезеш... А баш ќе видиме и за пораѓај, и пост нега, има доста поплаки сега дека не може баш да постигнат ао сите пациенти
Баш од тие причини се мислам оваа бременост да останам во странство каде што сум, каде што навистина сум изненадена од посветеноста на докторите, во било која доба ми се достапни, што за разлика од претходната бременост не беше така...
Потполно се согласувам во делот дека плаќаме и очекуваме докторот кој не води, да не породи. Секако, не зборам за ситуации во кои треба итен пораѓај и не може доктор да се чека. Еве јас за мене конкретно ќе кажам, мене Бојаџиев ме водеше, и баш заради довербата што ја имав во него сакав само тој да ме породи (да не бидам погрешно сфатена, ама па ич не сакав да ‘завршам’ кај Гордана ради други причини). И пред пораѓај го прашав докторот, ок царски ќе сум, морам, ама што ако добијам болки претходно, дали ќе дојдете… и баш ми кажа дека ќе дојде. Ми рече, мене ќе ми се јават од болница, ама ти ќе ми се јавиш уште дома пред да тргнеш, за побрзо да стигнам и да не ме чекаш…Јас издржав до термин за царски ама ова ептен ме опуши…
Др.Горан Кочоски ГАК. Професионален и стручен, цел живот одев на приватно, Плодност или Систина, на крајот се одлучив за Др.Горан Кочоски на клиника. Бременоста ми ја изводи, без ниту една грешка, се што кажа, се така и излезе, дури и килажата на бебето до грам иста. Делува арогантно, тоа му е дел од карактерот најверојатно, но е престручен и дефинитивно го препорачувам. Шеф на родилни сали е на ГАК, и строго професионален. Презадоволна од се, освен од храната на ГАК.
И јас можам да потврдам дека е одличен доктор Кочовски. Иако кратко имав контакт со него,ме прегледа утрото пред породување,им даде насоки на останатите во родилна и по 2 часа се породив.
Да. Ивановски. Не е битно зошто, сите сме избрале доктор кој сакаме да не пораѓа и затоа не треба да завршиме кај дежурен.