1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој гинеколог ве породуваше?

Дискусија во 'Бременост' започната од Viiiiip, 29 август 2010.

  1. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    2.434
    Пол:
    Женски
    Ме породи Илиевски, така се погоди, мене лично не ми остави некој wow впечаток. Гледам вака доста го фалат, немам лошо ама немам ни некое предобро искуство со него. Мислам дека сепак можеше повеќе да се ангажира.
     
    На Maki 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ivaa99

    Ivaa99 Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2026
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, дали имате искуство со д-р Даниела Јованова за породување или за скрининг?
     
  3. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Јас имам искуство со природен пораѓај, искрено не знам што да ти кажам...
     
  4. Ivaa99

    Ivaa99 Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2026
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Имам препорака од мојата матична докторка за неа. Сега сум 21. недела од бременоста. Знам дека е уште рано, но сакам навреме да изберам кој е најдобриот доктор на ГАК за породување. Може ли, ве молам, да го споделите вашето искуство со неа?
     
  5. elena0994

    elena0994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, дали може некоја да сподели искуство со породување кај доктор Панчевски од Систина?
    Ви благодарам!
     
  6. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Далеку е од најдобриот доктор на ГАК. Непрофесионална е и се меша во се и сешто.
     
  7. Ehh10

    Ehh10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Iskustvo so dr Irena Aleksioska Papastiev od Gak?
     
  8. Moon&me

    Moon&me Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    636
    За добро да се ангажира,треба да му дадеш малку подебело "пликце" :)
     
  9. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Јас кога лежев (ме породи Илиевски случајно се погоди) жената што беше до мене уште пред да родиме ми кажа дека била договорена со него, не кажа колку дебело било пликцето ама и покрај тоа беше многу разочарана дека го барала не го наоѓала, дека џабе му платила незнам зошто поточно, има разни искуства. Моето искуство беше супер со оглед на тоа дека немав ништо испланирано ниту договорено со никој. Плус многу лесен пораѓај имав можеби не сум репер да кажувам дали е добар докторот :lol:
    А сега незнам зошто пак се надевам дека ќе ми се падне тој, не ни знам зошто, најверојатно дека добро поминав минатиот пат иако можеби не беше до него ама сепак, веќе виден доктор некако полесно во главата ќе ми е :wasntme: ама не до толку да би го договарала или плаќала :!:
     
    Последна измена: 7 јули 2026
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    2.434
    Пол:
    Женски
    Знам ама не беше тоа планот, нит ме водеше тој, нит преглед некогаш претходно во бременост ми има направено. Си имав јас докторка таму од втор скрининг што ме следеше, сплет на околности беше кај мене ради ситуацијата, лежев таму секако, мојата докторка беше тие денови слободна, тој дежурен и така ме породи.

    Му дал маж ми пликце утредента кога дошол иако според мене не требало, ептен киксови направи после самата операција. Јас како пациент, не се осеќав сигурно, што за доверба кај доктор ми е најбитно и поминав работи што он можеше само со еден збор да ги спречи.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Moon&me

    Moon&me Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    636
    Секој со своето искуство што да кажам ....

    Мене ме породи исто Илиевски.
    Унапред договорен царски,со пари у рака! Знаевме дека е "митосан"
    Така ни рекоа уште пред да почнам да одам на контроли кај него.
    Поминав океј,немаше некои натегања,нервози и слично.
    Доаѓаше секој ден на одделение да ме види...во глобала не беше лошо.
    Пс ме породи и за второто дете.
     
  12. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.285
    Допаѓања:
    18.067
    Пол:
    Женски
    Зошто давате пликоа и не пријавувате? Придонесувате за нормализирање на нешто што не треба да го има?
     
    На mKdevojce, FriendOfDorothy, Munchmallow20 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    2.434
    Пол:
    Женски
    Пишав погоре, сметам дека тоа не било потребно, маж ми однел утрото по породување додека јас сеуште бев во шок соба без донесен телефон.

    Не знам дали се имаш пораѓано и ако да, каде ама во тие моменти искрено да ти кажам мене ми беше најбитно бебињата да се добри, исто така и јас, последно на што мислиш со хормони до плафон и расечена матка е пријавување.
     
  14. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.285
    Допаѓања:
    18.067
    Пол:
    Женски
    Јас не сум дозволувала да ми наплаќаат за бесплатен ПАП што по закон ме следувал (кога е било случај пред да воведат измени); не сум се породувала за да знам како е, ама со сигурност нема да подмитувам. Патем, тие што работат со мито се знаат уште пред да ги избереш. Во секоја бранша.
     
  15. Moon&me

    Moon&me Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    636
    Затоа што системот не става во таква позиција!
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.285
    Допаѓања:
    18.067
    Пол:
    Женски
    Добро, ама системот е секоја една жена и секој еден маж. Не треба да е оправдување. Системот сме сите ние како индивидуи и сѐ додека го мислиме ова од погоре (дека нѐ става во таква позиција), само полошо ќе станува.
     
  17. Moon&me

    Moon&me Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    636
    Ако вината е само кај поединецот,зошто ни постојат институциите? Не разбирам...
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.285
    Допаѓања:
    18.067
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сфативте скоро сите што сакам да кажам. Системот е ти, јас, уште двете членки погоре итн. Тешко да се отарасиме од системот кој сами си го кроиме.
     
    На An-na, Marijanche33 и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  19. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    2.434
    Пол:
    Женски
    Па не беше избран докторот од моја страна, пишав веќе, ме породи затоа што се погоди дежурен на смена.
    Не е ни подмитен од наша страна, се дава мито пред операција или што и да е, кај мене веќе беше завршено сѐ, маж ми под еуфорија, го почастил, ете така да кажам. Докторот тогаш веќе не ни беше потребен за ништо.

    Нема врска, не сакам да звучи како да се правдам, објаснив што и како се случи во мојата ситуација и ти ја сфаќам поентата, ни јас не поддржувам такви работи, посебно затоа што си плаќав сама здравство уназад неколку години и кога не ми било потребно, апсолутно треба да е сѐ океј кога ќе ни затреба, посебно во такви ситуации кога си најранлива.

    Друга тема ама не е споредливо ПАП и породување, чисто да знаеш :)
     
  20. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Ех на другарка слично и се случи и на крај не ја ни породил он, сто пати ја прашал и неа и маж и дали ќе се пораѓа во негова смена или ќе чека да му заврши смената. Овие не сфатиле одма, а после ги фатило инает зошто да плаќаат ако веќе е он на смена, не го барале нели од дома да дојде, па не дале пари и ја оставил да чека до сабајле. Ја породила докторката што дошла прва смена и тоа одма сабајлето.
     
    Последна измена: 13 јули 2026
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.