Презадоволна сум јас, следев бременост и ме породи природно. Достапен, фин, си ја знае работата. Нема да згрешиш
Природно или царски? Бев еднаш кај неа ама немаше некој пристап, као некој намќор ми беше затоа прашувам каков контакт си имала со неа?
Царски, карлично беше поставено бебето, а се замати плодовата вода па мораше итно да ме породи. Да малце изгледа така намќореста ама јас супер поминав. Најбитно ми беше што навреме реагираше и фала му на бога бебе се роди здраво, право.
Дали може да се закаже царски во Чаир кај одреден доктор? Што ако тогаш не е на смена? Конкретно ме интересира за Илиевски. Прочитав доста пофални зборови на форумов, но немам некоја блиска породена кај него за да прашам. Премногу се плашам за природно, па затоа ми е важно дали би можеле да се договориме за царски.
За царски ако немаш некои индикации не знам дали можеш да закажеш така само поради страв од природно. Инаку јас имав 2 царски кај Илиевски,поминав добро, резот мал,за две недели си функционирав како порано. Докторот е ептен професионален,лично јас сум ептен задоволна.
Државно царски да закажеш без индикација можеш со две опции или роднина да ти е докторот или тешки пари да потплатиш. Од страв нема да ти закажат иначе.
Сакам да прашам искуство со Слаѓана Симеонова од ГАК за пораѓај или некој др добар доктор и дали бараат нешто пари,мито су...
Не баш. Задна опција е царски на државно. Ич не ти се замараат да не му ја мислиш. Инаку мене ме породи Симеонова со двете деца, одлична докторка, позитовна, посветена, мито не бара. За природно не знам дали се договара, обично никој не ти се нафаќа природно освен со врски или пари. Царски со индикации. Двата царски она ми ги правеше, супер функционирав веднаш после операција, за 1 недела се вратив скроз во нормала.
На дежурство може 10 ќе му се породат, 5 да треба да ги “чека”, можеш да замислиш што значат 5 (major) операции?