Не се грижам јас, бап ми е гајле а мито ако не дадеш за врската на државно, ќе дадеш на приватно. Само на приватно нема секој 2000€ па некој ќе понуди и 200 само да има доктор. Ако не е мито ,ќе биде частовка на крај и тоа е. Кажав само како стојат работите со договарање на доктор не е јавна тајна тоа па сеа да се креваш одма. Ете ти, пиша о членка погоре од нејзино искуство
Да, тоа му е работа ама доктор ако не ти е врска, а е дежурен ноќе, ќе си легне ќе си спие, ќе го викнат на крај. Баш ќе му биде гајле до кај си што си па да те гледа на бокс на 10 минути
Па да, такво ни е здравството. Вам ви е нормално да давате мито. А некои без врски и без пари ќе си трпат.
Што извртуваш муабети не ми е јасно? Кој тебе ти рече дека е нормално! Цела држава не е нормална ти за пораѓајот се фати? Не, ич не ми е нормално зекој месец да ми кратат од плата и пак на крај да подмитувам. Ама после ова што се испослучи во државава, човек ќе ги измолзи и тие пари само за да не му умре дете.
Па ти пишуваш бре дека докторот ќе си легнел да спие ако не ти е врска. Па уште јас извртувам. Здравството ни е на вакво дереџе поради вас, митаџиите. Ете сама си пиша дека ќе подмитуваш и ти.
Која членка пишала дека и дошол доктор од дома? Јас прочитав дека на некоја друга што се пораѓала таму дошла докторка.
Јас пишав за членката што пишала погоре дека на друга родилка и дошла докторка од дома. Ти кажуваше за неа претпоставувам и се надоврзав јас.
Ова го искоментирав јас, никаде не пишав дека од дома доаѓа. На приватно на таа пара Гордана и ред други не доаѓаат од дома, па на гак ќе дојде. Тоа прв братучед ако ми е само, а не врска преку некого
Ох мила наша државичка со "прекрасен" македонски менталитет. Чудо народ сме како знаеме да извадиме дискусии дебати и расправии со денови и страници по форум сами од себе тотално неповикани. ЧЛЕНКАТА праша просто прашање, АКО НЕКОЈА СЕ ПОРОДИЛА кај некој од 3цата доктори во нивното работно време на ГАК а никаде не побара ваше бескрајно ценето мислење за моќта на врските и можноста да се искористат истите. Го направив профилов во време на најголеми борби за бременост за помош,поддршка и совети со жени што поминуваат низ слични проблеми ама очигледно треба да се избрише поради попатно токсични жени, секогаш ќе има сезнајковци што немаат попаметна работа во животот . Пак ќе кажам фала на 3-4 членки кои одвоија време да споделат искуство со докторите а на останатите што дојдоа да си дебатираат за што е можно и не можно им посакувам лесна бременост ако се бремени и среќа во животот ако немаат попаметна работа. П.с после се што пројдов да доносам бременост секако не би идела на сила на ништо со детево, што ќе сфатевте ако го прочитавте моето мислење прашувам за во бел ден нивна смена. Ај поздрав. @LadyC те гушкам мила и посакувам најлесно да поминеш на пораѓајот знам колку ти е згрчено срцето поради промена на болница и несигурност како се ќе помине. @LionJ фала мила гледам видеа за дишење соработување, да си го опседнам мозокот со тоа да не почнам да паничам, до сега во такви ситуации реагирав доста смирено ама прв пат пораѓање не сум многу сигурна дали ќе се соземам да не трошам контракции на црни мисли
Многу си дрска. Јас споделив свое искуство, никаде не те навредив. Ти да се засрамиш. Јас мислев за членката Констракта, а не за тебе. Поздрав.
Членката погоре го пиша тоа како секој втор да договара туку така доктор. Па Тофоски нема шанси. Мое беше прашањето за 3ца доктори меѓу кои и др.Тофоски за кое со сигурност ти тврдиш дека е невозможно да се договори (напротив истиот доктор ја има породено мојата братучетка 2пати на човечки договорено, со разлика од 10години меѓу деца а не и е братучет, брат, татко). И не знам каде се навреди и виде моја дрскост. Напротив ме погодува што жена на жена може да биде најголем непријател и одмагач кога порано или подоцна секоја од нас доаѓа на иста мака поради нефункционални институции или од самата тежина - раѓање и мајчинство. И не, никогаш не сум била за мито и со очекувања да ми бдее докторот над глава да ме гали до пораѓање,чисто ако некоја така го протолкува моето прашање дека ми ги спомнале овие доктори како можност за пораѓај кај нив.
Ќе се надоврзам оти се пронајдов во муабетот, дека јас лично кажав дека само доктор би дошол од дома ако е брат, сестра, братучед и тн... Жена на жена не е непријател, јас само споделив што ми е кажано за природно, а за царски е сосем друго. Членки тука спомнуваат умирачка, ко да има секој пари да плати доктор или како секој да има обврска да части, макар трпел за леб после тоа. Тоа па ми е на мене потрауматично да му кажувам на некој дека мора да се подмити оти може да умреме, може и приватно да идеш и да те не дај боже осакатат. Еве јас имам лично искуство со анестезиолог у Систина што не можеше преку 5 пати да ме погоди за спинал (се утепа од фалење према родилна сала колку има она 30 години искуство на ГАК и сега конечно у Систина ќе земела здив пред пензија) , толку ми се слоши, ме буташе како да сум коњ надоле меѓу нозе со глава и урлаше дека сум имала спортски грб јер сум бивша одбојкарка и на крај викнаа друг кој од прва ми стави. Значи само Господ да не чува . Се бива. Братучетка ми 100 пати ја земав за пример у Ремедика сепса што и направија. Не дај боже само. Секаде може да се десат глупости. Надвор од цел муабет дај боже кој сакаш доктор тој да ти се падне, јас исто за Ќаев и Тантуровски што ќе ме пораѓа имам само убаво слушано и верувам дека секој од нив секојдневно гледа се и свашта таму и дека знаат што прават. Јас сум многу исплашена, ама ете, кураж си давам и сама на себе оти ќе побудалам... А дека има членки што општо на форумов преувеличуваат има. Затоа е нормално и да не веруваме во се што ќе прочитаме нели?
И јас бев со прво дете без никакви врски. Ќе помине се во најдобар ред, ќе ти кажат како да дишеш, ќе ти покажат како да се местиш, сега гледам и пилатес топка им донеле што е голем плус. Има и туш да се истушираш, многу помага. Верувај не е толку трагично како на филмовите
Тофоски и дојде на другарка од дома да ја породи, ама куќен пријател им е, онака најблизок шо може. Ја прашав за мене да ме породи, секако бев со царски со второ, и со врски ми рече не пораѓа
Nekoja iskustvo so dr sarachini od cair prvo ctg mi e kaj nea od site sto bea na 15 na rabota kaj nea mi zakaza maticnata nesto se znaele od prethodno e sega ako sum carski so nea dog ili isto koj mi se padne taa den toj?
Da zena e ne i go zapamtiv imeto ama.bila spremna vpromec kako site vo cair i da davaat upat od maticnata ona ti zakazuva kaj koj dr. Samo nezz kako odi dali posle ona poroduva ako e carski ili isto koj ke ti se padne