Mene pa sprotivno dok sto me porodi iako bev so vrski do posledno me cekase prirodno 42 nedela stignav. Na kraj morase carski radi dr pricini. Za cair ova.
Така слушнав,побргу завршуваат со царски колку да те чекаат и ви приватните обично е така дали за повеќе пари незнам.Инаку бев сведок кај една пријателка кога и Кажа на докторот дека и е страв и сака царски и само и кажаа термин немаше тука неможе или ќе те чекаме...само дојди тогаш и тогаш...
Во приватните зависи и до докторот, јас па знам случаи кај што ги молеле за природно, да не биде царски без никаква индикација. Ама плаќаш па како ќе сакаш, така..
Па самата другарка си барала овде е приватно па затоа ти оставаат да бираш ако сметаш дека за тебе е подобро. И јас имам случај каде другаркава го молеше докторот на приватно за царски,од преголем страв тој ја разубедуваше не сакаше да чуе до 38+ на крај девојкава стоеше на ставот дека не може да го пројде тој стрес и закажаа царски. Нема врска дека приватно одма форсираат царски. Знам мал милион случаи каде ја чекале родилката 40-41 пред да одлучат дека е време за царски.
Никој не може да ти форсира никаква медицинска интервенција, може да ти сугерира што смета дека е подобро ама на крајот пак ти како пациент одлучуваш. Освен во итни ситуации.
На државно ретко, преретко кој доктор би се нафатил за царски по твој избор, ептен треба дебела врска да ти е, во принцип сугерираат природно, сепак царскиот е операција. Ако е за индикација царски, сам ќе ти каже дека природно нема да успее породувањето. Веќе и во приватниве форсираат да има спонтано породување, ако се убедиш за царски ќе се нафатат зошто сепак плаќаш, но и таму веќе гледаат да е природен пораѓај. Ти го разбирам стравот, сите сме го имале, некој по изразен, некој не, но сепак јас би одлучила за природно, заради опоравувањето. Е сеа одлуката секако е твоја. Што и да решиш, да ти е со лесно
Само да потврдам и дека мене на приватно во Систина ме убедуваа за природно. Јас будала инсистирав за царски од страв од компликации на сред пораѓај. Докторот се сложи со тешко срце. Си направив само проблеми, наместо да си дојдам дома и одма да чувам бебе, јас 2 недели не можев од кревет убаво да станам и мораа да ми помагаат со бебето. Нели тоа е индивидуално, секој различно трпи болка. Многу па со царски бргу се опоравуваат. Одлуката е твоја, стави си на кантар што највеќе ти оди во прилог
Prepustete se na prirodata,ako gospod Dade da bide prirodno,ako mora carski toa e veke drugo.Ne forsirajte nesto Sto veruvajte ne e ni malku lesno.Poz I so lesno od majka so dva moralni carski
Е така де. Ова кога ќе пишат форсираат царски мислиш те врзуваат и на сила сечат Секако има простор да те испаничат ако сакаат да издејствуваат нешто ама ти имаш разум и право да донесеш крајна одлука. (А верувам ниеден доктор не прави филмови за некоја ситуација) Јас не сакав да чујам за царски епа марфи, завршив итен царски.
Може ли да пуштите список што купивте за новороденче од козметика и од гардероба,да ме потсетите сум заборавила пред 6 год купував
@Konstrakta фала ви за одговорите. Ќе размислам и разговарам со доктор. Свесна сум и за болките после царски и се, ама паниката за природен е голема. Поздрав.
Дали имаш посетувано курс ? Имаше курс за трудници со техники за дишење и како да се припремиш за породување и како да го надминеш стравот. Многу луѓе се задоволни од тие курсеви, може многу да ти помогнат и позитивно да влијаат, земи еден курс па до сам последен момент ќе одлучиш
Немам, се мислев едно време и на тоа остана. А некои предавања во Систина/Ремедика има ли? Знам порано гледав дека имаат како бесплатни обуки.
Паниката нема да роди место тебе. Кога ќе дојде моментот, тоа што треба е да си ти присебна и да соработуваш. Ако соработуваш и си тука , ќе родиш брзо и лесно. Да видиш кога ќе ти дојдат напони , дека само од тебе зависи се и дека само смиреност ќе ти помогне се да заврши брзо и лесно.
Ми се појави реклама за вебинаров од Жан Митрев за начини на пораѓање: https://webinar.zmc.mk/register-web..._T9FZe_oNE7d05rrdA_aem_jUmw5z5h3HC83RtxZbr4JA Се надевам ќе ти се најде.
Jas lezev 5 meseci za skraten cerviks, 4 dena sedev so nenormalni bolki od sto sakav i jas i tie sa se porodam prirodno i na kraj zavrsiv so itno carski , moment koj nema da go zaboravam nikogas kako me zedoa od soba kako se sobra doktori i sestri okolu mene sekoi mi praese po nesto oti na bebeto pocnalo da ne mu cukat srceto kako sto treba. I toa sve od moj inaet deka sakam prirodno! Od licno iskustvo ne forsirajte nisto, imat zeni sto imat uzasni iskustva so carski no i za prirodno, toa zavisit kaj sekogo. Jas doziveav 300 cuda a pa sestra mi gi ragat decava za 30 min. So puknat vodenjak vozese sama do bolnica se kaci na boks 2 turkanja ete bebeto a slaba e stonda vi kaza 40 kg zena. Jas debela 90 pojdov tamu so siroka karlica i ne se otvoriv poveke od 3 cm nikako! Duri so rakaa se potrudea da mi pomognat. Ne go racunajte carskiot lesna rabota, jas pominav lesno ama drugarka mi si sedese 2 meseci na bolnica posle carski
Имаше пред некој ден објава од Аџибадем Систина дека почнуваат со предавањата за трудници. Кај нив на фејсбук беше објавена програмата. Мене ми се допаѓа целиот нивен распоред на предавања и планирам да ги следам сите. ** и мои пријателки што ги следеле претходните циклуси ми кажаа за супер подарочиња ..еден +
@snowwhite.24 Предавањата им се многу добри, на страна подароците, општо многу корисни се предавањата еве со @Fenix05 сме биле заедно на предавањата лани без да се знаеме ама ќе ти каже колку беа добри.
@snowwhite.24 Супер се ептен корисни, видете на инста кај систина има распоред за време бременост и прва грижа за бебиња Јас сама одев а имаше и со мажи