Царски ќе те закажат. Јас бев со првото царски, второто ме закажаа царски, поминати 2 г и 10 мес. Доктори Ќаев, Самарџиски, Симеонова. Не нуди пари ќе се налутат пробај да ги најдеш со упат некако кога се во амбуланта, за закажан царски си се знае кој доктор е, нема што да ти доаѓа од дома, те оперира во работно време.
Ќаев!!! Ќе те закажат царски, во работно време е тоа. Си имаат програм, ќе те стават на програм и ќе ти кажат кој ден и време ќе си дојдеш.
Мислење за следниве доктори од Систина: Панчевски, Димчев, Јосиф Ѓорески, Бојаџиев, Младен Ристески и Корнелија?
Првата бременост ми ја водеше и ме породи Афродита, сега и за втората одам кај неа. Мене докторката ми е ептен фина, детална и општо позитивна. Симонида е исто супер многу. Но дека и со првото бев кај Афродита и сега си продолжив кај неа. Јас не си ја менувам за ништо.
Панчевски и Бојаџиев се прекрасни доктори Панчевски еден од најискусните Бојаџиев пресмирен посветен доктор
Според мое искуство Панчевски, имав ризична бременост и ризичен царски рез кој ми беше четврто отварање на абдоменот, немам зборови за докторот, вечно ќе му бидам благодарна за се.
Со првото ме породи Младен во Чаир, супер поминав. Втората бременост ме породи Бојаџиев… случајно испаднав кај него. Ама бев во таква ситуација што докторов испадна прво човек, после доктор. Толку ме смири, толку ми помогна, што следната бременост кај него ја водев до крај. Ризична бев. Цело време ме следеше, пишуваше, во ни еден момент не испаничи. Топла препорака за него. Иако верувам кој и да одбереш нема да погрешиш.
Афродита не би ја заменила за ништо двете бремености водени кај нејзе и ме пораѓаше.секогаш достапнаа пријателски настроенаа душа од човек
Здраво девојки, дали некоја има искуство со следење на бременост и пораѓај vo NewBorn Clinic кај Д-р Татјана Гуржанова?